Најдобар македонски метал бенд?

Најдобар Македонски Метал Бенд?

  • Вкупно гласачи
    133

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Не сум многу по металот,слабо слушам ама за мене се Дедикејтед фор лајф...
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
114
Поени од реакции
4
Од сите овие наведени бендови нема ниту еден кој има барем 5 години постоење, а на сметка на овие бендови се заборавени бендови како Сињак, Санаториум, Холокауст, Орион, и манијаците Нихилист:)

Јас нема да гласам за ниту еден од овие на анкетава, не оти нема добри, ама едноставно не можам да ги споредам со ниту еден од златнава петорка.:)

Санаториум може сеа се подостарени чичковци, и ретко кој на форумов ( чест на исклучоците ) имал можноcт да ужива во нивнити концерти. Санаториум се првиот мак. бенд кој почнал да свири мајкоебачки треш со доста панк влијание, измешана музика од бендој ко Оверкил до Моторхед и така натака. Сакам концертиште од нив, да да.

Нихилист е нај андерграунд бенд кај нас, со демо и албум зад себе, и кај и да е ќе излезе и вториот албум, едвај го чекам. Убедливо најдрска музика прават, плескање во фаца со општествените проблеми. Најдобриот бенд во живо, точка.

Сињак-Последен пат ги гледав на свирката со грциве Ротинг, од тогаш ни трага ни глас. Бенд на место нема што.

ДФЛ може прават веќе чуена музика, излитена, неинтелегнта, наречете ја како сакате, ама верувајте дека нема попосветен бенд од нив во она што го работат, се гледа дека ептен се трудат. Јоки Дфл се баш онака океј бенд:P
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Од сите овие наведени бендови нема ниту еден кој има барем 5 години постоење, а на сметка на овие бендови се заборавени бендови како Сињак, Санаториум, Холокауст, Орион, и манијаците Нихилист:)

ДФЛ може прават веќе чуена музика, излитена, неинтелегнта, наречете ја како сакате, ама верувајте дека нема попосветен бенд од нив во она што го работат, се гледа дека ептен се трудат. Јоки Дфл се баш онака океј бенд:P
Дедикејтед се od 2001 значи 7 години .
А инаку кој рече дека прават неинтелигентна музика???
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
114
Поени од реакции
4
Дедикејтет не прават 7 години метал...:)

На почеток свират хардкор нешто, па стрејтери сите, ова она.

Ја познавам едно 10 мина кои ме убедуваат да не слушам Дфл со изгово во стил како биле плагијатори, создавале неинтелегентна музика, итн, итн
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Мешуга, добро сервирана поента :)

Иначе, јас сите што ги познавам ме убедуваат да ги откажам ДфЛ и засега никој не успеал да ме замисли за нивната неинтелигенција, плагијаторство или гејство. Сите се вадат на некои банални моменти како девојчињата што трчаат по нив, лукзусноста на изданијата и што знам јас што. Да, да, многумина префрлаат како ДфЛ биле дечиња на чорбаџии, па можеле да си дозволат врвна продукција.Не знам што ќе слушнам следно, можеби членовите ја потплаќаат неколку-стотната публика што постојано ги прати на настапи? Преку клит од вакви патетични муабети. Жими се, понекогаш мислам дека лајнава се плод на некоја глупава завист.
Туку да ве питам бе деца, како можам да ги набавам изданијата на Нихилист?
 
Лесно и едноставно..:)
Контактирај со некој од членовите, го има и во дистрото на Дарко, а можам да ти го набавам и јас, колај работа тоа, само изрази желба:)
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Дарко Вапирзајн?
Ако зборуваме за него, ќе пробам да го исконтактирам и да договориме план43 за достава на албум43то :D
Ако не успеам (доста смотана сум, Џизс) ќе ти се обратам да знаеш :D
Заборавив, Fusnota се крцкав бенд (по мои критериуми). Само уште да извадат парче официјален матерјал и мрсно ќе биде :)
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Мешуга, добро сервирана поента :)

Иначе, јас сите што ги познавам ме убедуваат да ги откажам ДфЛ и засега никој не успеал да ме замисли за нивната неинтелигенција, плагијаторство или гејство. Сите се вадат на некои банални моменти како девојчињата што трчаат по нив, лукзусноста на изданијата и што знам јас што. Да, да, многумина префрлаат како ДфЛ биле дечиња на чорбаџии, па можеле да си дозволат врвна продукција.Не знам што ќе слушнам следно, можеби членовите ја потплаќаат неколку-стотната публика што постојано ги прати на настапи? Преку клит од вакви патетични муабети. Жими се, понекогаш мислам дека лајнава се плод на некоја глупава завист.
Туку да ве питам бе деца, како можам да ги набавам изданијата на Нихилист?
Имам чуено да , многу ми кажале дека се тапа дека се плагијат .. Ама делот со неинтелигентност ми е НЕЗНАМ...
Па побогу прочитајте им ги текстовите... Едноставно даваат се што имаат во себе :
I've felt betrayal right by my side
the ones I've felt so close they left all behind
I stand alone but I'll overcome
and bury the fears deep in the ground
...deep in the ground...

I remember what was said but saw what was done
and realized that it's no more than lie
expectations were so big but reality killed
wiped them all out and turn them to dust

the trust is forgotten
and I will never be the same
but for some reason
It's hope ...hope...that dies last...

Ова ако е акт на неинтелигентност .. Мислам дека е одличен поетичен текст кој има поента, кој има смисла за разлика од повеќето бендови . И многу се нервирам кога ќе ми кажат дека биле шминкери , грл бенд , фејкери , плагијати и такви глупости. Оригинален бенд се , пред се бидејќи се М А К Е Д О Н Ц И ....
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
BliND,
аман не мешај националноста.
Иначе текстовите од By all Means се проклето добри. Мислам дека и Кирца има удел во нивното пишување. Затоа пак на Another Dawn лириките ми делуваат некако послабо. Психо ја има превземено целата творечка одговорност и ми фали малку генералниот, уметнички поглед на општествените дупки. Единствената работа што би им ја замерила на Посветените е Психовата доминација. Со тек на времето се чини ко ДфЛ да е соло-проект на Огнен, а останатите дечки тезгари што му свират на настапи и во студио. Ипак тоа си е нивна одлука и се додека прават/прави (Психо) музика која ќе ми тече низ вени, ќе ги љубам најмногу на белиов свет :)
Оукеј, доста е за ДфЛ. Да се вратиме на изборот на најдобар мак метал бенд :)
 
U

UnholY

Гостин
Оукеј, доста е за ДфЛ. Да се вратиме на изборот на најдобар мак метал бенд :)
Мешуга, практично искоментира и за мене во еден од погорните постови. Нема да гласам на анкетата од причина што бендовите кои веќе тој ги наведе горе не се вметнати.
Инаку, за дискутабилности, разлики и информации има простор.
Не ви реплицирав за ДФЛ, од причина шо не сакам да излегувам smart ass и упорно да тупам со реплика на секој пост, докажувајќи ја мојата анти тези, кога се е сведено на личен вкус, така да не би имало поента. А, само да прокоментирам за инфлуенцираноста на големи и култни бендови врз нашите.

Земете ги за пример Arhont.

Евидентно е влијанието на Behemoth и на Morbid Angel, меѓутоа сето тоа бендот успеал да го сублимира и да го преточи во оригиналност, вадејќи перфектен и газо растурачки звук, кој не остава простор ни за минимална критика, без оглед на тоа што влијанието од горенаведените бендови е евидентно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom