Ја не би се стресирал толку дали компресорот е свинг или не..!
Варијација на тема е тоа само…. Во основа обичен ротационен компресор.
За една работа е во право
@filipinec кога вели двоклипен е подобро… зошто се поништуваат вибрациите.
Ама далеку од тоа дека и обичен едноклипен не знае да биде тивок и мирен.
У основа се си има за и против. На пр. двоклипниот на мала снага(мали вртежи) ќе троши повеќе струја за истата работа од едноклипниот, или ќе ма помала ефикасност.
Сега за децимали правиме муабет…
А сите компресори денес се трајни! Нема не квалитетен компресор! Всушност последно нешто што би се расипало на една клима е токму компресорот…
Така да смешки ми се на пр. ЛЏ со нивните реклами и 10г гаранција на компресор! Ако толку ги бива, нека дадат бар 5год гаранција на електроника..
И на крај… компресорот е само едно делче од сложувалката наречена клима! Треба сите делчиња да се “добро наредени” за таа клима да биде добра.