Не верувам дека сум единствениот тука кој го гледал Црвено џуџе.
Закон е
. Само што подобро функционираше раните сезони кога беше ситком сместен во научно фантастична средина. Кога решија последните сезони повеќе да се осврнат на сај фај малку затупеа. "Back to Earth" беше добар обид за обновување на серијата, само што малку ми беше чудно без студиска смеа во позадина. Еве викаат нови епизоди ке правеле само нека не чекаат пак по 10 години за снимање.
--- надополнето: 10 август 2012 во 16:53 ---
Инаку "Babylon 5" e предобра сај фај серија. Најепска приказна што е прикажана на мали и ЛЦД екрани. Господар на Прстените, вселенска опера, Дина, светски митови и легенди, Ловекрафтски хорор, грчки трагедии и Шекспир да се помешаат во миксер и го добиваш Бабилон 5. Ремек дело на Страцзински.
Мира Фурлан има главна улога во серијата
.