мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.327
- Поени од реакции
- 25.612
diplomat 11 inox e 49990 den
diplomat 21 vgradliv e 53990d, nevgradliv e 69990d
Цениве на adarma-tobi.mk се реалните цени за Складова Техника?
Наеднаш Рустикот на Алфа Плам (за 500евра) ми изгледа многу убав!
Знам дека моќноста е различна за да ги споредуваме директно каминиве во цените, ама мене и онака ми треба камин за 70м2. Би сакал да имам „фора„ во капацитетот и за некогаш кога ќе го средам поткровљето, ама тоа нема да биде скоро и искрено 1200 евра ми е прескапо за котел на дрва.
Ако веќе инвестирам толку пари влегувам во ценовна близина на печките на пелети. Термо Пелет-от од 18киловати на МБ Смедерево во Србија лани кошташе 1366евра.
Нема некој друг солиден избор од 18тина киловати, до 600-800евра?
Мислам дека се генерални застапници, а ако ја следат практиката од претходната фирма тогаш цените треба да се исти било каде во Македонија.
Инаку не се сеќавам баш точно но на времето пред можеби 5 години цената на дипломатот самоносечкиот со воден котел беше точно 1000 евра, а вградниот беше некаде околу 50000 денари плус минус некоја иљадрака. Ако одиме со некоја инфлација и цена на железо и гориво тогаш цената му е колку толку реална со оглед дека и лимот им е или би требало да биди барем 5 до 7 мм.
И да нема забуни кога ке го споредиш со рустикот во големина мислам дека рустикот го бери внатре во горилникот на дипломатот

Сега ако ти треба до кај 70 м2 тогаш во ред, има и други модели на камини, само ке бараш некаде да бидат за номинална снага од 9кв па нагоре. Цената би требало да биди колку на рустикот,плус минус нешето во зависност од кај е што е.
За печката на пелети пак ке речам на хартија многу убаво звучи, во реалноста не е баш така. Можеби и грешам ама јас имам такво искуство со нив. Некој друг нека сподели друго ако има, сигурен сум дека на форумот има некој што има печка на пелети, па од прва рака нека кажи како си врви со нив.