Научив дека цел живот е само учење, учење, па повторување на наученото...е сега, колку Бог дал ум, тука нема помош, нема прекројување, или ќе паметиш или брзо ќе забораваш.
Научив една добра работа, а тоа е да ги ценам и почитувам тие што ги трпеле сите мои испади, повишениот тон, бесот, оправдан или не, оти тоа е всушност љубов, ги трпат без приговор сите мои фази на расположение.
Понекогаш се чудам како и ме истрпувале...
Научив да не си верувам сама во себе, оти поред детето што седи во мојата душа, тука е и еден ѓавол кој успева да дојде до израз.
.