Не знам каков простор планираш да грееш, изолиран или не, во куќа со ладни ѕидови до простории кои не се греат, или во зграда со комшии од три страни кои греат, зграда во која можеби поминуваат цевки на БЕГ од исклучено парно .... столараијата стара или нова PVC со термопан сезонски стакла... подот меѓуспрат или приземје врз гаражи дел простор подруми, таванот каков е ... и тн и тн! Во Гевгелија на 50км од топло море или во Крушево Берово со доста пониски просечни температури во зимите од просекот во МКД ... сето има значение верувај! Но вака од прва ќе ти кажам дека прво кога бараш мислење од некој кој има искуство со овие клими!? Имај на ум дека со АЕРИ има доста - на темава десетина членови со повеќегодишно искуство, со Фери нема или има 1-2ца со една или пола сезона ...
И на крајот 37м2 не е за греење со кинеска 3,5ка во тој буџет! На -7*С овие клими што ги спомна тешко ќе ти загреат квалитетно простор од 37м2! Тие клими на -7*С даваат 2,8-3kW a според формулата 1kW = 10m2 (максим).... нема да бидеш згреан во најстудениот период ... или ако си спремен да направиш компромис, те да догреваш со некој панел конвектор, маслен радијатор.... 2 недели во грејната сезона, тогаш ОК.
За 37 квадрати размислувај за кинеска 5,5ка (Фери АЕРИ Тундра, Тосот) сеедно...од нив на -7 можеш да очекуваш испорачани CCA 4,2-4,5kW...