Настани, случувања, признанија... работи кои не прават да сме горди Македонци

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Еве уште една тема каде би сакал да ги собереме сите работи кои во денешно време не прават да се почувствуваме горди на она што сме, да си ја сакаме Татковината и нашите сограѓани и заедно да работиме за нејзиното подобро утре!:smir:
Од спортски настани до политички говори и дела, дела на обични граѓани, признанија од странски организации, државници,победи на разни фестивали.... се позитивно што ќе ви падне во рака постирајте го овде.

-Најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици
на аукција во големата Сотби аукциска куќа.
- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози,
се прокриумчарени од Прилепско.
Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
- Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот
на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.
Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата
и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости.
- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот - "ВИА ИГНАЦИЈА"
- Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
како измислените пештери во господарот на прстените.
- Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица. Дебарско.
- Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.
- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год.
и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.
- Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри
кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.
Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици
на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави,
ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
- Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год.
во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба
на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година,
каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
- 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
- Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора
во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник.
Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле.
Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани.
Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
- Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот...
останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.
Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.
- Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа охридско е и најдлабоко на Балканот.
Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност..
- Првата железничка пруга на Балканот Салоника - Скопје е изградена во 19-от век.

-Кина, најверојатно, ќе набави 100 до 300 тони македонски мед за потребите на спортистите на претстојните Олимписки игри, кои ќе се одржат во август, во Пекинг, дознаваме од македонските пчеларски здруженија. Македонскиот мед влегол во потесен избор за снабдување на Олимписките игри, откако лани летото, преку кинеската амбасада во Скопје, во Пекинг биле испратени примероци за дегустација и проверка на неговиот квалитет.
Дефинитивниот избор на снабдувачот на Олимписките игри со мед ќе биде извршен во мај, по што треба да се потпишат официјални договори. Пчеларите се уште не знаат по која цена ќе го извезуваат медот, но за нив е прифатлива и просечната цена на светската берза. Голема придобивка ќе биде тоа што етикетите на медот ќе бидат единствени и на нив јасно ќе стои дека медот е од Македонија.

-Пред неколку дена Македонија победи на интернационален фестивал за храна во Дубаи во конкуренција на 40 други земји.

-Македонската газирана Добра Вода освои прво место во САД.

Најмладиот мајкрософт администратор во светот Марко Чаласан кој во весникот „Тајмс“ беше претставен како Моцарт на компјутер и има само 8 години.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Македонија разеленета со уште 7,5 милиони дрвца

Над 7,5 милиони садници денеска се засадени на околу 100 локации низ Македонија во рамки на петтата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ која првпат има и регионален карактер, а се реализира под слоганот „Растеме заедно“.

Во акцијата се вклучија претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, членови на Владата, пратеници, припадници на АРМ, ученици,...

Претседателот Иванов, кој засади дрвца во Велешко, оцени дека акцијата обединува без разлика на верската, етничката и социјалната припадност.

- Особено сме горди што младите ја прифаќаат оваа иницијатива. Меѓутоа, радува и фактот што на конференцијата за климатски промени во Копенхаген оваа идеја, која беше потикната од Македонија, беше прифатена како регионален проект од земјите од регионот, како и тоа што се шири свеста дека треба да мислиме за идните поколенија и да им оставиме здрава околина, рече претседателот Иванов.

Премиерот Груевскии истакна дека од оваа година, иако симболично, акцијата почнува да станува регионална. По засадувањето дрвца во месноста Три Круши, Груевски потсети дека акцијата „Ден на дрвото“ почна по пожарите што ја зафатија Македонија во 2007 година....

http://www.sitel.com.mk/node/11468
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
може да се додаде тука оној штипјанецот кој помина 3000 километра а сепак е инвалид... сепак вреди и не е за потценување воопшто!

Друго... може да се додаде издржувањето на 5 вековното турско ропство

пребогатиот фолклор на старата македонска музика како и нејзините неправилни ритмови

последново верувам дека малкумина земји го имаат бидејки имаме навистина интересен фолклор, посебно тие неправилни ритмови. како за пример ке наведам една случка. пред некоја година на еден концерт дојде стручњак од америка за музика и слично.. човекот ги гледаше танец како настапуваат и остана со вилицата до земја. праша некој колега од македонциве каков ритам е тоа и никако неможеше да најде смисла (незнам за кое оро поточно стануваше збор) по завршувањето на настапот сакаше лично тапанарот да му отчука некои од нашуите традиционални ритмови... едно ке кажам.. кога слушаше човекот само рече О МАЈ ГАД.. едноставно импресиониран беше. а бидете сигурни не бил само тој има многу држави кои се воодушевуваат на македонските стари игри и песни.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ова го имаше во еден весник, па набргу потоа сите без да проверат го презедоа и го објавија по разни блогои и портали.

