Натпреварувачки дух?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Колку имате потреба за натпреварување со другите во секојдневниот живот?
Со кого и на кое поле се натпреварувате најчесто?
Што повеќе сте успеале да остварите до сега - победи или порази?
А што повеќе ве мотивира да продолжите да се натпреварувате?

Колку е добро да се има натпреварувачки дух и дали тие кои го поседуваат се поуспешни луѓе од останатите?
Би ја нарекле оваа карактеристика негативна или позитивна и зошто така или така?:smir:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Се имам натпреварувано, и продолжувам да се натпреварувам. Не само на официјални натпревари, туку во секојдневни резултати. Најчесто на струката, но имам чепнато и други области. Имам постигнато и ептен добри резултати, ама не се фалам овде :baeh:

Да коментирам овде, не верувам дека е правилно. Би бил пристрасен.

Чекам другите да ме осудат или да ме пофалат.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Натпреварувачкиот дух е буквално на секаде.
Дали свесно или несвесно, сите ние(со исклучок на, за среќа мал процент) постојано се натпреваруваме да постигнеме нешто повеќе, да бидеме нешто повеќе во животот.

Мене лично, било кое поле што ме интересира ( на пример во последно време што подобри слики се трудам да направам, на часовите по општествените науки се трудам да сум подобра од другите... ) го поттикнува мојот натпреварувачки дух и сметам дека тој дух ми е лично на мене потребен и дека секој треба барем малку да го има.
Секако дека не може секогаш да бидеш најдобар и да постигнуваш најдобри резултати, но битен е фактот дека си се потрудил најдобро што можеш и наредниот пат ќе бидеш дури подобар.

И општо земено, сметам ека натпреварувачкиот дух е подобра иднина за сите, напредок на било кое поле, а не само цупкање во место или уште полошо- одење наназад.
Не е страшно да не ја постигнеш целта, страшно е да ја немаш.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Па не го сметам натпреварувачкиот дух како баш како позитивна особина,повеќе ми делува како последица од љубомора,бидејќи најчесто,барем јас како што сум ги протолкувала натпреварувачите,сакаат да бидат во секој случај подобри од другите или другиот,иако тоа не е можно.Секој тест на школо (пример само),го сметаат за натпревар,и ако ја добијат повисоката оценка, некако ко да ги гледаат "од високо" тие што ќе "останат поназад".Значи,една обична случка ја претвораат во натпревар,и доколку не ја постигнат целта(победата) ќе се "изедат".
Меѓутоа,тоа не ги прави подобри и поуспешни од другите,туку само попосветени во тоа што го прават,со цел да биде најдобро,најубаво.
Сега,не треба да се нема натпреварувачки дух,треба да се има,ама да не ти биде опсесија победата,туку да имаш желба нештата да ги направиш подобри.

Не го практикувам многу натпреварувачкиот дух,ама ако приметам дека некој сака да биде подобар од мене (значи само од мене,не од сите) интересно ми е и го прифаќам предизвикот и се натпреварувам само со таа личност.
Е за мотивација со вакви личности ми служи нивната глупавост и зависност да бидат подобри од мене.

