Темава е колку што можам да прочитам "најдобар ракометар",а во изборот за ист таков се наоѓаат играчи кои играат на сосема различни позиции.Дали бил голман,лево,десно крило,тоа е сеедно,најдобар ракометар во една година бил и голман,бил и лево крило,бил играч од секоја позиција.А овде се зборува токму за тоа.Така да,твојата реакција е сосема неоснована.
Што се однесува до споредбата што ја правев,помеѓу гореспоменатите двајца ракометари,посебно за изминатава сезона,во секој можен поглед анализирајќи ја,и во статистика и во прикажана игра,Лазаров во секој битен сегмент предничи.За сезоните пред тоа не можам да говорам,оти Ивано беше вонсериски,но најдобар играч не се избира по стара слава,туку по тоа што моментно го прикажува.А во тоа,ма јок,не е подобар од Кире.Не оти е наш,ама навистина е така.Можеби,денес има подобри играчи од Кире,ама тоа дефинитивно не е Балиќ.Најдефинитивно.