затоа и постирав споредба на тие две клими за да се види дека модело на HAIER во се е подобар од моделот на TOSHIBA.
споредбата на клими со возила не оди.
возилата имаат многу делови за да бидат цели.во климите има многу помалку делови во кои нема некоја голема разлика во квалитетот.софтверот можеби да,има разлика.но и да има разлика во деловите сигурно е мала,занемарлива која нијанса би влијалела на нешто...
Златко еве со оваа споредба точно е дека се плаќа повеќе за името,за брендот,за цела таа пропаганда која кошта многу.
ама и овој модел на Хаиер е еден од најдобрите и сигурно нема да ставаат лоши неквалитетни делови туку впрочем ќе ставаат најдобри,најквалитетни делови.
незнам зошто
@Strelec избегава да коментира за споредбава,па макар не се работи за Грее модел.
вака сега би бил нај неутрален( непристрасен) со коментари
Moже не може човекот на секоја дискусија да одговара, прво може не му е интересна, второ дефинитивно не му е од интерес освен ако не предложи некој трет модел знаеш од кој бренд. Еве малце да го надразниме
За да споредиш два модели доволно детално за да кажеш дека едниот е подобар од другиот, и да наведеш факти поради што ете така тврдш и притоа да останеш непристрасен, верувај треба да потрошиш значителна количина на време. Дополнително ако тие два модели се од различни производители оди пробај најди сервисни упатства и брошури од компресорите кои ги носат каде можеш да најдеш валидни информации.
Верувај.... Been there, done that!
Пишав еден пост пред недела дена на другиот форум на it.mk каде споредував два модели од ист производител (претходник и наследник) ем споредував само компресори...
Првично сакав да споредам два врвни модели од различни производители меѓу кои се двоумев кој да го купам, ама за жал за вториот бренд не успеав да најдам доволно информации за компресорот, нити пак добро ривју за уредот со слики и видеа каде можев да видам што би купил пред да купам.
Такво ниво на информираност не можеш да добиеш онака на форум со едно постче во кое ќе пишеш 2 реченици.
На форумот можеш да побараш помош да.... ама не очекувај се на тацна.
Ако добиеш се на тацна, значи некој седнал и ја загреал убаво столицата.
Ако ти фаќа умот и не ти се брза, земи седни прочитај сам, проучи ја малку проблематиката, помош побарај тука, објаснување, сервисни упатства, брошури ако некој може да најде побрзо и полесно од тебе... пошто за голем дел од брендовите или воопшто нема објавено или е тешко да се најдат по интернетов. Која би била причината на пример да не можеш да најдеш брошура со спецификации за компресорот кој го носи моделот на климата која сакаш да ја купиш?
После тоа преслушај се уште еднаш дал уште мислиш дека купуваш само лепенка кај познат бренд.
И на крај купи тоа што ти ќе одлучиш... па ако згрешиш сам ќе си караш мајката, а не на цацко што те убедил на некој форум.
А ако праиме муабет за пропаганда, можеш да се потсетиш на еден моментално актуелен кинески бренд кога се појави на пазаров со клими какви цени имаше и каков глас го биеше додека постепено не се проширија.... и после некоја година како нивниот врвен модел од 5kw беше поскап од врвните модели од 5kw од СИТЕ останати брендови да не ги редам сеа тука....