Немам голема потреба од натпреварување,ептен во некои случаи како горенаведенот се натпреварувам,инаку не ме интересираат другите,јас знам дека моето дело е добро и мене ми е доволно тоа,не живеам јас за другите,за да бидам подобра од другите,живеам за себе и да си го направам мојот живот убав да ми биде мене.Ако чекам на нечија пофалба,ако се обидувам да бидам најдобра од милион луѓе што ги знам,далеку ќе стигнам(ха).Затоа не се натпреварувам.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Не се замарам.Ако дојдам до мисла дека се натпреварувам со некого значи сум почнал да правам споредби.А пошто цел живот се трудам да си терам свој филм,немам потреба на било кого да му докажувам било што.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Натпреварувачкиот дух е буквално на секаде.
Дали свесно или несвесно, сите ние(со исклучок на, за среќа мал процент) постојано се натпреваруваме да постигнеме нешто повеќе, да бидеме нешто повеќе во животот.
Не е страшно да не ја постигнеш целта, страшно е да ја немаш.
Се сложувам со Маwечко. Свесно или несвесно сите се натпреварувме барем на некое поле од животот да бидеме подобри од другите. Или се натпреваруваме со другите или пак со самите себе. Убаво е човек да се труди да биде подобар од другите,ама сепак и тоа има граници. Тоа не треба да премине во опсесија и по секоја цена да се стигне на врвот.
Ако не со другите, тогаш добро би било да се натпреваруваме самите со себе и секој нареден пат да бидеме се подобри.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колку имате потреба за натпреварување со другите во секојдневниот живот?
Со кого и на кое поле се натпреварувате најчесто?
Што повеќе сте успеале да остварите до сега - победи или порази?
:smir:
Па имам натпреварувачки дух,меѓутоа не ми е целта колку да покажам- еј види ме јас сум победник.
Едноставно имам сфатено дека животот е борба и дека посилниот го јаде помалиот и дека секој мора да се бори за да го добие тоа што го сака,па аналогно на тоа и да се натпреварува.
Натпреварувам ми е некако неесодветен збор за да го опишам тоа што го мислам.Повеќе би рекла дека се борам.Претежно да речеме на факултет,во дискусии,во областа која ја сакам и која сакам да ја работам во иднина.Се натпреварувам секојдневно.Повторно ќе кажам,малку ми е чуден зборот натпреварува,но тоа е реалноста.Сепак сум фер плеј играч,не сакам да зезнам никого,па некако во таа борба или натпреварување гледам да биде пријателски меч.Не сакам да расипувам пријателства со никој,ниту пак да газам некој со цел да го освојам тој замислен натпревар.
Јас би рекла дека се натпреварувам за да го добијам она кое што го заслужувам и дека ако го заслужувам ќе го добијам.

Ако гледаме во поле на образование сум добивала речиси секогаш победи.Во поглед на иднина,кариера,образование сум доста амбициозна и речиси секогаш ми успева да го добијам со труд она што сум го сакала.Дали прием во државна квота на факултетот кој највеќе сум го сакала,дали висока оцена... како и да е во тој поглед сум излегувала речиси секогаш како победник.

Но, морам да напоменам дека има и еден друг вид натпреварување,кое според мене е можеби и најтешко. Тоа е натпреварувањето сам со себе.Борба за емоционална стабилност и сигурност.Е во овие борби сум постојан губитник,но и покрај тоа не се предавам и продолжувам понатаму со натпреварот.Се борам сама со себе,се натпреварувам сама со себе,за да ја добијам емоционалната стабилност и сигурност која ми е толку потребна,но не можам се уште да ја постигнам.Но,сепак сеуште ништо не е готово.:)

А што повеќе ве мотивира да продолжите да се натпреварувате?
Желбата и волјата да успеам.Кога нешто сакам,кога се посветувам на нешто со љубов,сакам да го добијам и да излезам до тоа како победник.Пред се заради самата себе.Сметам дека се може човек да добие со вистинска мотивираност.Љубовта кон тоа што е целта е најбитна и најголема мотивација,барем за мене.

Колку е добро да се има натпреварувачки дух и дали тие кои го поседуваат се поуспешни луѓе од останатите?
Би ја нарекле оваа карактеристика негативна или позитивна и зошто така или така?
Се што е претерано не чини.Болната заслепеност и амбициозност и по секоја цена да се “победи“ без разлика на последиците,не може да донесе ништо позитивно,само контраефект.
Убаво е човек да биде мотивиран,да има натпреварувачки дух,тоа и позитивно влијае на самата надградба на човекот и може да придонесе и за поголем успех во работата,но да се има умереност.Ако некој слепо гледа само да нижи победи,а притоа ги занемарува сите останати пропратни работи како љубовта, дружењето и сите други работи кои го сочинуваат животот,тогаш џабе му е се.Да речеме ќе ја добие работата која ја сака,ќе биде успешен,но затоа ќе има огромна празнина и дупка во останатите делови од животот.Не треба пак ниту човек да не се замара за ништо и да не го интересира,да не проба да се бори, зашто во таков случај ќе го проголта машината наречена реален живот.Животот како таков сам по себе е борба,човекот е принуден да се натпреварува,а да не збориме дека и во голем дел и од сферите на животот има постојани натпревари.

