Тоа со мрзата ОК. Али не мислам дека само со вежбање може да се намали тежината, доколку вежбаш (било што) и си јадеш редовно ко порано мислам дека нема да има некој ефект, така на пример ја летоска скапував од трчање на кеј (трчав по 9-10 км секој ден
) ама џабе, не ослабнав ништо посебно, све што ќе истрошев тие два три саата си го надокнадував дома од фрижидер, затоа па сега овој период имам друг проблем, почнав да го губам апетитот, незнам зошто, најмалку пробувам да ослабнувам ниту пак да држам диети, ама во последниве две недели секој ден сум максимум на две до три кришки леб и тоа е се што јадам во текот на целиот ден, дури и тоа што го јадам го јадам со сила колку да не ми се слоши, а глад не осеќам, можда некоја чудна истоштеност али глад никако
, при што и доста изгубив на килажа така што работава почнува да ми станува проблем и сакам пак да почнам да јадам нормално а да не ми се гади и да не ми биде сеедно околу храната.