Научив дека...?!

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
220
Поени од реакции
252
Еве една интересна тема која,се надевам,ќе не стави во една позиција на самоиспитување.Сметам дека за секоја индивидуа е полезно да прави вакви сублимати кои директно влијаат на нашиот понатамошен интелектуален и духовен развој...особено кога ќе помине некое време и ќе си го прочитате вашиот пост :)
Коментарите на постовите се исто продуктивни кога не служат за нечија деградација и потсмев...но ние овде на форумот знаеме да бидеме пристојни...нели?!

Е добро,тој што ја отвора темата почнува прв...

...научив дека кафани,меани и тони алкохол само ми ја замаглуваат сликата за сопствениот живот и ме влечат на дното
...околината и луѓето во неа се тешко променливи па засега успевам да ги прифатам и толерирам такви какви што се
...она "ПРИСУТЕН СЕГА и ОВДЕ" уште не ми оди од рака КАКО ТРЕБА,затоа што сеуште имам потешкотии со она КАКО ТРЕБА
...научив нов странски јазик
...на емоциите секојдневно им давам по една "лекција за добро однесување",затоа што многу лесно ме ставаат во несакани ситуации
...трпеливоста сеуште ми е голем недостаток,но работам на тоа
...научив дека искреноста е доблест,но и голем хендикеп коге ќе одлучам некои цели да ги спроведам во реалност
 

Sasa Ilic

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
2.799
Поени од реакции
6.775
Постои карма, т. е. кога на друг му направам нешто лошо и мене ми се враќа.
 
Член од
9 јуни 2019
Мислења
69
Поени од реакции
62
Јас научив дека вербата е темел на постоењето
 
Последно уредено од модератор:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
220
Поени од реакции
252
...во ред,сметам дека темата е преамбициозна и можеби во некоја иднина некој и ќе почне отворено да зборува за себе.Можеби и мојот начин на размислување е неконвенционален,но во никој случај нападен и без респект према единката и членовите на овој форум :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.874
Поени од реакции
10.709
Дека Браман е ултимативниот доживувач и дека се се стреми кон "убаво" и "добро" што се уствари такви какви што се благодарение на некои математички принципи.....нема нешто што ми е појасно од ова.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.888
Дека ни треба камшикар
... на цела човечка раса :)

И дека има таков, и супер што постои.

Дека е најтапа ствар што се случуваат несвесни срања, едино ако тие се предетерминирани (судбина) или постдетерминирани (далеку понесакана судбина), тогаш е до негде Ок.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.874
Поени од реакции
10.709
Дека не треба да се верува на никој. Едино сам себеси.
Малку офтопик....скоро го слушнав. На прашање, абе на мене ли не ми веруваш можеш да одговориш со: абе јас на тебе ти верувам, ама на ѓаволот во тебе не му верувам. Како магија против уроци делува...го средуваш за секунда хахахх.
 
Член од
9 јуни 2019
Мислења
69
Поени од реакции
62
Малку офтопик....скоро го слушнав. На прашање, абе на мене ли не ми веруваш можеш да одговориш со: абе јас на тебе ти верувам, ама на ѓаволот во тебе не му верувам. Како магија против уроци делува...го средуваш за секунда хахахх.
Левово око на десново не верува па дали ја на тебе (малце по селски) xD
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.549
Поени од реакции
5.031
- Убавите моменти често траат кратко. Треба да се ужива во нив додека се тука. Да се искористи секоја секунда дури и кога знаеш дека се’ ќе заврши наскоро.

- Ако сакаш да кажеш нешто важно некому, кажи го сега. После може да биде предоцна.

- Освен од најблиското семејство и евентуално 2-3 најблиски пријатели, човек не треба да очекува ништо посебно од другите луѓе. Секој ги става своите интереси на прво место и го менува односот према тоа.

- Најголем фактор за остварување на целите е упорноста. Секако, ако целите се реални и не се деструктивни.
 
На врв Bottom