- Член од
- 26 септември 2016
- Мислења
- 166
- Поени од реакции
- 190
- Возраст
- 39
Види, ајде да речеме и дека е така. Вашиот коментар беше секоја втора ломо еко клима има некаков дефект. Една клима и секоја втора клима воопшто не е исто. Кога веќе споредувате таква информација точно презентирање на фактите има големо значење и може многу да смени. Воедно знам ситуација за грее клима која не е од нас продадена, се појавува проблем во гарантен период и во рок од неколку денови е комплетно сменета климата, а не пак да се чека со месеци. Да чекаш неколку денови па и недели еве ајде можно е да се случи сепак има законски рок од 30ден да се сервисира ама месеци...Клими.мк,информцијата што ја пишав односно ја пренесувам од човек кој тесно соработувал со гри и кој работи изведби на климатизација...
Значи не збори на памет туку кажа негово искуство.
Пример:Клима земена од гри он ја мести кај некој свој клиент,климава се расипува во гарантен рок,бара дел од гри,овие немаат на лагер.се чека со месеци....муштеријата нервозен на него го притиска,он притиска во гри....и сега проблемот каде е?
Значи ова е реална ситуација.
Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
Некој да чека месеци според мене е неприфатлива ситуација не за грее туку за било која клима и бренд. Штом има гаранција постои пазарна инспекција мој совет да се обрати веднаш до нив.
Сепак информацијава би ја земал со голема резерва не дека macci ја измислува туку дека доаѓа од класично рекла-казала муабет, можеби таа тесна соработка воопшто не постои, можеби монтеров ја опласкал работава со монтажата па сега наместо да признае грешка наоѓа маани на други страни и слично. Ја немаме целата слика да дојдеме до заклучок дека секоја втора ломо еко има некаков дефект, дека грее не сакаат или неможат да ја сервисираат, поготово на делот дека се чека со месеци со оглед дека ломо еко моделот за кој пишуваме е прилично нов модел на нашиот пазар присутен неколку месеци па да чекаш со месеци за сервис делови не ми иде логично временски термини некако не се поклопуваат или треба многу прецизно да се поклопат/подредат. Не велам дека е невозможно но велам дека е малку веројатно или пак недоволно и непрецизно кажано/претставено и објаснето.