Да го парафразирам
@Kandilce “Колку пари,толку музика”! Ова е правило не само кај климите,туку кај сите производи за масовна потрошувачка.
Точно дека има 3.5ки што на -15 ќе испорачаат 3.5кв топлина,ама ја незнам ниедна што кошта испод 50-60 000ден.Сите испод тој ценовен ранг се всушност 2.5ки на греење,и дали една дава 2.3кв,друга 2.4кв,трета 2.5кв... муабетот е “не по тил,по шија”.
Е сега и меѓу нив цена од 350€ до 1000€! Некој ќе плати име(иако не се согласувам дека по дифолт тоа значи и квалитет),некој ќе плати за хоризонтални перки,некој за незнам какви филтри или можеби дизајн.Џабе дискутираме за индивидуален избор.Битно сите се 2.5ки во основа.