Наше Маало

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ах колку убави времиња беа, имаше што да се гледа. Обожавав да го гледам Наше мало, а се до ден денес во глава ми стои песната... едно е наше мало... носталгија :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Серијата ме научи на тоа дека без разлика на вера и религија треба да се почитуваме а и на многу други работи ме научи .
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
беше многу поучна ,беше едноставно многу заедничка....мн ја сакав...ке имав шанса да глумам ..ама да бев една година постар..:)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Една од најдобрите серии од нашето детство. На сите ни нуди убави спомени :) се сеќавате ли на една наградна игра од Наше Маало и мислам Вест весникот од 2003-та? Имаше квиз на кој доколку одговоревте точно влегувавте во извлекување за билети за мечот со Англија. Доби некој карти од нив? Кога си го прочитав името во весникот ми се плачеше од радост зашто Бекам ми беше идол :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Една од најдобрите серии од нашето детство. На сите ни нуди убави спомени :) се сеќавате ли на една наградна игра од Наше Маало и мислам Вест весникот од 2003-та? Имаше квиз на кој доколку одговоревте точно влегувавте во извлекување за билети за мечот со Англија. Доби некој карти од нив? Кога си го прочитав името во весникот ми се плачеше од радост зашто Бекам ми беше идол :)
Брат ми ја доби главната награда, појде на тренинг на репрезентацијата, се запозна со сите репрезентативци тогашни, се сликаше и доби дрес и капа потпишана од сите. :) А најинтересното е што не ни следеше брат ми Наше Маало, ни ништо, јас потполнав едно за мене, и моиве ми рекоја дека не е фер и дека треба да потполнам и пратам уште едно и за брат ми за да бидиме еднакви, и ете каде е среќата. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Серијава ме потсеќа на моето детство.......... сакам пак да ја даваат :)
 
T

ta-ce-to

Гостин
Аххх , недостигаат овакви детски емисии на нашите канали за да ја едуцираат младината ... ако продолжат со турскиве серии , децава нема ништо поучно да научат , само ќе гледаат плачење , насилство и глупави драми доведени од македонските телевизии пошто се ефтини :rolleyes:. Треба барем да ги вртат епизодиве од наше маало , бушава азбука , мечето ушко... недостига тоа :unsure:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Серија која требаше народов да го научи на соживот македонци, албанци, турци, роми ама ретко кој научи тоа, до ден денешен.
Серијата настрана содржината беше една можеби во тоа време и единствена добро снимена, режирана, со добра направена музика, кадри добри а и компјутерски дизајнирана предобро.

Деновиве оди реклама на USAID

Ја даваат на Наша тв секоја сабота 18 и 15 часот, а наскоро ќе ја има и на интернет благодарение на еден што се реши да ги снима епизодите во подобар квалитет. Ќе ставам линк во понеделник кај може да се гледа.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.645
Едно е да го гледаш мултикултурализмот на телевизор во вид на детска тв серија, друго е кога ќе испаднеше надвор и ќе го осетеше тој мултикултурализам на своја кожа.
Посебно тој период 2001/02/03/04 кога сеуште беа свежи сеќавањата од воениот конфликт, кој се пренесе и на децата.
Јас ја гледав серијата, али никогаш не допре до мене тоа што го промовираа...јас си знам како беше кога одев во школо секоја ден со родители, како беше на големите одмори кога редовно не напаѓаа само затоа што сме деца Македонци, и како одев со железна шипка од стол скриена во ракав во случај да не ме нападне некоја хорда.

Тие приказни на УСАИД за мултикулту можат да му ги продаваат на децата во Свирипичино, мене не.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
http://www.facebook.com/profile.php?id=1081178318
ова е фејсбук на ице
http://www.facebook.com/vladimirp1
ова е фејсбукот на мали
http://www.facebook.com/profile.php?id=1042636982
ова е на бени


од другите незнам ако знаете вие пишете.. :)
Бени (Фисник) глумеше во албанската верзија на детската 5+ но не знам дали сеуште таму глуми.
Ице (Бојан Велевски) покрај глума во кој го немам видено многу на филмови и серии е и stand up комичар што нема врска, не е нешто интересен. Пред некој период се ожени и сега имаат дете.
Мали (Владимир) сите веќе знаат глумеше последно во Марковски таму и повеќето што многу и не го знаат го видоа и пораснат. Глумеше и во претпоследна епизода на Преспав.
Дарко (Ненад Анѓенковиќ мислам му беше презимето) исто се бави со глума и го имаше во една епизода Преспав прва сезона.
Зана (не и го знам вистинското име) се омажила со политичарон Бујар Османи и си имаат деца.

Знае некој што работаат Диме, Џејлан, Атиџе ?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ице (Бојан Велевски) покрај глума во кој го немам видено многу на филмови и серии е и stand up комичар што нема врска, не е нешто интересен. Пред некој период се ожени и сега имаат дете.
Он ти е уствари школски пример за тоа како не треба да изгледа еден stand up настап и е совршен кандидат за кривична одговорност по член 128 од Кривичен законик - наведување на самоубиство.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Прва епизода
https://www.ok.ru/video/550907873949

Втора епизода
https://www.ok.ru/video/551988169373

Како одат на Наша тв така ги снима чоеков и потоа секој викенд ги става на OK.RU
Настрана тоа дека приказнава за соживот меѓу албанци, турци, македонци, роми не е баш во реалниот живот така добра, сепак серијата беше и сеуште мене ми е интересна за гледање.
 
Член од
11 април 2019
Мислења
22
Поени од реакции
8
Здраво на сите, пред некое време на Наша ТВ, се емитуваше серијата Наше Маало, ме потсети на детството. Па ме интересира дали некој од вас може да ми најде линк, сакам да ја изгледам цела серија повторно. Нигде не можам да ја најдам целата серија, има по некое видео на Youtube, вкупно беа 5 сезони, па ако може да најде некој линк да сподели би му бил благодарен. Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom