Медиумите изнесуваат лаги за исламот
Исламот е без сомнеж, најдобрата религија, но медиумите се во рацете на луѓето кои без знаење се плашат од исламот. Западњаците без прекин објавуваат дезинформации против исламот, како во електронските така и во пишаните медиуми. Освен ширење на дезинформации, тие неточно го цитираат исламот, ги преувеличуваат работите и случувањата...
Ако било каде во светот експлодира бомба, први кои ќе бидат обвинети, без никакви докази, се муслиманите. Веднаш на насловните страни на весниците се појавуваат големи наслови. Подоцна, кога за експлозијата ќе се утврди дека се виновни немуслиманите, таа вест се објавувава на некое незабележливо и споредно место.
Ако некој муслиман од 50 години се ожени со девојка од 15 години, со нејзина согласност и со согласност на нејзините родители, таа вест доспева на насловните страни. Меѓутоа, кога некој немуслиман силува девојче од 6 години, таа вест се објавува во внатрешноста на весникот, како дел од „краток преглед на вестите“ или „црна хроника“! Секој ден во САД се случуваат околу 2713 силувања, но ништо од тоа не се објавува во весниците, бидејќи веќе станало дел од американскиот начин на живеење!
Црна овца во секое општество
Свесен сум дека има муслимани кои се нечесни, кои мамат, крадат, лажат итн. Меѓутоа, проблемот е во тоа што медиумите ја генерализираат такавата лоша слика кон сите муслимани. Така муслиманот станува црна овца каде и да оди.
Како целина, муслиманите се најдобри
Иако муслиманите на некој начин станале црни овци каде и да одат, кога ќе ги земеме во предвид сите муслимани во светот, тие формираат најдобра заедница. Ние сме најголемата заедница на луѓе која не пие алкохол. Вкупно гледано, ние сме заедница која во доброволни цели уделува најмногу имот. Во глобала, не постои ниту една заедница која може да се пофали со поголем морал, свесност, почитување на човечките права....
Не донесувајте оценка за авотомобилот на основа на возењето на возачот
Замислете дека треба да донесете оценка за тоа колку е добар најновиот модел на Мерцедес. Неискусниот возач, кој не знае да вози, седнува позади воланот и го удира автомобилот. Кого ќе го обвините за тоа што автомобилот слетал од патот – возачот или автомобилот? Нормално, ќе го обвините возачот. За да го анализираме перформансот на автомобилот не треба да го гледаме возачот, туку опременоста и способноста на автомобилот – колку е брз, колку му е просечната потрошувачка, кој е степенот на сигурност итн. Дури и хипотетички да се сложиме дека муслиманите се лоши, не смеете на таа основа да донесувате заклучоци за исламот како религија. Ако сакате да донесете став за исламот, за почеток проучете го исламот од неговите примарни извори, Куранот и веродостојните хадиси.
Судете за исламот врз основа на делата од неговиот најдобар следбеник – Мухаммед
Ако сакате практично да се уверите во перформансите на автомобилот, ќе повикате професионален возач, експерт за теситрање. Исто така, најдобар пример врз основа на кој можете да донесете суд за исламот е неговиот најдобар следбеник, последниот Божји пратеник, Мухаммед, а.с.,. Освен муслиманите, постојат уште неколку искрени и вистинољубиви историчари немуслимани кои велат дека Мухаммед, нека е Божји мир над него, бил најдобриот човек од сите времиња. Мајкл Харт ја напишал книгата „Стоте највлијателни луѓе во историјата.“ На врвот од листата, т.е. бројот еден му припаѓа на пратеникот на исламот, Мухаммед, нека е Божји мир над него. Постојат уште многу примери каде немуслиманите му одават голема почит на Пратеникот Мухаммед, нека е Божји мир над него, како што е Томас Карлајла, Ле Мартин и други.
Од книгата: Најчесто поставувани прашања за Исламот - Закир Наик