Најдобар македонски метал бенд?

Најдобар Македонски Метал Бенд?

  • Вкупно гласачи
    133

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Holocaust и Decadence.
Вистина, како си ги заборајл нив?
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
чудно, ного македонски метал групи имало бе ...
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Nihilist -

Ако успее македонски метал бенд да ме импресионира тоа е само од Нихилист. Тука спаѓа и наежување, уживање, емоции (од рифови, басови, и вокали) и восхитување на неуфурана едноставност, рифови кај што не се курчи никој, бас кај што се користи slap техника, тапани што се вклопуваат у концептот и закон прљав growl. Четворка која заслужува пиво. Со сета почит кон сите мак бендови (дури и ДФЛ), едини бенд кој што нема песна што не ме здивила :vozbud:

*по икс пат ги фалам од првиот момент коа ги чув пред неколку години албумот
 
U

UnholY

Гостин
Dedicated for life ,,,,,најдобри
Dedicated For Life се разбира ..
Дај бе не ме зафркавајте.
Тренди и површен бенд кој се базира на бледа копија, пред се на Аt The Gates.
Во зачетоците можеби преставуваа некоја атракција на сцената, иако кај мене воопшто не, ама со понатамошната процедура само ни овозможија да увидиме колку се неспособни за сопствена креативност и свежина, и колку знае еден бенд да продуцира монотонија.
А, да не се изостави и фактот дека пред се, се работи за girl bend.
Не знам кај која девојка, со одредени исклучоци, не оставиле впечаток.

Nihilist -

Ако успее македонски метал бенд да ме импресионира тоа е само од Нихилист. Тука спаѓа и наежување, уживање, емоции (од рифови, басови, и вокали) и восхитување на неуфурана едноставност, рифови кај што не се курчи никој, бас кај што се користи slap техника, тапани што се вклопуваат у концептот и закон прљав growl. Четворка која заслужува пиво. Со сета почит кон сите мак бендови (дури и ДФЛ), едини бенд кој што нема песна што не ме здивила
Тука веќе морам да се согласам.
Nihilist се еден од бендовите кои влегуваат во потесниот круг на најквалитетни метал бендови кои преставуваат комплементарен елемент на позитивната страна од метал сцената тука.
Маестрална компатибилизација, пред се од инструментален аспект, со специфична боја на бас гитарата, која највеќе ми се допаѓа.

А, инаку мој омилен македонски метал бенд останува Siniac, и не знам зошто не се вметнати во анкетата.
Предложувам да бидат ставени па да можам да го дадам мојот глас :)
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Дај бе не ме зафркавајте.
Тренди и површен бенд кој се базира на бледа копија, пред се на Аt The Gates.
Во зачетоците можеби преставуваа некоја атракција на сцената, иако кај мене воопшто не, ама со понатамошната процедура само ни овозможија да увидиме колку се неспособни за сопствена креативност и свежина, и колку знае еден бенд да продуцира монотонија.
А, да не се изостави и фактот дека пред се, се работи за girl bend.
Не знам кај која девојка, со одредени исклучоци, не оставиле впечаток.
Друже разликата меѓу At The Gates и Dedicated for Life е очигледна ако ги проследиш внимателно :). И мое мислење е дека не се girl bend бидејќи тогаш би биле по софт , а не тоа што се сега . Нивната музика е инфлуенцирана од At the Gates нормално , но исто така и од Hatebreed , CoF и многу други бендови. Скоро секој бенд е инфлуенциран колку толку од друг бенд , а мислам дека сепак имаат DfL нешто уникатно . Пред се Lyricsot а потоа и во студискиот албум интересните моменти пред да започне песната или на крај на песната .

