Натписот од Воден

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Коловрт, ај прво види од каде ти е линкот и размисли добро друг пат што постираш.
Најди барем еден релевантен линк што го цитира истово што се кажува тука, или барем некоја научна студија или барем абстракт за "чудово" пред да тврдиш нешто.
Ај да ти помогнам = НЕМА такво нешто, не постои..!

Аман од вакви виртуелни глупости...
Напиши го само тој фамозен Ahmet Leitani од Beirut во google и освен десетина sqip форуми и оваа небулознава булгар-мак страна што без потреба ја промовираш овде никој, ама баш НИКОЈ нема поим ни за "плочава", ни за "познатиов научник од Бејрут".

Редно е малку од малку да се поднаучиме да не паѓаме на вакви ефтини финти...
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Пред влезот на еден хотел во Охрид едно скорашно лето стоеја две камени глави- изгледаа вчудоневидувачки- прастари, со лишаи...мислам едната глава беше од јарец а другата од дете. Поминаа словенци и почнаа да се сликаат со главите. Ме прашаа, “од каде се овие, како се најдоа пред хотелот?“ и во мено проработе итарпејовското па се помајтапив дека некој селанец од планинско село над Охрид ги откопал и му ги продал на газдата на хотелот. Не им се веруваше, воздивнуваа, се чудеа, а во себе сигурно мислеа, глупавиве македонци пак си го запоставиле културно наследство.

За камењата знаев претходно дека потекнуваат од некој дечко што живее во изолација и се занимава со клесање камења. Ги обликува, ги моча, па ги копа за на крај да постигне ефект “од 5000 години“.
(патем, ако некој има информации (тел, адреса или место на живеење) за клисарот нека напише пп, стварно ми треба инфо.

Поентата е, додека не видам “карбон дејтинг“ од плочата не верувам ни грам од тоа. Луѓе фалсификуваат евра, долари и ајфони а не па камени плочи.

--- надополнето ---

Ovoj natpis kako i niza na drugi proizveduvani vo 18 i 19 vek,bi gi zacinal so 1 kg sol...
Proizvod na Stoidis od Voden....se vrti 10 godini na net
Бугариве толку ненадарена хор(д)а се упм да се однесат. Аппла си го свртеле на бугарски клисаното писмо...исто ко “писмото“ од Гоце Делчев што го вртат по интернет (со кое се служеа грците во преписките за статијата на the economist) во кое Гоце пишува дека “сите ние сме бугари ама си патиме од иста дрн дрн дрн“. Им кажал ли некој дека Дејците комуницирале со тајна азбука?
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Коловрт, ај прво види од каде ти е линкот и размисли добро друг пат што постираш.
Најди барем еден релевантен линк што го цитира истово што се кажува тука, или барем некоја научна студија или барем абстракт за "чудово" пред да тврдиш нешто.
Ај да ти помогнам = НЕМА такво нешто, не постои..!

Аман од вакви виртуелни глупости...
Напиши го само тој фамозен Ahmet Leitani од Beirut во google и освен десетина sqip форуми и оваа небулознава булгар-мак страна што без потреба ја промовираш овде никој, ама баш НИКОЈ нема поим ни за "плочава", ни за "познатиов научник од Бејрут".

Редно е малку од малку да се поднаучиме да не паѓаме на вакви ефтини финти...
Не тврдам ништо... Уште во првата реченица го искажав мојот сомнеж. И линкот е даден не со цел да ја „промовирам“ вулгарската страница, туку баш да се знае од каде иде ова „откритие“.

Што се однесува до можниот фалсификат, мислам дека ако веќе е постоечки, повеќе би можел да биде албанско масло отколку бугарско (чим веќе рече дека излегувале десетина sqip форуми). Бугариве едноставно пренесуваат....
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Не тврдам ништо... Уште во првата реченица го искажав мојот сомнеж. И линкот е даден не со цел да ја „промовирам“ вулгарската страница, туку баш да се знае од каде иде ова „откритие“.

Што се однесува до можниот фалсификат, мислам дека ако веќе е постоечки, повеќе би можел да биде албанско масло отколку бугарско (чим веќе рече дека излегувале десетина sqip форуми). Бугариве едноставно пренесуваат....
Добро, можеби бев малку погруб во предходниот пост ама стварно е редно барем малку да помислиме пред да постираме тука било што.
Маслото е токму од таа смешната бугарска страна што си ја постирал, па потоа е превземано од неа и на неколкуте албански форуми кајшто демек се дебатира околу оваа чиста глупост и измислица.

Не велам дека сакаш да ја "промовираш" таа страна, ама несвесно го правиш тоа.
Темава е отворена и толку несреќно насловена (можеше барем да додадеш еден прашалник на крајот за да се знае дека е едно големо МОЖЕБИ, а не вистина), и веќе има 900 и кусур прегледи. Плус сигурно барем 2/3 од тие што ја отвориле кликнале на линкот со што и го качуваат рејтингот на страната и таа се качува погоре и се појавува почесто како резултат што се покажува на интернет пребарувачите како google. И со тоа сами допринесуваме другите да ја даваат нивната искривена и лажна слика за нас.
Значи, без лутење ама од толку години сурфање по нетов до сега требаше да научиме некои основни рабоќе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom