Најекономично греење и ладење

Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
да не си грешка нешто со сликава, сомнежот ми е основан заради тоа што на ранг листата нит за 4-5KW нит за 3-4KW ги нема No.1 климите во свет (името нарочно не го спомнувам, сите го знаеме)
Како ги нема, воа се GREE


Барем така ќе ви кажат.



Sent from my iPhone X using Tapatalk
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.988
Поени од реакции
8.284
Мене ме интересира дали ги користите дополнителните функции на климите како што се healthy air, некои такви слични, дали треба да се користат долго време, дали климата троши повеќе доколку се вклучени дополнителни опции...
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Мене ми е упалено тоа за електростатско утепување на ствари откога е купена.
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Prva sezona ke mi e ovaa na inverter klimi, lani ja promashiv za nalku, taka da nemam mnogu iskustvo, ama so zena mi koga i da shetame nekade, i ke vidime lugje kaj sho cepat, sechat, skladiraat drva, vikame na glas "abe ojte kupete si klimi, ne se kichmite za dzabe". I posle toa si vikame megju nas dvajca " ili to ili ke ni pozajmuvate vie nas drva da se dozgrejme."

Vo odnos na toa kolku e lesno so klimi, nema shto da se pravi muabet, stiskas edno dugme i imas greenje/ladenje, a za celosno iskustvo ke mora da pochekam da vidam kako ke pominam.
P.S. ne im vikame direktno niv, nego megju nasvaka na glas si komentirame
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Леле дај боже!
И без никакви интервенции и мерки, граѓаните во Македонија ги менуваат потрошувачките навики и свеста за загадувањето и на помалку од месец дена пред почетокот на грејната сезона се повеќе од греење на дрва се преориентираат на купување на инвертер клима-уреди.

- Оваа година ќе купам само еден уред, а од другата можеби уште еден. Со години се греам на дрва и веќе гледам дека времето е дојдено да се замени овој начин на затоплување, затоа што создава многу обврски и има многу слабоасти, а од друга страна конечно има технологија која заштедува колку-толку на мсетките за струја во зимските месеци. Иако сум слаб со приходи, повеќе не можам да сечам летви, да распалувам во ладна просторија, да го чистам пепелот и да складирам постојано - вели Миле Ј. од скопската населба Бутел 2.

Увозниците тврдат дека оваа година има особено голем интерес пред почетокот на грејната сезона.

- Греењето на овие клима-уреди е исплатливо како никогаш досега, а најмногу се купуваат во септември, октомври и ноември. Не е потребно догрејување со друг потрошувач и добро работат и на -25 степени. Имаат решение за сите ситуации. На пример, за повеќе соби може да се купи мултисплит, односно една надворешна со повеќе внатрешни, или пак да ја вклучувате да грее уште од надвор додека се враќате од работа. Каминот е веќе обврска кој секој сака да се ослободи, а на овој начин, според наши пресметки, целосната сметка за струја во зимските месеци и била околу 5.000 денари. Инаку, за купување, кај нас цените во зависност од моделот, се движат од 20.000 до 50.000 денари - вели увозникот.на популарните кинески модели Gree.

Во главниот град, кој секоја доцна есен и зима се бори со екстремно загадување, откажана е првичната намера за воведување на мерка за субвенционирање на инвертери и наместо тоа средствата се пренаменија за чистење на оџаци.

- Знаеме дека тоа уште повеќе ќе го поттикне купувањето и ќе го намали загадувањето, но со ребалансот на буџетот повеќе не е предвидена таква мерка, а така ќе биде и во октомври. Ние не се откажуваме од мерката, која е добра идеја, но може да се реализира од следната грејна сезона. Засега против загадувањето ќе се бориме со субвенции за пелети и велосипеди и чистење на оџаци - вели портпаролот Влатко Васиљ.

Во моментов инвертер климите прераснаа во најсериозно решение за греење на струја. Поточно речено, употребата на клима уред инвертер, можеби е и единствена опција која е исплатлива за греење на струја. Клима уредите со енергетска класа “A”, како и сите електрични уреди, можат да постигнат значајни заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Благодарение на работата на моторот на принцип на кои работат топлинските пумпи, овозможува голема ефикасност и повеќе топлина во однос на потрошената струја.

Во меѓувреме и од БЕГ потврдија дека префрлањето на парно греење на сите домаќинства во Град Скопје, со цел да се намали екстремната загаденост на воздухот преку целата година не е можно. Според нивните анализите, греењето на дрва е најголем загадувач на воздухот и затоа од оваа компанија, во емисијата Економски магазин предложија државата и градските власти да субвенционираат набавка на инвертори.

„Ние направивме анализа, дека со масовна имплементација на инверторски системи кои што се најевтино решение во моментов, дека може релативно брзо и со комбинација на гас, да се реши загадувањето. Со 40 милиони евра, 30 илјади куќи може да се направат со инвертер, заедно со околните скопски населби и да се реши комплетно загадувањето во Градот Скопје“, рече Димитар Кочовски, директор на БЕГ.

Кочовски истакна дека 30-те илјади инвертори ќе трошат малку електрична енергија и дека се најефтини за семејниот буџет.

Александар Кузмановски
Со среќа Миле Ј од Бутел!!! Фала ти што не спаси.

Изгасиле субвенции за инвертери, дале за очаџи. Фалус да му се исуши на тој што ја смисли оваа идиотска работа. Да дише оџак цел живот он, и децата негови.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
За 99% случаи е најефикасно и најефтино.

И милијарда пати подобро и поздраво од труење со дрва.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ova se odnesuva i na industriska struja,ili pravime muabet samo za domasni uslovi???
Ако ти е за загревање канцеларии ДА! Погледни само со што се загреваат повеќето банки, пошти, канцеларии на разноразни преставништва, сметководствени или архитектонски бироа, па кладиони или маркети ... и тн. Сето или најголемиот број со инвертери!
Во над 95% од зимата (каква и да е) верувај и наједноставните (Aux, Galantz, Quart, Neo-meo) инвертери и во вака големи простории работат со COP 3 (верувам знаеш што значи тоа!?) додека индустриската струја ако не се лажам е двапати поскапа од онаа за домаќинствата (6,5Ден Х 2 !?) Такда да.... ДА! Дефинитивно инвертер (или повеќе инвертери) но за тоа како и колку, што значи правилно димензионирање и распределување на греењето... барај понуда од професионална компанија за загревање, сепак за големи простории се работи и за доста луѓе што во нив работат.
Секако распрашај се и за греење со котел на пелети со инсталација... иако мислам дека би било поскапо! И како инвестиција и како тековен трошок понатаму...
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ако ти е за загревање канцеларии ДА! Погледни само со што се загреваат повеќето банки, пошти, канцеларии на разноразни преставништва, сметководствени или архитектонски бироа, па кладиони или маркети ... и тн. Сето или најголемиот број со инвертери!
Во над 95% од зимата (каква и да е) верувај и наједноставните (Aux, Galantz, Quart, Neo-meo) инвертери и во вака големи простории работат со COP 3 (верувам знаеш што значи тоа!?) додека индустриската струја ако не се лажам е двапати поскапа од онаа за домаќинствата (6,5Ден Х 2 !?) Такда да.... ДА! Дефинитивно инвертер (или повеќе инвертери) но за тоа како и колку, што значи правилно димензионирање и распределување на греењето... барај понуда од професионална компанија за загревање, сепак за големи простории се работи и за доста луѓе што во нив работат.
Секако распрашај се и за греење со котел на пелети со инсталација... иако мислам дека би било поскапо! И како инвестиција и како тековен трошок понатаму...
Дека инвертер е најисплативо, па дури и со индустриска струја јасно е. Проблемот е што нашиве дистрибутери и монтери уво не ги боли да видат, држи ли вода системот што ќе го продадат.
На фирма до мене и инсталираа Даикин со тавански модули, ти реков ми рече. 300 м2 одоздола гаража. Смрзнаа како пи*** ,лани на таа зима. После си земаа го изолираа таванот на гаражите под нив со 10 ка стиропор.
Така да околу професионалноста кај нас, со длабока резерва, ќе ве моља:D
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Важно е дека завршиле работа на крајот. И сега ќе се греат како што треба и по цена како што треба. Без да трујат народ што е најважно!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom