A kako se presmetuva COP moze li nekoj da dade informacii? Formula ili slicno (presmetkata bi bila orientaciona sekako)
Vivax inveter 252W na vlez 24.9 na izlez 33.8 stepeni - brzina sredna, nadvor okolu 11 (Prilep)
(m3/h) x (1.2) x (delta t) / 3600 = киловати топлина што ја дава климата во моментот.
Резултатот се дели со моменталната потрошувашка и се добива COP.
- m3/h е количината на воздух според брзината на издувот (види спецификации за конкретниот модел.
- 1,2 е средна вредност на тежина/густината на воздухот (1,2 кг/м3).
- делта Т е разликата меѓу температурата на издув и усис (затоа се потребни два термометри).
- 3600 се секунди во еден час.
За да се добијат колку толку валидни резултати, филтрите и внатрешниот изменувач треба да бидат чисти, но и тоа не е гаранција дека издувот ќе кореспондира со спецификацијата на производителот.