- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Крив е Гиш! Меѓу другите... И сите професори кои за да ја унапредат својата гениозност употребуваат зборови кои си ги направиле дома. Постојат и случаи, кога тие модификации во зборовите се за да се постигне поголем хумор во текстовите. Како на пример случајот со Трендо. Ама, треба да се има и мерка. Во Парламентот строго треба да се држат до правилата. На телевизија, мислам дека уште само на вестите зборуваат на стандарден македонски јазик.А и на младината не и се интересни тие емисии каде што се зборува на стандарден македонски. Сепак, иако не сите ги употребуваме зборовите правилно, било дома, било во медиуми, државни институции, мислам дека ги знаеме. Е сега, колку едно нешто кое не се употребува е знаење...Под влијание и на возрасните групи исто така се врши изменување. Ама далеку од тоа дека зборовите "биртија, секад. никад ,лембек..." треба да ги слушаме на телевизија и во Парламент.