Македонија има 1001 убавина и факти коишто не прават сите нас горди, ама дел од напишаното во статијата е непроверено и не докрај објективно, а некаде и целосно неточно.

- Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.
Ататурк е роден во Солун, а поврзаноста со Битола е што учел школо таму

Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год.
Плестинската химна не е таа, туку оваа линк. Песната е просто песна и колкушто знам е е одлично прифатена од Палестинците, ама не би можело да се каже дека е најпозната.

- Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
како измислените пештери во господарот на прстените.
Беше објавено ова на сајтот NYtimes, а за во весникот нз дали го имало. Како и да е не новинарот на статијата ја направи оваа споредба, туку соговорникот кој беше Македонец.

...
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Супер! За некои од овие работи не сум знаел и прв пат читам за нив.:vozbud:
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Дали тука може да се додаде следново нешто:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Пештера_Врело

Пештерата Врело,која претендира да биде една од најдлабоките пештери во Европа,а може би и во светот.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75

-Голот на Шаќири од натпреварот Англија - Македонија.

Горан Пандев - Макидонцем :wink: Интер - Милан градско дерби 2010 (2:0)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Адам од Македонија - фигура на човек стара 6000 години! Една од најстарите пронајдени фигури на човек во светот.

Адам од Македонија е назив на мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 година на археолошкото ископување на локалитетот Говрлево (крај Скопје). Фигурината која е датирана помеѓу 4-от и 3-от милениум п.н.е представува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Еве уште една тема каде би сакал да ги собереме сите работи кои во денешно време не прават да се почувствуваме горди на она што сме, да си ја сакаме Татковината и нашите сограѓани и заедно да работиме за нејзиното подобро утре!:smir:
Од спортски настани до политички говори и дела, дела на обични граѓани, признанија од странски организации, државници,победи на разни фестивали.... се позитивно што ќе ви падне во рака постирајте го овде.

Повеќето работи што ги поседува Македонија имаат поврзаност некаква со минатото, што е уште еден доказ дека Македонија има богата историја.Но, сето тоа е џабе кога ние не знаеме како тоа да го презентираме на светот, кога дозволуваме скапоценостите од ова парче земја да ги зема некој од страна (случај „Алшар“ пр. со германските професори), и кога го насочуваме нашето внимание на сосем погрешни работи, на работи од кои и не може да се оствари толку голем профит.
Штета што во Македонија археологијата не е развиена, и штета што многу малку пари се вложуваат за ископување и сл. зошто археологијата може на Македонија да и донесе многу пари.
Тоа е тоа, во државава секогаш вниманието се насочувало на сосем погрешни работи, наместо на оние работи од кои може да се полни државната каса.
 
Јас мислам дека оваа влада пак е осудувана дека премногу вложувала во археолошките ископувања!?
Се согласувам потполоно со тебе. Време е да го вклучиме алармот можеби и да се насочиме кон вистинските работи. Мој совет е дека како (обични граѓани - како што сум јас) треба да го искористиме нашето мало влијание да апелираме за се она што не чини во Македонија , во секоја прилика. Некои од нас имаат повеќе , некои помалку такви можности, но треба да се искортистат сите макслимално за да барем ние како генерација го започнеме процесот на промени во позитивна насока - на секое поле.

А сега назад на темата:

Младиот Македонец Велјан Митровски втора година по ред ја освојува наградата на натпреварот на основни училишта на ниво на Вашингтон – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија.
Тој направил споредба меѓу соларна плоча и ветерна турбина – чиј генератор произведува повеќе електрична енергија.
- Во овој проект споредував два генератори – соларен панел и ветерна турбина. Соларниот акумулира енергија од сонцето, сијалици или други ресурси. Кај ветерната турбина ветрот им помага на турбините да се вртат. Акумулира енергија и ги осветлува сијаличките, вели младиот Македонец во изјава за Гласот на Америка програма на македонски јазик.
Велјан, кој во САД живее само неколку години, работел три месеци на анализата. Доколку сакате да инсталирате соларни плочи или ветерна турбина за електрична енергија, Велјан ја препорачува втората варијанта, затоа што акумулира енергија и навечер.
Со ентузијазам на млад истражувач наведува дека неговиот проект би можел да се спроведе во Македонија, но би чинело многу пари - пресметува 60.000 долари за снабдување на една куќа со ветерна турбина.
Му било чест што го претставувал училиштето, а соучениците се горди што ја освоил наградата. Минатата година, за освоената прва награда за изумот за заштеда на електрична енергија во системот за регулирање на сообраќајот, од татко му доби подарок лап-топ. Не го крие задоволството дека годинава ќе добие нов Ај-под-тач.

