Отишле Љупчо и бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да донесуваат порселански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја ставил под пазуви. Арно ама, го видел тоа женаму на Љупчо и му шепоти:
*Абе, Љупчо види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Стана Љупчо и вика:
* Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 00:04 ---
Македонскиот премиер решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе. Сретнал едно мало момче. Премиерот го прашал:
*Каде е таткоти?
-Отиде на работа со новиот автомобил.
*А мајка ти?
-Отиде на работа со стариот автомобил.
*А кој е дома?
-Баба ми, гледа телевизија на новот телевизор.
* Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене! (Рекол премиерот)
Момчето со голема возбуда извикува:
- Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!