Најголемото караоке крај Охридското езеро - 31.07.2009

Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Незаборавно музичко доживување во Македонија


На главниот плоштад во Охрид во петок (31. јули), во 21 часот ќе започне најголемото караоке шоу во Македонија. Ова се очекува дa ќе биде најмасовната забава од овој тип во нашата земја, нешто слично на незаборавното караоке шоу кое се одржа на плоштадот Трафалгар во Лондон, на кое заедно со светската музичка ѕвезда Пинк пееја 13 илјади луѓе.

Сите кои знаат или мислат дека не знаат да пејат, а кои сакаат да се забавуваат, ќе имаат единствена можност да си поминат незаборавна вечер покрај Охридското езеро, да пејат на цел глас и добро да се забавуваат. Најголемиот мобилен оператор во нашата земја Т-Mobile, како организатор на настанот, најавува добра забава, можност да се пејат најголемите македонски и светски хитови, повторно овозможувајќи убави моменти вредни за споделување.

Големиот број на македонски и странски туристи кои во моментов се наоѓаат во Охрид ќе имаат шанса да учествуваат во ова масовно караоке шоу. На нив ќе можат да им се придружат и сите добро расположени и распеани луѓе, кои сакаат викендот и претстојните празнични денови да ги поминат во најатрактивниот туристички град во нашата земја.

Освен добрата забава и незаборавната летна вечер, се најавуваат и големи изненадувања за присутните.
http://www.MMM.com.mk
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Само да не се опуштат па да ги пуштаат некој македонски поп-шит песни или комерцијален рап.

Ултра мак-хит песни, светски хитчиња да преовладуваат, понекоја патриотска и сл. по моја желба. :)
 
S

StormRage

Гостин
ааа... таламаска чека вечерта... така да нишо
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Одам не се пропуштат забава од ваков вид :) подобро е вака однего проклетото туркање по кафичите и џган пипл атмосфера .....
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ова мора да се посети, се надевам дека немат да пуштаат песни од стилот на Слаткар :pos2::pos2::pos2:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ах колку ми се иде...:(
Да не знае некој дали има пренос на некој медиум? Или на интернет?
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Одиме многу јасно..
shutter shades и журка оу јеа:pipi:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Еј а нема да има некои пеачи како помош во пеењето како што беше Пинк?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
А ке даваат микрофони како на сликава? Ако даваат повеќето ке си ги присвојат т.е. украдат. Македонска работа...
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
175
Поени од реакции
0
Ауу дааааааа :vozbud: едвај чекам.. сигурно ќе биде многу интересно :):smir:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А ке даваат микрофони како на сликава? Ако даваат повеќето ке си ги присвојат т.е. украдат. Македонска работа...
Микрофони сигурно нема да даваат, браем јас така мислам но ако даваат македонска работа ќе се дерат намерно ќе пиштат на микрофоните
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Добро беше, ама кратко траеше... Требаше подолго да биде.
Инаку пееја Ламбе, Елена Ристеска, Дани и Бени(Нон-Стоп).
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Некој импресии да сподели?
Треба да си таму за да го доживееш баш онака.
Значи се изнаскокав од почеток до крај... се изнапеав[не стигнав до микрофон,но затоа тука беше мојата футрола од мобилниот како wanna be microphone]
Eдно време веќе неможев до воздух да дојдам од шо бев толку уморна..ама сепак си проложив.
So what, врати ми го срцето, my heart will go on, сакам да те галам, ај ма пиши ми, срца две, што до тогаш, нинанајна, море од солзи, we are the campions и уш две песни не ми текнува насловот беа тие шо се испеаја..
Премногу добро беше.. најдобра журка,и друштвото ми се погоди и све.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom