М
Мартин`
Гостин
Радосната вест што вчера ни беше пласирана за предавањето на копија од маската во Требениште од страна на министерот за култура на Србија, го отвори пак прашањето – дали Македонија си го бара своето културно наследство?
За златните маски од Кнежевската гробница од Требениште знаеме дека две се во музејот во Белград, две во Софија и една во Скопје. Знаеме дека во Народниот музеј во Белград има 257 предмети што се најдени во триесеттите години од минатиот век (кога Македонија беше во рамките на Кралството СХС) само од локалитетот Требеништа. Речиси сите вредни наоди во периодот помеѓу двете светски војни се однесени во Србија, а меѓу највредните се археолошките предмети од Требеништа и од Стоби.
Знаеме дека околу 20.000 икони од македонските манастири и цркви се продадени низ светот. Знаеме дека прочуените „македонски бронзи“ (мали предмети од 5 и 6 век п.н.е.) се наоѓаат во Британскиот музеј. Статуата на Ајсхин, откриена во Хераклеја, исто така е во збирката на Британскиот музеј. Знаеме дека и редок бронзен кратер од Демир Капија, висок 1,10 метар и релјефно украсен, нелегално пренесен и преку фантомска фирма продаден на аукција во Њујорк, сега се наоѓа во колекцијата на една американска брачна двојка. И којзнае уште што. Прашањето е дали како држава имаме право да си го бараме ова културно наследство, што се прави на тоа поле или ќе оставиме сè на добрата волја на сопствениците на овие предмети да ни врачуваат реплики, а ние да остануваме задоволни со тоа.
За целиот текст да го прочитате кликнете тука.
А линк и од “радосната“ вест за копијата дадена од нашата влада еве тука.
Стварно зошто нашите не направат притисок каков таков и да се борат да ни се вратат овие изнесени артефакти од времето на Кралството СХС, од Југославија па и од окупациите. Кога можеше Бугарија да ни ги врати моштите на Гоце Делчев и други некои историски предмети зошто да не може да ни вратат се што е изнесено од овој дел на Македонија ? Стварно е глупо да градиме споменици и демек ги почитуваме некои личности а она што е наше и што е баш историско како артефакти, икони лесно го даваме на други држави и притоа воопшто не се трудиме да го вратиме ? Стварно жално е ова што се случува ..
Инаку јас сум и да организираме некаква акција со цел за ова да се прочуе повеќе низ нашата јавност, сепак што поголем притисок се прави врз државните институтции кои се задолжени за ова - поголеми се шансите да направат нешто ..