Еве неколку типови кондоми што според одредени критериуми нудат најсигурен, но и најпријатен секс.
7. Preventor Dotted – станува збор за многу тенок кондом кој што е прекриен со мали бразди преку целата надворешна површина. Овој кондом овозможува екстремна стимулација при секс заради зголеменото триење.
6. Preventor Tutti Fruit – е кондом со овошен
вкус. Примарната функција на овој кондом е да го зголеми задоволството при орален секс. Ваков кондом може да се најде со вкус на јагода, банана или кокос.
5. Trojan Extended Pleasure
Овој кондом е корисен за оние мажи на кои „им се брза“. Дизајниран е да биде по
малку крут, со што ја спречува предвремената ејакулација и го продолжува уживањето во сексот.
4. Trojan Twisted Pleasure
Овој кондом има многу различен дизајн. Направен е со специјално извртување што започнува на средината на кондомот, а завршува на врвот. Со тоа се
овозможува мал простор меѓу кондомот и пенисот, со што триењето за време на сексот го зголемува задоволството и за двајцата партнери.
3. Durex Extra Safe
Овој кондом е дизајниран со нешто поголем врв, со што се овозможува екстра простор за главата на пенисот, која е поголема за време на сексуален однос. Затоа користењето на овој кондом е
поедноставно и поудобно. Кога правилно се користи, овој кондом нуди 100% заштита.
2. Durex Ribbed
Ова е најпознатиот ребрест кондом. „Опремен“ е со мали ребра со кои се зголемува триењето. Тие обезбедуваат поголемо уживање и за мажите. Овој тип кондом има и
брадавица на врвот.
1. Pleasure Plus
Губењето на физичката стимулација е основната причина зошто мажите не ги сакаат кондомите. Овој нов тип на кондом го решава проблемот. Дизајниран е со голема лабава вреќичка од ребрест латекс, сместена на долната страна и главата на кондомот. За време
на сексуалниот однос, овој екстра латекс се движи напред и назад по пенисот и по ѕидот од вагината. Со ова триење се надополнува дел од триењето изгубено со самата употреба на кондом. Според некои истражувања, овој кондом е најдобар за 89% од мажите и жените.