Ми го зема зборот
1000 страни... скоро 2,200,000 посети ко Ријана ха-ха без три нули, или ко цела МК ... и 15,000 поста.... (шо убо 14999) 15,000тиот за најсимпатичниот “Клима уред“ ајде Клима уред... распали!!!
А го најдовме ли најекономичното греење (затоплување)??? Или во последно време (многу актуелно и битно) најголемиот причинител за големото загадување...?
Еве од Фактор (анализа на Светска Банка) па кој сака нека прифати дека е така ОК... кој несака, не мора...
http://faktor.mk/zagaden-vozduh-dve-tretini-od-domakjinstvata-se-great-na-drva
ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Две третини од домаќинствата се греат на дрва
Речиси две третини од населението во Македонија, односно 62 отсто, се грее или готви на дрва. Овој процент е драстично поголем во руралните средини, каде дрва употребуваат и до 90 отсто од домаќинствата, за разлика од урбаните каде дрвото како енергент се користи во половина од домаќинствата. Еден дел од македонските домаќинства комбинираат греење на струја и дрво, а централно греење имаат само 10 отсто од домаќинства, сите во Скопје.
Ова го покажува статистичката публикација за потрошувачката на енергенти, според која од вкупниот број на домаќинства, 61,59 отсто трошат огревно дрво и дрво од овошни насади како основен вид енергент за греење, 28,60 отсто се греат на електрична енергија, 8,33 отсто на топлинска енергија од јавни котларници, а останатите 1,48 отсто ги трошат останатите видови на енергенти, како јаглен, нафта, брикети или гас.
Лошо изолација на живеалиштата и неефикасните грејни тела придонесуваат потрошувачката на енергија за затоплување во Македонија е два до три пати поголема во споредба со Западна Европа. Во извештајот за зелен раст на Светската банка се нотира дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа. Емисиите на јаглерод диоксид и на цврстите честички, кои, меѓу другото, се создаваат и поради начинота греење на домовите, ја рангираат нашата држава на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух, констатираат аналитичарите на Светска банка.
Во извештајот како причини за тоа што македонските граѓани и во 21 век, кога решаваат на што да се греат, приоритет му даваат на дрвото, се посочуваат високите цени и лошиот квалитет на снабдувањето со централно греење, скапата струја и недоволно развиената мрежа за гас. Во употребата на огревно дрво во Европа блиску до нас се само Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Статистиката покажува дека најголемо процентуално учество на домаќинствата кои се загреваат на струја има во Скопскиот регион, каде само 38,10 отсто од нив го користат овој енергент. Од друга страна, струјата за загревање најмалку се троши во Југоисточниот регион (11,85 отсто), но во овој дел од земјата е забележано најголемо процентуално учество на домаќинствата кои како основен вид на енергент за греење трошат огревно дрво. Во овој регион на дрва се греат дури 85,62 отсто од вкупниот број домаќинства. Висок процент, над 80 отсто, на домаќинства кои се греат на дрва има и во Источниот и во Југозападниот регион. Единствено во Скопскиот регион, поради работата на неколкуте компании за парно затоплување на колективните згради, е забележана потрошувачка на топлинска енергија добиена од јавна котларница.
Домаќинства во Македонија кои се затоплуваат со огревно дрво трошат околу 1,5 милиони кубни метри дрво, односно во просек по 4 кубици. (завршен цитат)
Некој може да се сложи или не во анализата (со слични податоци излезе и нашето министерство за екологија)...во ова, како и во следното:
Во употребата на огревно дрво во Европа блиску до нас се само Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.