Топлинските Пумпи-ТП ај да неречам се во мода но побарувачката е зголемена последниве 2 години.
Чисто информативно ке кажам дека постои можност за субвенција за овој начин на греење/ладење за оние што незнаат дека постои таква можност.
За ТП
GEFF доделува до 20% поврат на средствата кои се зимаат преку кредит од пар банки (мислам дека се две банки), едната знам дека дава кредит со рок на отплата до 8год. Или тоа би значело дека за пумпа од 4000евра со 20% поврат би коштала 3200евра и ратата на 8год би изнесувала некои 30евра месечно. Ова паушално го пресметав најубаво да си прашате по банките кои соработиваат со ГЕФФ.
Но треба да се знае, дека за да се добие поврат на 20% од инвестицијата Топлинската Пумпа мора да исполни критериум за
SCOP од најмалку 4,3, или кратко кажано ако ТП ја немаат објавено на сајтот на ГЕФФ нема да добиете поврат на 20% бидејки првин се аплицира во ГЕФФ за ТП која мора ги задоволува критериумите.
Инаку SCOPот да не се лажеме е највисок кога системот е димензиоран да работи нискотемпературно, или да бидам појасен во режим 35/30 (35полаз на вода и 30 поврат) што се постигнува наједноставно со топловодно-подно греење, потешко се постигнува со фенкојлери на 45/40 и најтешко со радијатори кои за да работат во режим 35/30 или 45/40 и постојните радијатори тогаш мора да се зголемат(било по број на ребра било должински ако се панелни).
За овој тип на греење можеме и треба да дискутираме на долго и широко и за ова предлагам посебна тема да се отвори за да може побрзо да се дојде до информации и разјаснат првин основните појмови за топловодното греење, бидејки инвестицијата како за овој тип на греење така и за секој друг тип на греење не е мала, но сепак не е ни толку голема како што се мисли, па посебно споредено со комфорот што се добива со греењето на ТП.