A што се однесува на Nihilist тотално се сложувам одличнииии се:vozbud:
 
U

UnholY

Гостин
Друже разликата меѓу At The Gates и Dedicated for Life е очигледна ако ги проследиш внимателно :). И мое мислење е дека не се girl bend бидејќи тогаш би биле по софт , а не тоа што се сега . Нивната музика е инфлуенцирана од At the Gates нормално , но исто така и од Hatebreed , CoF и многу други бендови. Скоро секој бенд е инфлуенциран колку толку од друг бенд , а мислам дека сепак имаат DfL нешто уникатно . Пред се Lyricsot а потоа и во студискиот албум интересните моменти пред да започне песната или на крај на песната
Па нормално дека е очигледна, At The Gates се одличен и пред се оригинален бенд.
А, горенаведените педери се само нивна бледа копија, и наместо инфлуенцата да биде амплифицирана во нешто сопствено и оригинално со немонотони елементи, креирано е спротивното и она шо веќе е видено.
Значи, комотно ги фрлам во корпата на бендови кои се обидуваат да креираат оригиналност, а притоа не поседувајќи ни минимална сопствена инвентивност, и пред се, најважното, идеја.
Точно е дека секој бенд е инфлуенциран од друг, меѓутоа инфлуентните елементи се во сенка на оригиналноста и на способноста на бендот, иако постојат мнозинство на исклучоци, кои би ги класифицирал како неуспешна тенденција да се постигне целта.

И мислам дека тоа шо не се по софт, не го менува фактот шо се girl бенд, пошто поседуваат специфичен имиџ и изглед, елементи кои се пресудни за едно девојче да избере бенд или омилен изведувач, иако постојат исклучоци, многу јасно.
Тука доаѓа до израз поентата зошто се толку обожавани на пример HIM, Bullet For My Valentine, Type O Negative и сличните бендови.
Пошто имаат клитовлажначки икони во својот состав.
 
Штотуку помеша Pussy Metal со Melodic Death ....
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
А, ти ја помеша поентата.
Верувам дека можеш да размислиш повторно.
Знам дека си во право за стилот и дека ги сакаат женски , но тоа не е поентата на формирањето на бендот.. Тоа ми беше мислата. За разлика од Bullet for My Vallentine овие бар прават музика!
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
UnholY,
Дај бе не ми ги споредувајте дфл со Куршумот за мојот Валентин аман. Не се криви децата што жените ги сакаат, дури мислам дека тоа до некој степен им смета. Вистинските љубители на музиката не ги сфаќаат сериозно, а тоа е најголема болка за еден бенд.
Најпосле, прекините да правите паралели со проклетите At The Gates. Одма во моментов ќе ти набројам иљада бендови што звучат многу слично на ДфЛ, а се создадени пред година-две. Дали тоа значи дека Abigail Williams, Winds of Plague, At The Throne of Judgement ги имитираат DFL? Овој дет-кор што го негуваат нашинциве е многу модерен сега и се наоѓаат многу блиски музички елементи помеѓу бендовите. Тоа не значи дека некој некого имитира, се работи за основни елементи на поджанрот.
Иначе да, фалат доста бендови во анкетава. Кај се Ембриотоми, Сињак, Холокауст, Орион, Медуза (не се смеете) и уше еден куп култни и квалитетни состави?
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
UnholY и другарчињата можат да плукаат по сите форуми по ДФЛ, како сите `прави` металци, да се враќаат 3 чекори назад кога ќе искочат на сцена и да се затскриваат кога пробуваат да викнат `уа`, ама тоа не го мења фактот дека ДФЛ имаат направено 2 албума и имаат изградено подобра кариера од 80% од македонските бендови, секогаш ги полнат местата каде што свират и се дефинитивно најпрофесионалниот македонски бенд.
Мене не ми се допаѓа тој вид на музика, и неможам да кажам дека сум фан на ДФЛ ама заслужуваат голема почит.
Инаку, мене омилен македонски бенд ми е Лелек, а за анкетава да биде валидна, треба да се додадат бар уште десетина бендови.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
А зашто јас сум убеден дека САНАТОРИУМ, е најдобриот метал бенд од Македонија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom