мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.070
- Поени од реакции
- 23.520
Новите верзии на рустикот ги немам видено, а старите си останаа исти со мали естетски модификации веќе 40 години. Имаш и турска верзија која беше за неколку иљадарки поефтина.@мкд владе исто како и Сас и мене ми е ова секундарна опција. Некогаш за кеиф да запалам оган или ако снема струја. Така да не е страшно ако не одберам нешто идеално од аспект на материјалот.
Зошто гус?
Зошто да не? Не ми смета малку термална инерција (колку што разбрав само тоа и тежината се негативности). Плус можам да го земам со одреден попуст.
Но кога ќе поминувам од таму ќе гледам да сликам од внатре и да видам точно дали има секундарна комора за согорување (со свој довод за воздух).
Од тој аспект поисплатлив ми е Рустикот од Алфа Плам. Не само што новите верзии на Рустикот се од лим наместо од гус како порано, туку верзијата со фабрички вграден котел за парно кошта само 100евра повеќе.
Ти во други постови имаше кажано дека не го сакаш Рустикот пошто е гусан и премногу тежок, и нешто кажа дека не е ефикасен во потрошувачката?
За ефикасноста доволно зборува фактот дека е од на дедо нео времето, од времињата кога дрвата беа ефтини, кога на никој не му беше гајле колку троши и колку чади и најважно од се му остана името демек ептен убав и незнам што.
За тие пари што ке ги дадеш за овој камин ( мислам дека беа околу 22000 23000) ке најдеш измислен обичен камин ( не гусен) кој и по ефикасност и по естетика е неколку нивоа над рустикот. Исто имаш обични камини со вграден котел така да и тоа не му е некоја предност.
А дека ке го гледаш огнот додека гори во рустикот јас не би се кладел баш. Можеби откога ке го исчистиш и така неколку минути додека го палиш, после тешко. И не заборавај дека излезот на рустикот не е стандард ( 120 мм) и дека со него оди редуктор кој колку и да ви кажат и убедуваат дека нема врска битно влијае на снагата и ефикасноста.
И веќе ако си се решил за гусен подобро земи нешто од славонска пожега само не франклин, ете амитито е добар избор. Е сега нема барем јас колку што сум запознаен модел со вграден котел.
Ако земаш обичен разгледај ги од складова техника, имаја одлични и квалитетни камини. Исто и од прити само што нив лимот мислам дека им е малце потенок. И запазиги оние параметри кои претходно ги наброив и немаш гајле.