П.С. За работите кои ни сметаат , срамуваат или воопшто не ни се допаѓаат, отворив тема „ Македонија 2010 - срамотилаци“. Чувствувајте се слободни да се искритикувате самите, нашата Татковина, сограѓани, политичари, организации и се што е за критикување во Македонија денес.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Македонска топчеста окарина од неолитот

Македонскиот уникатен инструмент, топчестата окарина, датира од неолитскиот период. Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа, направен од некој голем ум, од човек кој точно знаел што сака и каков звук да произведе. Окарините ги има во најразлични облици, но најкарактеристичниот облик е баш Македонскиот, кој е тркалезен, и е само со три отвори. Чудо се случи кога Даутовски повторно ги повика гласовите стари илјадници години, а звукот што излезе од неа беше вонвременски и вонпросторен, потсетуваше на светската музика на сите најстари цивилизации на човештвото. Концертната промоција на топчестата флејта е прво искуство во Македонија на еден поинаков начин да се постави еден движен археолошки наод.
Извор
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Младиот Македонец Велјан Митровски втора година по ред ја освојува наградата на натпреварот на основни училишта на ниво на Вашингтон – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија.
Тој направил споредба меѓу соларна плоча и ветерна турбина – чиј генератор произведува повеќе електрична енергија.
- Во овој проект споредував два генератори – соларен панел и ветерна турбина. Соларниот акумулира енергија од сонцето, сијалици или други ресурси. Кај ветерната турбина ветрот им помага на турбините да се вртат. Акумулира енергија и ги осветлува сијаличките, вели младиот Македонец во изјава за Гласот на Америка програма на македонски јазик.
Велјан, кој во САД живее само неколку години, работел три месеци на анализата. Доколку сакате да инсталирате соларни плочи или ветерна турбина за електрична енергија, Велјан ја препорачува втората варијанта, затоа што акумулира енергија и навечер.
Со ентузијазам на млад истражувач наведува дека неговиот проект би можел да се спроведе во Македонија, но би чинело многу пари - пресметува 60.000 долари за снабдување на една куќа со ветерна турбина.
Му било чест што го претставувал училиштето, а соучениците се горди што ја освоил наградата. Минатата година, за освоената прва награда за изумот за заштеда на електрична енергија во системот за регулирање на сообраќајот, од татко му доби подарок лап-топ. Не го крие задоволството дека годинава ќе добие нов Ај-под-тач.
Еве клип со детево како објаснува за наградата.
Секоја чест :trepka:

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Секоја почит до Велјан и семејството Митровски.
Малечок јас веќе те сакам :aplauz:
Се надевам постојат доволно интелегентни личности кои ќе ги искористат (бај д’веј - искористат не значи слоупотребат) изумите на нашите генијални Македонски умови.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
По знаење во Македонија.

Покрај тоа што студентите мечтаат да заминат во Германија, Англија, Франција, САД исто така по знаење може да се појде и во Македонија. Во тоа се убедила студентката Елина Багаутдинова. International Summer University Macedonia (ISUM).

http://www.hr55.ru/candidate/anonce/education/article/2121/
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Биопластика што се добива од растенија и се разградува за дена година, за овој проект седумнаесетгодишните Николче Колев и Стефан Кузмановски добија Гранд при во категоријата екологија на Светскиот натпревар за иновации што се одржа во Хјустон, САД.
„Тоа е биопластика што се разградува побрзо од останатите пластики и во исто време е произведена од биолошки материјали, од биомаса и она што ние го користиме ништо не е произведено од петролеум“, рече Николче Колев.
Нивната пластика се добива од целулоза ацетат што ја има на пример кај памукот, а поради побрзото разградување ќе се намали пластичниот отпад и ќе се заштити животната средина. Младите иноватори добија поддршка и од Општина Свети Николе, општината ќе им помогне нивните истражувања и да ги патентираат.
„ За да може она што го создале да се преточи во нешто конкретно што ќе може да се користи во Македонија“, рече Роберт Ѓорѓиев, градоначалник на Свети Николе.
Ова е трет пат Колев да учествува на овој натпревар, овој пат освен со награда се врати и со стипендија, па своето образование ќе го продолжи на државниот универзитет во Тексас.

- Честитки за вашите успеси браќа.
И кога сите вие ќе станете успешни и познати научници, доктори, бизнисмени и тн ... не заборавајте ја родната Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom