За вакви „маслени“ панели и слично, многу е важно да имаат некаков тајмер за да се палат во 22ч, и да се исклучуваат во 07ч изутрина. И евентуално да се палат во 14часот и да се гасат во 16 часот. Со термостат поставен да одржува 21-22Ц во собата може да се релативно пристојни. Истото важи и за електрични котли на струја и слично. Еве јас имам котел со 3 греачи, и на едниот од 8KW би му ставил тајмер да се пали само 22-07 и 14-16 со температура на повратна вода од 55Ц, а другите од 16KW да се постојано вклучени 24/7 но со температура на вода од 30Ц. И на секој радијатор да има термовентили поставени на 23Ц, и на подното околу 25Ц повратна вода.
Вака колку толку може да се овозможи некое пристојно загревање со парно, а да не кошта милијарда евра.
3.2KW со 0 испомош, а 3.4KW со дополнително грејно тело од 0.5KW. Барем јас така го разбирам напишаново. Ако успее да даде 3.2KW на -7 за 18000 денари, тоа е фантастичен резултат. Мене ми личи дека е премногу добро за да е возможно, ама ете веќе неколку години го дискутираме тоа тука на форумов, а нема некој земено за да потврди дали толку добро грее таа клима ТST 12 (Gree Lomo Eco)