Златна средина најубаво е.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Секој ден ми е натпревар, да успеам, еден чекор понапред, еден чекор поблиску до целта , чекор до успех,
Да имам таков дух, малце див и темпераментен, го контролирам или не, времето ке покаже, зачинет со голем степен на ризик, и прифаќање ризици.
Пред се упорноста и агресивноста кон целта се сами носители на тој дух, со надеж дека еден ден ке ни се исплати
Прашање Да или Не ? :vozbud:
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Нон-стоп има некој натпревар, нешто само да се докажи мора пред другите, дека си подобар па било во PlayStation или пак општо онака, како човек дали си подобар. Такви ми се и другарите, и искрено баш убаво ми е што ги имам. Се случуваат и крвнички расправии, ама сепак, победува другарството со простување.
Слично вакво нешто се случува кога се игра PESoccer на PStation. Еве една случка после постигнат гол.

Леле, леле, колку сум јак
-Море прекини врска немаш.
Леле, верувај појак од мене нема.
-Абе шо нема, мрсул очигледно е дека врска немаш.
Аман бе сине, се налути..
-Не, уживај и играј.
Ок. (Кратка пауза, 10тина секунди) Ама признај колку сум само јак. :pos:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Јас имам натпреварувачки дух но, се “натпреварувам“ само кога ќе увидам дека некој сака да биде како мене или подобар од мене. Многу мрзам така кога некој ми се прави подобар,а всушност не е, и избира погрешни начини за да го докаже тоа. Ич не ги сакам таквите луѓе.

А инаку јас не би го нарекла тоа натпреварувачки дух, туку повеќе би се нарекла борец, затоа јас се борам за тоа што го сакам. Таква сум по природа, борец.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас пак немам натпреварувачки дух нити пак некогаш сум го имала. Она што навистина го сакам порано или покасно секогаш сум го добивала. Задоволна сум со она што го имам и тоа доволно ми е.Воопшто не ми е битно дали ќе бидам прва или последна во нешто, битно ми е да успеам во тоа нешто.Подеднакво сум имала и победи и порази но ниту едното ниту другото не ме навеле на натпревар. Поразите само ме навеле повеќе да се трудам но не и да се натпреварувам.Не знам дали натпреварувањето самото по себе е добро или лошо.Искрено јас мразам кога губам можеби и затоа не го сакам натпреварувањето.
 

Љупка

CLAW
Член од
30 јули 2008
Мислења
69
Поени од реакции
5
Натпревар со другите?Па...
Побрзо тоа би го нарекла успех отколку натпревар...
Некако е грубо кажано тоа „се натпреварувате со другите„
Јас мислам дека треба да си гледам за себе и да не се натпреварувам со другите затоа што секој си е заслужен за својот успех!
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Натпеварувачки дух...и тоа до смрт! Секојдневно е тоа во секое поле...обожавам натпревари кога победуваш ти е мило :je: кога не подаваш рака :nesum:и се трудиш наредниот пат да бидеш подобар :vozbud:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.725
јас сум ладен тип и не се натпреварувам со никој, освен ако немам некоја корист.
 
С

Сатори

Гостин
Колку имате потреба за натпреварување со другите во секојдневниот живот?
Имам потреба, да.
Сакам да победувам и да си докажувам дека сум добра во нешто, покрај фактот дека прави да се чувствувам добро, убаво ми е да знам дека сум се борела.
Борбата според мене, натпреварот, е прилично битен за животното искуство.
Со кого и на кое поле се натпреварувате најчесто?
Со сите, иако со дечко ми ми е најмило да се натпреварувам зошто и кога губам добивам. :pipi:
Претежно, кога сум на училиште, се натпреварувам за знаење, докажување поенти и сл.Сакам конкретни полиња во кои што можам да се докажувам, секако, сите друштвени игри ми се интересни за пријателски натпревар.
Посебно пикадо и хант, ама и во тоа ќе се подобрам, кај и да е.:smir:
Што повеќе сте успеале да остварите до сега - победи или порази?
Еднакво. :)
А што повеќе ве мотивира да продолжите да се натпреварувате?
Желбата за победа и сатисфакцијата.
Насмевката на крајот од завршената работа.
Колку е добро да се има натпреварувачки дух и дали тие кои го поседуваат се поуспешни луѓе од останатите?
Можеби, најверојатно.
Мораш да бидеш амбициозен за да стигнеш некаде и мораш да знаеш што сакаш и како да го добиеш тоа за да бидеш успешен.
Би ја нарекле оваа карактеристика негативна или позитивна и зошто така или така?:smir:
Се додека е умерена, убаво е, кога ќе прерасне во болна посесивност, тогаш навлегува во негативен домен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom