Најдобар ракометар?

Најдобар ракометар?

  • Nicola Karabatic

    Гласови: 12 16,0%
  • Ivano Balic

    Гласови: 8 10,7%
  • Kire Lazarov

    Гласови: 42 56,0%
  • Domagoj Duvnjak

    Гласови: 2 2,7%
  • Daniele Narcis

    Гласови: 3 4,0%
  • Pascal Hens

    Гласови: 2 2,7%
  • Luc Abalo

    Гласови: 3 4,0%
  • Filip Jicha

    Гласови: 3 4,0%

  • Вкупно гласачи
    75
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Иднината е во Домагој Дувњак игра навистина одлично,има предиспозиции да стане врвен ракометар и незнам колку е добро што замина во тим како Хамбург но ќе видиме ќе каже времето.Во моментов најдобар за мене е Карабатич тука се и Нарцис,Кире и Хенс но мислам дека Карбатич малце се двои.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Glasav patriotski za Kire,ama zasega najdobar e Karabatic iako i toj za 1-2 godini ke stane kako Balic,koj ne treba da se frla.Kolku i da e slab majstorot ostnanuva majstor,bidejki go macat dosta povredi.A vo idnina 100% toa e Domagoj Duvnjak.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.195
Поени од реакции
2.201
Според мене Кире Лазаров е еден од најдобрите ракометари во светот. Значи реално да гледаме на работите, Кире до сега има многу направено за неговиот клуб РК Загреб и за на нашата репрезентација. Незнам стварно колку следите и дали следите ракомет, незнам колку од вас се добро запознаени со кариерата на Кире, но на сите треба да ви биде јасно дека не може било кој да биде најдобар стрелец во историјата на светските првенства.Кире Лазаров оваа година на светското првенство во Хрватска беше најдобар стрелец, и не само најдобар стрелец на тоа светско првенсто туку и во историјата на сите светски првенства ! Тоа не е мала работа бе луѓе, Кире е познат и респектиран ракометар во светот. Дефинитивно нашиот Кире може да се носи рамо до рамо а ако не и подобар од Балич, Хенс, итн итн.
 
I

Intex

Гостин
За Кико гласав само оти е Македонец, ама Балич е подобар од него.
 
K

kaiser soze

Со формата во која се наоѓа Балиќ,оваа и изминатата сезона,да се каже дека е тој подобар од Кире,кој истите сезони ги одигра на фантастично високо ниво,како на репрезентативен,така и на клупски план,далеку е од вистината твоето тврдење оти Балиќ е во моментов подобар и поквалитетен ракометар од Кирца.
Му се воодушевував на Балиќ,кој како ретко кој ракометар располага со феноменална техника и извонредна прегледност на играта,како и со висока спортска интелигенција,но дечкото еве веќе втора година по ред е излезен од таа форма и ритам која беше препознатлива за него.Дали причина за тоа се честите повреди или нешто друго,не е воопшто битно,ама Балиќ во никој случај денес не е подобар ракометар ниту од Лазаров,ниту од Карабатиќ,можеби ниту од Нарцис.Фактот што изминатава сезона,и во неговиот тим,па и во репрезентацијата му беше замена на Дувњак,само го потврдува големиот пад во неговата игра,за жал.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224

Никогаш, ама баш никогаш неможеш да ги рамниш Балиќ и Лазаорв. Зошто? Кој на која позиција игра? Иста ли е улогата? Не играт на иста позиција и не е иста улогата. Балиќ игра како организатор на играта тој е главен во играта, а Лазаров игра како бек, и има сосема друга улога. И по што ке ги рамниш, сега ти ако гледаш на клубски план кој има повеке постигнато ке речаме Белиќ бидејки има повеке стаж од Лазаров таму. По статистиките нормално дека е подобар од Балич и од повеке други светски ракометари, ама статистиката е друго.
 
Темава е колку што можам да прочитам "најдобар ракометар",а во изборот за ист таков се наоѓаат играчи кои играат на сосема различни позиции.Дали бил голман,лево,десно крило,тоа е сеедно,најдобар ракометар во една година бил и голман,бил и лево крило,бил играч од секоја позиција.А овде се зборува токму за тоа.Така да,твојата реакција е сосема неоснована.
Што се однесува до споредбата што ја правев,помеѓу гореспоменатите двајца ракометари,посебно за изминатава сезона,во секој можен поглед анализирајќи ја,и во статистика и во прикажана игра,Лазаров во секој битен сегмент предничи.За сезоните пред тоа не можам да говорам,оти Ивано беше вонсериски,но најдобар играч не се избира по стара слава,туку по тоа што моментно го прикажува.А во тоа,ма јок,не е подобар од Кире.Не оти е наш,ама навистина е така.Можеби,денес има подобри играчи од Кире,ама тоа дефинитивно не е Балиќ.Најдефинитивно.:)
 
Абе ти се фати за тие двајцата да ги споредуваш, океј споредувај ги. Инаку темавата се однесува на ''најдобар ракометар'' сигурно за денешницата кој прикажува блескави изданија и дискусиите околку них, и се однесува за подобар ракометар со клубски работи, колку помага на клубот, дека вреди а ти ги споредуваш само них 2.
Инаку за сега, подобар е Лазаров, како што прикажува како игра во клубот и во репрезентацијата а од друга страна слабо од Балиќ.
 
Напротив,јас веќе се имам изјаснето на темава,и тоа не за компарација помеѓу овие двајца,туку моја анализа за најдобар светски играч годинава.
Споредбата дојде после пост од друг член на форумов,кој истотака направи спордба за истите двајца ракометари.Мојот пост дојде само како реакција и разјаснување на нештата.
То је то.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Напротив,јас веќе се имам изјаснето на темава,и тоа не за компарација помеѓу овие двајца,туку моја анализа за најдобар светски играч годинава.
Споредбата дојде после пост од друг член на форумов,кој истотака направи спордба за истите двајца ракометари.Мојот пост дојде само како реакција и разјаснување на нештата.
То је то.
Те свакам, разјасни подобро на членот што ги споредуваше од прв пост, не му е јасна темата изгледа. Јбг.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Секој од овие играчи би можел да биде изгласан за најдобар,но да се прави споредба меѓу нив неможе,секој си игра на различна позиција и си има различна улога.Според мене,ако морам да бирам најдобар е Дувњак,сега во Хамбург ќе покаже,а и покажува што знае.Има само 21 година,а стана најскап играч во историјата на ракометот.Во иднина уште подобар ќе биде.
Балиќ во својата кариера има постигнато многу но во последнава година е паднат доста.Голем дел е тоа поради повредите,кои ги имал премногу во својата кариера.Мора да му се признае борец е,цел бандажиран и под инјекции ја носел Хрватска бар до полуфинале и бил МВП на туририте.Но сега да се става тука во анкетава за најдобар играч мислам дека не треба.Полека се враќа во форма,но од друга страна има полни 30 години,уште некоја година и пензија не му бега.
Јас тука место Балиќ би го ставил Игор Вори.Моментално без конкуренција најдобар пикер во светот.МВП на последното светско првенство,никогаш подобар не бил.
Лазаров,играч од светска класа,одличен шутер,кога игра за Македонија,само он и голамнот играат,другите се само негови помошници.Можеби не е најдобар играч на светот,но секако заслужува повеќе,требаше да биде во идеалниот состав на СП во Хрватска,ама незнам зашто Лијевски го избраа.
 
Член од
28 април 2010
Мислења
18
Поени од реакции
2
Николче и Кирче ама не затоа што е наш !!! Многу "ракометари" можат вода да му носат. :salut:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom