Најдобри мечеви во 2013

Член од
23 август 2010
Мислења
38.188
Поени од реакции
107.826
До сега не беше практика да се отвара ваква тема на крајот на сезоната, али денес ми дојде идеја да отвориме една тема за најдобрите тениски мечеви во 2013, како резиме на истата. Значи темава не е за тоа кој е најдобриот меч на вашиот пулен и секој пост во стилот: Цветко-Станко на УС Опен кога Цветко му ја скрши кичмата на Станко, овој не знаеше главата кај му е, Надал лузерот кога изгуби во Лондон, ќе го замолам модераторот да бидат избришани. Јас ќе дадам мое мислење кои се најдобрите мечеви годинава на Грен Слемовите и на Мастерсите, а потоа во коментар слободно пишете кои мечеви се најдобри според вас.

Ѓоковиќ- Вавринка - Австралија Опен, Надал-Делпотро- Индијан Велс, Мареј-Ферер- Мајами, Надал-Ферер-Мадрид, Бердих-Вавринка-Мадрид, Вавринка-Гаске- Ролан Гарос, Робредо-Монфилс-Ролан Гарос, Монфилс-Бердих-Ролан Гарос, Федерер-Симон-Ролан Гарос, Надал-Ѓоковиќ-Ролан Гарос (за мене најдобриот меч годинава заедно со оној меѓу Ѓоковиќ-Вавринка на АО), Ѓоковиќ-Делпотро-Вимблдон, Надал-Ѓоковиќ Монтреал, Надал-Федерер-Синсинати, Надал-Ѓоковиќ-УС Опен, Ѓоковиќ-Вавринка- УС Опен, Ѓоковиќ-Делпотро-Шангај, Ѓоковиќ-Ферер-Париз. Тука би го додал мечот во двојки помеѓу Србија и Америка, кога среде Америка Божољац и Зимоњич ги победија браќата Брајан, епски меч беше и тоа.

Кои се вашите најдобри мечеви?
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.584
Поени од реакции
13.247
Ноле - Вавринка на Австралија Опен беше нешто вон оваа планета, најдобар меч hands down... А од аспект на трилер, тениско значење и тежина и пресврти Ноле - Надал на Ролан Гарос без конкуренција. Штета што не беше финале, можда и ќе се израмнеше со финалето на АО 2012.

На другата бранова линија, сите мечеви меѓу Ноле и Мареј беа ужасен тенис за око, невозможно нешто колку смараа.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.701
Па слабо памтам тениски утакмици искрено. За фудбалски повеќе ме бива. :D
Мечевите на Ноле со Вавринка во Мелбурн и Њу Јорк беа одлични и интересни утакмици, посебно првиот.
Полуфиналето на Ролан Гарос, Надал - Џоковиќ исто така беше прав трилер, со многу јаки поени и со неизвесност до самиот крај.
Полуфиналето меѓу Ноле и Дел Потро на Вилмблдон исто така би го сместил како еден од повозбудливите оваа година.
Мечевите кои се решаваа во тај брејк меѓу Ноле и Рафа во Монтреал и Ноле и Делпо во Шангај. Ферер - Мареј во Мајами исто така, меч кој се реши во тај брејк и кој го обележи киксот на Ферер со челинџот.

Сигурно имаше уште многу мечеви на кои играа понеатрактивни играчи, посебно на Грен Слемовите, кои можеби не беа квалитетни, ама беа многу интересни и неизвесни и беа решавани во 5 сета, ама еве како што кажав изгледавме мал милион тениски утакмици годинава и заебано е малце да ми текне некоја од пред 8-9 месеци. :)

Во секој случај може да се направи некоја анкета, ама сигурен сум дека Ноле-Вавринка во Мелбурн и Ноле-Надал во Париз ќе бидат убедливо пред другите. :)
 
L

Löwe

Гостин
Поткрепувајте ги со хајлатс видеа.
Еден од подобрите кои мислам дека заборавивте да го спомнете
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Монфилс - Симон на Аустрелиан Опен и Монфилс - Робредо на Роланд Гарос ми беа ептен јаки мечови. Исто и Надал - Џокович на Роланд Гарос и Дел Потро - Џокович на Вимболдон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom