superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Сакаш да кажеш дека веќе го имаш Рустик, ама варијантата без котел?
Можеби ова ќе ти се види интересно:
http://www.samsvojmajstor.com/porta...matizacije/alfa-kamin-rustik-prepravka?page=1
За препорака не знам што да ти кажам, јас го привршувам спратот и засега имам само поставено во кошулицата цевки за централно греење. Ставив Херц алупласт цевки, многумина тврдеа дека турските алупласт цевки се квалитетни ама не ми даваше мир помислата да не ставам во подот најквалитетни цевки... кој ќе се заебава после ако има проблеми -вадење паркет/ламинат и кршење кошулица... итн.
Мајсторот (кај мене дојде со чирак за да заврши побрзо работа) што ми ги местеше цевките е добар, него можам да ти го препорачам но не знам дали би се нафатил да дојде во Штип. Зависи и што ти треба, ако ставаш инсталација на цевките на ѕид и не знам како, не знам колку има искуство човекот со такви работи. Пиши ми ПП ако сакаш, ќе го најдам некаде телефонот од момакот па направете си муабет.
Да... без котел.
Не ги разбирам многу стручните поими затоа и ги мешам, но моето парно ќе со ѕидни радијатори, предпостаувам кога споменуваш кошулици тоа се однесува на подно греење или такво нешто.
Кај мене нема простор за тоа. Ќе се буши низ ѕидови и че се спорведува инсталација за ѕидни радијатори.
За мајсторот ....ќе видиме сега најдов еден број од човек (многуфален) од Пробиштип.... па ќе видам и со него.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 13:58 ---
Кажи искуства, имаше проблеми некои?
Добро влече со стандарден оџак? Треба дрвата на многу ситно да се цепат или собира и крупни дрва? На колку време додаваш дрва, итн, итн...
Гледам на форуми се шегуваат дека на жарот има доволно простор за скара правење...![]()
Сега почна да чури. Но тоа е веќе од старост.
Треба само да се разглоби целото и има еден лепак кој издржува енормна температура, па со него се премачкуваат спојките и готово.
Што значи може да врши работа уште толку.
Но не сум во план тоа да го правам, затоа што планирам да го продадам.
Инаку дрво долго до 40 см, со пречник околу 25 собира без мака.
Јас цепам мал процент од вкупните дрва и тие ги користам при распалувањето.... потоа цели кутуци и немам мака.
Зависи од дрвата.... ама добри дабови дрва би требало да те скорнуваат од кревет на секои 2-3 саата за ложење.
И да... со него имам монтажна гусена решетка која се монтира внатре на огништето кое се користи како скара!

--- надополнето: 31 мај 2013 во 14:03 ---
Мислам дека претходно е веќе се кажано и за пелетите и за камините на пелети и за камините на дрва.
Ретко кој ке најдеш што има било каков камин дома дека ке се пожали од него, но реалноста обично не е толку розова.
За рустикот се фалат дека грееле цели куќи, да но има куќи и куќи. Тој на глава нека застани повеќе од 60-70 квадрати нема да загрее па незнам што да биди( без разлика дали е со котел или не, снагата е таа).
За квадраттурата која се спомува од некои 120- 130 квадрати има камини на дрва со стакло напред, но тоа морам да напоменам е максимумот кој еден камин може да го постигне. За повеќе треба котел за парно. Сега не сум во тек многу многу со моделите но мислам дека Дипломат 21 ке ти брка работа.
![]()
Најверојтано има и други модели сега излезено, но овој баш за таа квадратура се покажа како доста солиден. Инаку ке бараш со номинална снага од околу 18 до 21 киловат, или за полесно еден киловат ти е 7 квадрати, па колку ке загреваш подели со 7 и ке имаш отприлика ориентација колкава снага ке ти треба од каминот.
За цепењето и складирањето на дрвата незнам што толку сте се уплашиле. Еден до два дена работа во цела година е. Е сега дека се прави ѓубре , се прави но сите убајни наеднаш нема.
За котлите и печките на пелети е друга приказна, ама на мислење сум дека за домашни услови се се уште скапи. Згора на тоа и одржувањето не е баш како на рекламите, така да и тоа ако се земи во предвид не е баш добар избор.Плус квалитетот на пелетите, нивното чување( треба да се пази од влага) па и нивната цена која е берзанска( што значи нема да се намали за скоро, напротив) уште повеќе оди во нивна штета.За во деловен објект каде се грее на индустриска струја се повеќе од исплатливи, но за дома мој совет е НЕ.
И да има котли на пелети кои можат да работат и на дрва и на пелети но беа поприлично скапи.
Струјата која ја трошат печките на пелети е занемарлива. Најповеќе трошат кога се пали грејачот кој ги пали пелетите но тоа е само додека се запали, значи ако е се во ред околу 15 мин. Другото оди на вентилаторите, што значи занемарливо.
Некој спомна акомулатор на топлина. Тоа би требало да го има скоро секој систем на парно греење затоа што порамномерно се искористува енергијата која ја дава грејното тело, но искрено колку е скапа иневстицијата неможам да кажам, на нет сигурно ке најдите сликовите како е поврзана и што конкретно прави и кои се придобивките од неа. Во глобала тоа е добро изолиран сад полн со вода каде се скалдира вишокот на топлинска енергија за да се искористи покасно. Идејата е да грејното тело работи со максимална ефикасност што нормално ке резултира со вишок на топлина кој ако го немаме тој акомулатор ке замини неискористена или ке треба да го гушиме грејното тело со што му ја намалуваме ефикасноста која резултира со зголемени трошоци за греење.
За друго прашајте поконкретно, ке пробам да ви одгвоорам секако доколку сум запознаен со проблематиката
Владе... не си ме разбрал добро....или обратно.
Камин 24кW ми треба за парно..... не за една просторија.
Дневната просторија ми е одприлика 50-60 квадрати, така да планирам постојниот камин кој што планирам да го земам (кога ќе одлучам кој) да ми ја грее таа површина заедно со некој радијатор.
Па од таму да се разгранува инсталацијата, цефките за радијаторите по другите соби и надолу во други две собчиња кои ќе бидат за старите

Оваа ламја како шо ја гледам е за отворена површина од некои 80 до 100 квадрати без парно.
Башка оваа еден рака дрва би собрала на едно ложење.
