Не знам дали да се гордеам или да се покријам од срам....ц ц ц просек од 1667.... просек од 3200.
И овие што одат и што го прават просекот треба да се знае дека и Слепци да пуштат да играат ќе бидат на стадион се додека се нарекува “Фудбалски Натпревар“.
Ова ни е доказот за тоа колку ние сме ниско со фудбалот.... колку тоа не кошташе Дон Хари.
Белким Илче ќе се потруди да мисли повеќе за развој на Фудбалот одколку развој на Домашниот буџет.
СРАМОТА
АНАЛИЗА: Вардар двојно помалку гледан од Шкендија, а десет пати помалку од Црвена Звезда
Македонската Прва лига е една од најнепосетените меѓу 12 европски фудбалски лиги кои ги анализираше хрватски „Индекс“.
Во анализата на Хрватите околу гледаноста на натпреварите во првенствата на Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Албанија, Романија и Бугарија, нашиот шампионат е единствено пред Првата лига на Словенија, а со сериозно послаба гледаност како од Албанија така и од сите други девет анализирани лиги.
Според хрватската анализа, Шкендија е убедливо најгледаниот македонски клуб оваа сезона со просечни 3.200 гледачи по натпревар, втора е Брегалница со 1.667 гледачи по натпревар, додека трет е Вардар со 1.578 просечно гледачи по натпревар.
За разлика од годините на почетоците на македонска фудбалска самостојност, интересно е што Вардар оваа сезона е двојно помалку гледан од Шкендија, а дури десет пати помалку од една Црвена Звезда која има речиси 17 илјади гледачи во просек по натпревар.
Убедливо, пак, најгледан тим од овие анализирани лиги е романската Стеауа, во чии редови настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, со 21.398 гледачи по натпревар. На второто место е Црвена Звезда, а потоа следат австриските Рапид Виена и Штурм. Потоа е Петролул од Романија.
На високото шесто место е бугарскиот прволигаш Ботев на нашиот репрезентативец Бобан Грнчаров кој има повеќе од 10.000 гледаност во просек.
Словенците и Марибор најслабо гледани
Најслабо гледана лига е онаа на Словенија, а Марибор кој бележи сезонава извонредни резултати има просечна гледаност само од 2.300 лица. Сите останати словенечки клубови имаат, пак, едвај по околу 1.000 гледачи по натпревар.
Партизан, изненадувачки, со само 2.200 гледачи во просек
Поразителни се бројките кога станува збор за едни од најславните балкански клубови, Партизан и Динамо Загреб.
Партизан сезонава во просек има смешни 2.200 навивачи по натпревар, додека Динамо Загреб е следен од 3.200 навивачи во просек. „Модрите“, кои сезонава настапуваа и во Лигата на шампионите, се послабо гледани и од на пример, Раднички Ниш, Слобода Ужице, Нови Пазар, албанскиот Скендербег, па и од нашата Шкендија. (!?)
ТОП 10 НАЈГЛЕДАНИ КЛУБОВИ
1. Стеауа (Романија) 21.398
2. Црвена Звезда (Србија) 16.911
3. Рапид Виена (Австрија) 14.480
4. Штурм (Австрија) 11.699
5. Петролул (Романија) 11.254
6. Ботев (Бугарија) 10.375
7. Плзен (Чешка) 10.350
8. Австрија Виена (Австрија) 9.750
9. Хајдук (Хрватска) 9.250
10. Салцбург (Австрија) 8.987