Најдобар начин за урбан транспорт

Член од
14 јули 2017
Мислења
167
Поени од реакции
132
Што мислите, кој е најдобар начин, а и НАЈЕКОНОМИЧЕН за стигање од А до Б во Скопје?

Но сепак да е ефективен. Точак? Мех, за мене..па не баш, многу се потам.
Гледам во странство користат електрични точаци и електрични скејтбордови.

Би сакал да си земам еден, не се баш најевтини скејтбордовите, а сепак збориме за Македонија,на царина ако не ми го соберат за дечињата по дома..патиштата катастрофа. Не знам како би завршило тоа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Кога времето е ок, дефинитивно точак. Особено во период од 7:30 до кај 9:30 центарот на Скопје е буквално парализиран, така што со точак веројатно и побрзо ќе стигнеш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Што мислите, кој е најдобар начин, а и НАЈЕКОНОМИЧЕН за стигање од А до Б во Скопје?

Но сепак да е ефективен. Точак? Мех, за мене..па не баш, многу се потам.
Гледам во странство користат електрични точаци и електрични скејтбордови.

Би сакал да си земам еден, не се баш најевтини скејтбордовите, а сепак збориме за Македонија,на царина ако не ми го соберат за дечињата по дома..патиштата катастрофа. Не знам како би завршило тоа.
Нема да форсираш како да си на трка, ќе си возиш побавно и нема да се потиш.
А и да се потиш има чаре, ќе си носиш резервна маица, ако носиш ранец ќе си го носиш во корпа не на грб, навреме капење, дезодоранс и тоа е тоа :)
Со моторче ти е добра опција, ама и многу поверојатно да те здрви некој, со точаците е подобро што имаш скоро низ цел град велосипедски патеки.
 
Ф

Флеш

Гостин
С.К.У.Т.Е.Р, до 50сс

Мамата е за низ град.Низок трошок на гориво,паркирање сегде,пикање сегде.Регистрација ефтина.Идеален ми е за до работа.Најдобра солуција измеѓу кола и точак.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Батали велосипеди. Велосипед не е најпрактично решение за нашево поднебје, со оваква клима. Преку лето на 40 степени ќе бидеш како од машина за перење излезен. Колку и споро да возиш, и да се пресоблечеш, миризбата нема да можеш да ја смениш. А никој не сака на работа, факултет да смрди како твор. Одличен е за рекреација и спорт, за daily use низ Скопје, не би го користел.

Скутерче до 50 cc како што нагласи @Vori, по можност четиритактно. Бесконечно можеш да го возиш, а троши ептеееен малку. Се наоѓаат и до 300 евра на старо, сочувани. Под таа цена, дискутабилен ќе им биде квалитетот. Поекономично решение од ова нема и нема да најдеш. Одлично е за градски средини, да се пика низ густ сообраќај, можеш уште еден патник да превезуваш, и скоро никогаш нема да треба да плаќаш паркинг.

Јас земав пред неколку месеца 250 cc мотор и се препородив со него. Колата се поретко ја користам, само кога имам потреба. Ама он е далеку од најекономично решение за урбани средини. Троши значително повеќе, треба А категорија да имаш положено, регистрација секоја година... Има доста давачки. Е сега предност тука е што може да се користи за меѓуградски средини и да се патува. За оволку кратко време што го имам, ја поминав пола Македонија, а летово имам во план да го извозам и низ околниве земји.
 
Имаш брат слика,како изгледа твојот? Мојот е
  • Baotian BT49QT-9
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Батали мотор, не ги слушај. Земи ја во предвид сељачката некултура во сообраќајот, и заклучи сам дали вреди да се умре за пар стотки заштеда. Убедливо најлоша варијанта ќе ти е било каков мотор.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Бидејќи најекономично да е ти е изгледа најбитно (големите букви :D), поекономично нема од точак.

За потење, ваљда на тоа скутерчето ако запниш еден чадор од оние за на плажа нема да се испотиш. Не заебавајте, лето на 40 степени до продавница на 300 метра да отидеш ќе се испотиш.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
@Del Boy , Во Скопје таква сообраќајна некултура постои што најдобро е и од дома да не излагаш пошто во никој момент не си сигурен ни како пешак, а камоли како учесник во сообраќај со мотор или кола. Ама ако може пола Македонија да живее во таква средина, може и нашиов јунак да јуриша низ градските улици со моторче. :D

@MAJA 345 , Во движење си со моторчето и имаш природно ладење. Си дувка ветерче, а ти си уживкаш. На точакот мора да запнуваш и вртиш, при секое вртење трошиш енергија, а потта на крај е производот од целиот тој процес.

Имаш брат слика,како изгледа твојот? Мојот е
  • Baotian BT49QT-9
Супер е ова за град. 4 тактно машинче. Троши помалку од пегла, а снага има да те извлече секаде. Измислено за во градски средини.
Другаров зема овакво слично лани. Го најдовме за 250 евра. Краџа. :D
Иначе он живее на доста непристапно место. Припор е ништо за неговата населба. Алпинистички предизвик е да се дојде до кај него. Толку е високо што улицата, која беше со калдрма, не можеа да ја асфалтираат, па ја наредија со плочки. Со раце и нозе нагоре да се качуваш. Преку лето ќе цркнеш до горе, а зимо чим падне снег, отсечени се од цивилизација до Март. Е на такво место моторчево со двајца качува без проблем. Си прпори нагоре со 170+ кила. Да не почнам за потрошња да пишувам..Последен пат кога ставаше гориво, уште ВМРО беа на власт. :D Сезонава од кога е почната едно десетина луѓе можда го прашаа дали го продава, му нудеа далеку повеќе пари, ама не го дава. Ретко е дури и да се најде на огласиве така добар примерок.

Сличен оваков е мојот. 250 V - машина. Custom made, од прв газда. За своја душа правен.
Мојот има само додадено уште едно седиште позади. Има и куферче мало напред. Сега му порачав уште две поголеми за назад. Има тука уште неколку детали различни, custom exhaust, па подлабок звук вади.
Чувството кога се вози е непроценливо. Право уживање е вожњата, посебно на долги релации. До сега најдалеку го имам извозено до Дојран, а летово се токмам да идам до Грција. Тоа ќе биде првата поголема проба, и ако помине во најдобар ред, следната дестинација ќе биде Јадранско море, Хрватска. Само што до таму имам едно 14 саати вожња, и тоа е тоа што ме плаши. :)

Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Најлошото тоа е што кога возиш мотор на пат,будаливе со коли ама секогаш те претицуваат и ти сечат пат.Колку пати сум имал близок контакт така,кога будали ме сечеле.Најголем страв.Се знае градско е 50/60 на час и толку можам да одам со скутер.Си држиш ред на лента,ама овие ко крај на светот имаат чуство на возење.Мора да се бутаат.Не е ни чудо шо има повредени доста.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.669
Поени од реакции
38.847

А моторите не се убацуваат измеѓу возила?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
@MAJA 345 , Во движење си со моторчето и имаш природно ладење. Си дувка ветерче, а ти си уживкаш. На точакот мора да запнуваш и вртиш, при секое вртење трошиш енергија, а потта на крај е производот од целиот тој процес.
Не ми беше тоа поентата.

Фала сепак на подобјаснувањево, системот за излачување уште ми е енигма.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.956
Со кола е најбоље.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom