Најекономично греење и ладење

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.236
Поени од реакции
351
Мојава покажува грешка Н11, панасоник инвертер. Некој брз фикс има за ова или да викам сервис?
Трепка Timer.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.971
Поени од реакции
11.272
Ќе сака ли некој да напише споредба во цена помеѓу парно на гас и парно на струја. Да кажеме колку би била месечна сметка за дом од 100м2 со добра изолација? Колку би била почетната инвестиција, цена на котел, и било кои информации што би биле полезни може да споделите.
За цената на парното не би знаел да кажам,ама тоа исклучиво со топлификација да си провериш(цена,приклучок).

За сопствена инсталација,ако не претеруваме со незнам какви алуминиумски ребра и бакарни цефки,туку одиш со панелни радијатори(турските Пекпан многу ги фалат) и алупласт цефки... рачунај на ~1000€ само за инсталација.Ако се одлучиш за поскапата варијанта,до 2000€ макс ќе те фати.
Стај и котел со експанзионен сад и пумпа(се во едно е подобро и заштедуваш на простор,колку еден бојлер се на се фаќа)... околу 500€ и тоа е тоа.

Е сега тебе те интересира сметката,а тоа на алаш-вериш тука тешко некој ќе ти каже!
Ориентационо само: колку сака нека биде добра изолацијата,куќа е во старт,и не е правена по стандарди на еко или пасивна куќа(моја претпоставка).Стај потреба-загуба од 100w на м2 и автоматски ти испаѓа потрошња од {10kw/h x (11x2.7)+(13x5.5)}=1200ден дневно.
Примерот е реално “ворст кејс сценарио” во однос на внатрешна-надворешна температура и 24 часовно одржување.Ако не го палиш кога си на работа,или е потопло времето па ќе намалиш температура...како и да рачунаш,испод 300€ не си.

Упс:сега гледам за парно на гас прашуваш?!
Заебано е тоа ич не го гледај!Прво и ако има,самиот приклучок е скап,второ цената на гасот е висока,трето јас котел на гас не би ставил дома освен ако немам посебна просторија-котлара.
Метар кубен кошта околу 35ден а има калорична моќ од некој 11kw,котлите нз со која ефикасност работат.Ич да не рачунам не ја ни гледај таа опција.
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Оти така за парното на гас?
Ете во Русија, котлите се малку поголеми од нашите електрични котлиња, да речеме како 50 литарски бојлер највеќе.
Мојата тешта, се грее веќе 15 години со таков котел, пред тоа другиот издржал 25 години и што е најчудно стои во кујната :).
И јас на почетокот имав такво мислење за парното на гас ама кога видов дека е стандард во цела земја, навикнав;).
Е сега кај нас ако не си во тие 0,01% среќници кои по некој случај имаат приклучок на гас, да се грееш на боци е скапичко малку.
Не е наодмет некој што има парно на нафта да даде пресметка, реално колку троши, после може да се направи аналогија за плин!
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.963
Поени од реакции
8.173
Мојава покажува грешка Н11, панасоник инвертер. Некој брз фикс има за ова или да викам сервис?
Трепка Timer.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
H11. Indoor/outdoor abnormal communication.

Изгубена е комуникација помеѓу внатрешната и надворешната единица. Провери каблите дали се поврзани, да не се изместени, откачени и слично, пробај исклучи од струја и вклучи, доколку не се реши викај сервис!
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.236
Поени од реакции
351
H11. Indoor/outdoor abnormal communication.

Изгубена е комуникација помеѓу внатрешната и надворешната единица. Провери каблите дали се поврзани, да не се изместени, откачени и слично, пробај исклучи од струја и вклучи, доколку не се реши викај сервис!
Ќе дојдат утре ќе проверат. Се надевам не е плочка.
Климава 3 месеци работеше, евентуално ако се откачила/изгубила контакт некоја.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.971
Поени од реакции
11.272
Оти така за парното на гас?
Ете во Русија, котлите се малку поголеми од нашите електрични котлиња, да речеме како 50 литарски бојлер највеќе.
Мојата тешта, се грее веќе 15 години со таков котел, пред тоа другиот издржал 25 години и што е најчудно стои во кујната :).
И јас на почетокот имав такво мислење за парното на гас ама кога видов дека е стандард во цела земја, навикнав;).
Е сега кај нас ако не си во тие 0,01% среќници кои по некој случај имаат приклучок на гас, да се грееш на боци е скапичко малку.
Не е наодмет некој што има парно на нафта да даде пресметка, реално колку троши, после може да се направи аналогија за плин!
Не не,погрешно сме сфати.Немам ништо против парното на гас,таман работа.Само сум реален во проценката,кај нас(а и во соседството) поради геополитичката ситуација и икс други(бизнис/корпорациски политики) имаме скап гас,а ефтина струја.Русија е сосем друго,европа исто...таму струјата е поскапа од гасот значително па нормално сите се на гас дури и за готвење не па за греење.
Читав на српски форум(или босански беше небитно) луѓето масовно се откажуваат од гасот и бегаат на пелети,за 50% поефтино било.

