Мислам дека претходно е веќе се кажано и за пелетите и за камините на пелети и за камините на дрва.
Ретко кој ке најдеш што има било каков камин дома дека ке се пожали од него, но реалноста обично не е толку розова.
За рустикот се фалат дека грееле цели куќи, да но има куќи и куќи. Тој на глава нека застани повеќе од 60-70 квадрати нема да загрее па незнам што да биди( без разлика дали е со котел или не, снагата е таа).
За квадраттурата која се спомува од некои 120- 130 квадрати има камини на дрва со стакло напред, но тоа морам да напоменам е максимумот кој еден камин може да го постигне. За повеќе треба котел за парно. Сега не сум во тек многу многу со моделите но мислам дека Дипломат 21 ке ти брка работа.
Најверојтано има и други модели сега излезено, но овој баш за таа квадратура се покажа како доста солиден. Инаку ке бараш со номинална снага од околу 18 до 21 киловат, или за полесно еден киловат ти е 7 квадрати, па колку ке загреваш подели со 7 и ке имаш отприлика ориентација колкава снага ке ти треба од каминот.
За цепењето и складирањето на дрвата незнам што толку сте се уплашиле. Еден до два дена работа во цела година е. Е сега дека се прави ѓубре , се прави но сите убајни наеднаш нема.
За котлите и печките на пелети е друга приказна, ама на мислење сум дека за домашни услови се се уште скапи. Згора на тоа и одржувањето не е баш како на рекламите, така да и тоа ако се земи во предвид не е баш добар избор.Плус квалитетот на пелетите, нивното чување( треба да се пази од влага) па и нивната цена која е берзанска( што значи нема да се намали за скоро, напротив) уште повеќе оди во нивна штета.За во деловен објект каде се грее на индустриска струја се повеќе од исплатливи, но за дома мој совет е НЕ.
И да има котли на пелети кои можат да работат и на дрва и на пелети но беа поприлично скапи.
Струјата која ја трошат печките на пелети е занемарлива. Најповеќе трошат кога се пали грејачот кој ги пали пелетите но тоа е само додека се запали, значи ако е се во ред околу 15 мин. Другото оди на вентилаторите, што значи занемарливо.
Некој спомна акомулатор на топлина. Тоа би требало да го има скоро секој систем на парно греење затоа што порамномерно се искористува енергијата која ја дава грејното тело, но искрено колку е скапа иневстицијата неможам да кажам, на нет сигурно ке најдите сликовите како е поврзана и што конкретно прави и кои се придобивките од неа. Во глобала тоа е добро изолиран сад полн со вода каде се скалдира вишокот на топлинска енергија за да се искористи покасно. Идејата е да грејното тело работи со максимална ефикасност што нормално ке резултира со вишок на топлина кој ако го немаме тој акомулатор ке замини неискористена или ке треба да го гушиме грејното тело со што му ја намалуваме ефикасноста која резултира со зголемени трошоци за греење.
За друго прашајте поконкретно, ке пробам да ви одгвоорам секако доколку сум запознаен со проблематиката