Денеска е тотално изгубено значењето на религиите .......... денеска религиите повеќе наликуваат како едни општествено-политички идеологии и системи, отколку како религии !
Религијата е пред се внатрешна/духовна работа, но штом религијата почнува да се меша и пошироко во надворешен/метеријален смисол, тогаш веќе се губи нејзината улога .......... штом религијата се меша во државните работи, тогаш тоа веќе не е религија, туку е повеќе политичка идеологија, односно општествено-политички систем !
Религијата имала голема улога во општество за време на Феудалистичкиот систем, во Социјализмот нејзината улога била сведена на минимум, но и во Капитализмот исто така улогата и е сведена на минимум, денеска има голем % на граѓани кои се изјаснуваат како нерелигиозни, атеисти, агностици... не само во бившите Социјалистички земји, туку и во западна Европа, САД, Канада, Австралија и.т.н. а тоа е пред се поради секуларноста на државите, скоро сите држави во светот се секуларни, освен Сауди-Арабија, Иран и сл.
Исламот денеска се повеќе наликува на една политичка идеологија, а не на религија ............... па на некој начин и Христијанството ....... денеска Христијанството го поддржуваат десните политички партии односно демо-христијаните/конзервативците кои упорно се борат да ја вовлечат религијата и нејзините учења и во државните работи/сфера, иако општествата се секуларни, значи сума-сумарум и Исламот како и Христијанството повеќе делуваат како политички идеологии, отколку како религии !
Јас во ништо не сметам дека Христијанството е подобро од Исламот, или пак Исламот е подобар од Христијанството, религија си е религија, а религијата е опиум за широките народни маси и 2 илјади години наназад го делат народот на планетава и создаваат омраза, војни, уништување и.т.н.
Да многу Христијани се убиени од Муслиманска рака, но исто така и многу Муслимани се убиени од Христијанска рака, така да пред се треба на луѓето да се гледа како на луѓе, а не поделба на Муслимани и Христијани .......... во смисол ако сум Христијанин треба да ги мразам Муслиманите и да им правам лошо, или пак ако сум Муслиман треба да ги мразам Христијаните и да им чинам лошо ................ пред се сите се луѓе и никој неможе да ме убеди дека треба да мразам некого поради тоа што бил ’’различен‘‘ од мене т.е. со различен брејн вошинг !