Еве една проста математика:
(За 240kw/24h топлинска енергија)
1.Струја-1200ден
2.Природен гас(метан)-900ден*
3.Пелети-700ден**
4.нафта за домаќинство-960ден*(отприлика)

*приближна вредност (незнам многу параметри)
**заокружив поголема вредност (поблиску е до 600ден,а кога котелот модулира т.е. намалува моќност му се зголемува ефикасноста за разлика од нафтата и гасот)
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
На 3 е кај мене поставена. Од можни 4.

Гас кај нас ќе е страшно неисплатливо за греење. Слично со котел на струја ќе биде ама плус приклучок, копање, мирис, триста работи.

Не сме ние со транзитен гасовод за да е ефтино. Нели затоа и беше тепањево последниве 3 години, за да не пројде преку нас гасот.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Транзитен гасовод низ МКД беше само во нечии политички пропаганди и фантазмагории, кратко време актуелен како опција, кога Бугарија го одби... (а замисли перверзија Бг го одби а ние и Гр ќе го прифатевме, абе смешки у боја! :pos:) ... инаку 90% мапи си беа со најисплатливата (најевтина) и најлогична траса која одеше преку Турција во Бг, па кај Пирот во Ср и натаму низ Европа...
Но и доколку имаме снабдување со гас од примарна мрежа, пак ќе беше скап за граѓаните, особено за греењето... погледни го северниот сосед кој има примарно снабдување (гасовод преку Унгарија) ... одамна имаат и гасоводна мрежа се до Ниш. испобегаа од гасот за греење од 2011та навака се откажаа најголемиот број од она нивно даљинско грејање (на гас) од топланите на Србијагас, или од она класично индивудуанно парно со котел на гас... Зошто кога имаат примарна мрежа те гасовод? Од истите причини кои ги кажа и ти и некој друг погоре.. прескапо, башка што смрди и што е потенцијална опасност... скапо е! Земниот гас е берзанска стока, затоа неможеш да градиш стратегија за развој на гас (особено со вака кревка индустрија како нашата)... од друга страна со “Северниот“ да се направеше и овој “Јужниот“... Европа во 60-70% ќе зависеше од еден снабдувач, а тоа е класичен монопол!... знаеш ли каква е цената кога имаш монопол? ИЗГОР! Тоа е причината зошто нема да се гради те ќе застане до Тр гасоводот.... Малку геополитика!
Затоа 10 пати ќе беше покорисно во МКД наместо во гасификација на градовите (која ќе кошта стотици милиони Евра) да ги направевме ХЕЦ Чебрен и Галиште... со што државава ќе станеше енергетски независна. Но најверојатно за ХЕЦ помали се провизиите... !? Гасот е само мит со вака мала индустрија... а за греење, ич да не праиме муабет!
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559

Тој е истиот гасовод што владата го одби да помине кај нас мислам беше пред 5-6г секоја година че ни даваа 200м само да поминува кај нас ? или друг гасовод зборувате
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
У право е @ Dr.Zmigo секаде кај што е монопол ММЕ, за србите не се сеќавам нешто ама за босанците следев, како се жалеа и како им опнаа цени поскапо од на германците.
Можам да замислам колку би не коштал нас гасот:mad:, на овие наши зинати газди:pistoldz:
 
Член од
25 март 2013
Мислења
235
Поени од реакции
141
Здраво пријатели
Сакав да ја пофалам Даикин Сенсирата. Одлично грее и немаше проблем ниту се осети разлика во греењето на дури -15,-16 степени.
Си тера без никакви проблеми. :)
Едонствено нешто што ми смета и што не ми го решија проблемот МОНТЕРИТЕ е тоа што надворешната единица ми го прави лом цел балкон и покрај тоа што го извадив цревото и ставив кофа за да си тече во неа.
Но не е тука проблемот до климата туку до мајсторите сто не ја нивелираја убаво надворешната единица и што ги ставија тие ГЛУПИ СТАНДАРДНИ ДРЖАЧИ што се навалија нанапред кога ја ставија машината.
Кој сака може да си дојде бесплатно на лизгалиште кај мене на балкон :mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom