Twilight Zone - По многу нешта единствена за мене. Оригинална е, со квалитетни сцанарија и со солидна глума. Не ми пречи тоа што e црно-бела, приказната надоместува за се. Премолчена инспирација за многу сегашни развикани sf филмови и серии.
The X-Files - Се појави во време кога (ми се чини) не правеа толку многу sf на телевизија, барем не квалитетен. И ден денес гледам по некоја епизода. Би можеле пак да направат барем една сезона (филмовите никогаш не биле којзнае што), додека не ги испратат во старечки дом
Doctor Who - Како дете имам изгледано неколку епизоди од старите серии (се снима од 1963 со доста прекини до денес) и ми се допадна. Но новите доктори не се за потценување - хумор, навидум наивни приказни, интересни заплети и променлив главен протагонист. Можеби единствената серија која толку пати си го менувала главниот актер и притоа не изгубила во квалитетот. Дури некои споредни рољи се подолго од некои доктори.
Star Trek:The Next Generation - Од неколкуте серијали на оваа тема (слично како и кај докторот, и овде се менува не само главниот лик, туку и целата екипа) сметам дека оваа го има достигнато врвот во квалитетот. Подобра ми е од постарите Star Trek филмови, подобра од новите серии. Патрик Стјуарт не е исто што и Џејнвеј, Сиско или Арчер, а не е полош од Кирк. Безличниот Дата е незаменлив.
Овие серии си имаат и супер теми. Вреди да се видат и слушнат уште еднаш: