Добра ти е идејава друже, ама за наши услови е неостварлива. Таков е менталитетот, таков е народот наш, посебно овде у Скопјево. На работа месец дена им трубев за вчера слободен да бидам. И едвај некако добив слободниот и денеска ме прашуваат, зашто ти требаше ?! Викам за на Вардар - Пелистер да идам. И сите таков ме гледаат, ти будала си бе ми вика.... И што да им кажеш...
Двајца другари ги однесов на Вардар - Работнички годинава, и двајцата немаа отидено никогаш претходно на првенствен натпревар, си мислеа што ќе глеам појма немаат, никаков фудбал не играат. Заврши натпреварот, и еден од нив ми вика, еееј па супер утакмица беше бе, ме изненадија. Па што мислеше ти му викам ? Ама џабе, од тогаш натаму неколку па ти ги викав, и што им беше одговорот, нее бе брат Јувентус игра, нее бе брат Реал игра сакам да ги глеам.
Многу други знам што не идат на стадион баш ради тоа, сеа па од кога почна МТВ да пренесува утакмици уште толку се намали посетеноста, посебно за Вардар зборам. Еј што ќе даам 100 ден за влез боље пиво ќе си купам ќе глеам на ТВ.....
Таков е народот наш, сите чекаат Ливерпул да дојде, Лацио, ЦСКА, Спарта па и Бате ете за да отидат на утакмица.
Како и да е, подршка уште еднаш за идејата, ако треба нешто помош, ако се решите на утакмица на Вардар да дојдете слободно кажете, тука сме