- Член од
- 8 август 2015
- Мислења
- 274
- Поени од реакции
- 134
Научниците од универзитетот во Саутхемптон пронајдоа доказ дека свеста продолжува барем неколку минути а може и саати по клиничката смрт, што до сега се сметаше за невозможно.
Смртта е неизбежен завршеток на животот, но научниците веруваат дека откриле ново „светло на крајот на тунелот.“
До сега најобемното истражување за смртта, докажа дека и откако мозокот ќе се исклучи, некој дел од свеста останува активиран.
Научниците цели 4 години истражуваа над 2.000 смртни случаи во 15 болници во Велика Британија, САД и Австрија.
Откриле дека речиси 40% од луѓето кои доживеале клиничка смрт, на некој начин биле свесни од моментот по застанувањето на срцето, до моментот на оживување.
Еден од испитаниците дури и опишал како „го напуштил своето тело“ и надвор од него гледал како сите се борат за неговиот живот.
Иако овој маж стар 57 години бил „мртов“ нешто повеќе од 3 минути, тој детално им опишал сè што видел.
„Знаеме дека мозокот не може да функционира кога срцето ќе престане да чука. Но, во овој случај изгледа свеста останала будна тие 3 минути кога срцето не чукаше,“ рекол водичот на ова истражување
Тој вели и дека пациентот опишал сè што се случувало додека докторите се труделе да го оживеат.
„Човекот опиша сè што се случуваше во просторијата, но она што е уште поважно, слушнал звуци од машината која се огласува во интервали од 3 минути. Така можевме да откриеме колку долго траеше неговото вонтелесно искуство. Неговите зборови ни се чинат веродостојни и навистина сè што кажа вистински се случи додека беше клинички мртов.“
Од 2.060 пациенти на кои им застанало срцето, преживеале 330, од кои 140 рекле дека имале одреден облик на свест пред да бидат оживеани.
Испитаниците генерално не можеле да се сетат на деталите, но научниците забележале дека дел од описите се поклопуваат. Еден од пет испитаници опишал дека чувствувал спокој, а секој трети споменал чувство на забрзување или забавување на работите.
Некои кажувале дека виделе светлина како златен одблесок, а други рекле дека се чувствувале како да се дават и тонат. Само 13% од испитаниците рекле дека го почувствувале двоењето од телото.
„Овие резултати налагаат понатамошни истражувања,“ вели водичот на ова истражување.
„Постојат многу добри докази дека свеста постои и по смртта. Сè уште не знаеме што точно се случува по клиничката смрт, но се надеваме дека овие истражувања ќе ни помогнат да дојдеме до нови научни сознанија.“
Доктор Сем Парниа тврди дека за многу брзо време ќе ни го кажат или потвртат тоа

Using Science To Study The 'Afterlife': Closer To An Answer | TODAY
As TODAY’s special series “Do You Believe: Touching the Afterlife” continues, correspondent Jenna Bush Hager visits Dr. Sam Parnia of the State University of...
www.youtube.com
Researchers say there's evidence that consciousness continues after clinical death
Researchers at NYU's Langone Medical Center have conducted a study of patients who have experienced near-death experiences, and the results are intriguing an...
www.youtube.com