Минатиот ден се пишуваше за " дефростите " - одмрзнувањето на Н.Е. - надворешна единица на АМБЕР НОРДИК.
Споделија лично искуство, дека прави одмрзнување на секои 40 мин. без разлика колку мраз има наталожено на разменувачот од надворешната.
Други членови пишаа - лично искуство, дека кај нив не прави така, дури и овој период - навечер околу 0 степени, не правела воопшто или само по еднаш двапати.
Бидејки вакви информации, кои се важни, посебно за некој корисници, за жал нема кој стручно проверено да ни ги објасни, пред се мислам на одговорните за продажба на овој модел, би размислил на глас.
Дали постојат два различни модела на Амбер Нордик, или условите на надворешната средина и начинот на работа го предизвикува ова различно однесување на идентичен модел.
Знаеме дека ако ја наместиме климата да работи со максимална снага - кога ја пуштаме после неколку часовно неработење, или зададеме наеднаш да ја зголеми температурата повеќе од 3-4 степени, дека тогаш најчесто ќе замрне разменувачот на надворешната.