не ми е гледан ама ке го гледам. Проблемот е што пратат за да го спречат секој обид за спас, а во меѓувреме те буткаат во гроб и те убедуваат дека сам си крив. Го ставаат светлото на тебе со секакви обвинувања и небулози само за да купат време додека да се случи неизбежното.
Види друже,
Гледањето на ЦИА/ФБИ/НСА и други фимови од таков жанр, плус твојот интелектуално богат речник - не се решение за проблемов.
Безразлика колку е моќна таа фамилија, за некој да се нафати во полициско-воен стил да испрати агенти што ќе ти ја озвучат и снимаат куќата.. треба да си лик од типот на Чапман, Филби, Николсон, Хансен и други!
Значи, закочи малку.. ставија во лер, и паркирај. Земи воздух..
Обичен КиЛогер или некој спај/малвер може да одработи 99% од ова што го кажуваш.
Никакви парни,термални или нуклеарни опреми не се потребни.
Јес да живееме во опшество каде што е тесна границата помеѓу националната безбедност и приватноста, но да не заборавиме дека ова е Македонија, и ти не си тродупли агент од ЦИА, ФСВ и МИ6.
Не ти ја познаваме целата приказна, но ако се работи за твојата женска или жена која потекнува од моќна фамилија, и нејзините не ја остават да има љубовна врска со тебе.. тогаш верувај, поголем дел од твоите сомневања се обична конспиративна илузија.
И не си ниту прв - ниту последен, што еден обичен заклучок "богатите ретко ги даваат децата на посиромашни од нив" сакаш да го претвориш во драма со цел да си пронајдиш некаков мир, односно да избегаш на момент од таа сурова реалност.
Не знам, можеби грешам.. но верувај, процентот да има вистина во твојава приказна е екстремно мал.