Спектакуларните изведувања на слободните удари живеат долго во меморијата на светската фудбалска јавност, во подолжение, најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата, поради нивниот талент и чувство за постигнување на погодоци надвор од шеснаесетникот по прекини.
15. Алваро Рекова (Уругвај)
Еден од многуте фудбалери со потекло од Јужна Африка кој имаат неверојатен талент за изведување на слободни удари. Во продолжение Топ10 постигнати гола од слободен удар - во режија на Рекоба.
14. Џанфранко Ѕола (Италија)
Еден од ретките Италијанци кој успешно настапувале во Англија. Во продолжение погледнете го голот на Ѕола против Тотенхем постигнат од слободен удар во 2003година...
13. Хуан Роман Рикелме (Аргентина)
На видеото подоле, Хуан Роман Рикелме ве учи на неговата техника за изведување на слободните удари.
12. Диего Марадона (Аргентина)
Фудбалскиот бог во Аргентина. Можеби еден од најдобрите фудбалери во велокупната историја на фудбалот, кој секако во осумдесетитие години жареше и палепе со неговите слободни удари.
11. Хозе Луис Чивалерт (Парагвај)
Парагвајскиот фудбалер со ретко виден талент за изведување на слободни удари, кога станува збор за голманите.
10. Кристијано Роналдо (Португалија)
И покрај тоа што е релативно ново име на сцените од спектакуларните изведувања на слободните удари, Роналдо воодушеви голем број на фудбалкси фанови со неговиот специфичен стил на изведување.
9. Зинедин Зидан (Франција)
Еве го еден од најдобрите фудбалери кој ги бранеле боите на Франција, а секако и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари.
8. Алесандро дел Пиеро (Италија)
Италијанската легенда, и специјалист за слободни удари. Со неговите погодоци од слободните удари донесол голем број на победи како и за Јувентус, така и за репрезентацијата на Италија. Компилацијата од најдобрите слободни удари изведени од Дел Пиеро можете да ја погледнете на видеото подолу.
7. Зико (Бразил)
Легендарниот бразилски фудбалер секогаш ке остане запаметен по неговиот неверојатен талент за изведување на слободните удари. Во периодот од 1970 до 1980, Зико едноставно ги "закопуваше" голманите на линијата кога изведуваше слободен.
6. Роберто Карлос (Бразил)
МОжеби не беше редовен стрелец на слободните удари, но кога ке подогеше тоа го правеше со стил. Кој може да го заборави неговиот магичен гол пртив Франција во 1997година?
5. Роналдињо (Бразил)
Еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во новото време. Јавноста повеке се запозна со него по неговиот слободен удар против Англија во 2002год на Светското првенство со кој ги елиминираше Англичаните. Потоа направи трансфер во Барселона.
4. Шунсуке Накамура (Јапонија)
Најдобриот изведувач на слободни удари со потекло од Азија.
3. Синиша Михајлович (Србија)
И покрај тоа што неговата природна позиција беше одбранбен играч, Михајлович беше "убиствен" со неговата лева нога.
2. Дејвид Бекам (Англија)
Кој друг ако не Бекам? Не е важно дали го сакате или го мразите, но ретко кој може да погодува слободни како Дејвид Бекам.
1. Жунињо (Бразил)
Може да се каже најдобар меѓу најдобрите. Слободните удари на Жунињо се компјутерски прецизни. Ревија од спектакуларни слободни удари подоле на видеото - во режија на Жунињо!
ВИДЕАТА ТУКА -
http://sportdenes.com/izdvojuvam%D0%...dni-udari.html