Наместо да си го бараме оригиналот, ние се радуваме на копии

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Радосната вест што вчера ни беше пласирана за предавањето на копија од маската во Требениште од страна на министерот за култура на Србија, го отвори пак прашањето – дали Македонија си го бара своето културно наследство?

За златните маски од Кнежевската гробница од Требениште знаеме дека две се во музејот во Белград, две во Софија и една во Скопје. Знаеме дека во Народниот музеј во Белград има 257 предмети што се најдени во триесеттите години од минатиот век (кога Македонија беше во рамките на Кралството СХС) само од локалитетот Требеништа. Речиси сите вредни наоди во периодот помеѓу двете светски војни се однесени во Србија, а меѓу највредните се археолошките предмети од Требеништа и од Стоби.

Знаеме дека околу 20.000 икони од македонските манастири и цркви се продадени низ светот. Знаеме дека прочуените „македонски бронзи“ (мали предмети од 5 и 6 век п.н.е.) се наоѓаат во Британскиот музеј. Статуата на Ајсхин, откриена во Хераклеја, исто така е во збирката на Британскиот музеј. Знаеме дека и редок бронзен кратер од Демир Капија, висок 1,10 метар и релјефно украсен, нелегално пренесен и преку фантомска фирма продаден на аукција во Њујорк, сега се наоѓа во колекцијата на една американска брачна двојка. И којзнае уште што. Прашањето е дали како држава имаме право да си го бараме ова културно наследство, што се прави на тоа поле или ќе оставиме сè на добрата волја на сопствениците на овие предмети да ни врачуваат реплики, а ние да остануваме задоволни со тоа.

За целиот текст да го прочитате кликнете тука.
А линк и од “радосната“ вест за копијата дадена од нашата влада еве тука.

Стварно зошто нашите не направат притисок каков таков и да се борат да ни се вратат овие изнесени артефакти од времето на Кралството СХС, од Југославија па и од окупациите. Кога можеше Бугарија да ни ги врати моштите на Гоце Делчев и други некои историски предмети зошто да не може да ни вратат се што е изнесено од овој дел на Македонија ? Стварно е глупо да градиме споменици и демек ги почитуваме некои личности а она што е наше и што е баш историско како артефакти, икони лесно го даваме на други држави и притоа воопшто не се трудиме да го вратиме ? Стварно жално е ова што се случува ..

Инаку јас сум и да организираме некаква акција со цел за ова да се прочуе повеќе низ нашата јавност, сепак што поголем притисок се прави врз државните институтции кои се задолжени за ова - поголеми се шансите да направат нешто ..
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Заедно со артефактите треба да ни ги испорачуваат и арамиите што се кријат кај нив (како Далавера на пр.) :D
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
За разлика од нас:
ТУРЦИЈА РЕШИТЕЛНА ЗА ВРАЌАЊЕ НА УКРАДЕНИТЕ ЕКСПОНАТИ ВО ЗЕМЈАВА
По воспоставувањето контакти со светско угледните музеи, се забрзаа активностиет за враќање на украдените споменици и експонати
Posted 05.03.2012 11:41:43 UTC
Updated 05.03.2012 12:59:02 UTC
Турција следи решителна политика во врска со украдените историски споменици и експонати кои се изложени во некои музеи во светот.
Министерот за култура и туризам Ертугрул Ѓунај во врска со решителната политика на Турција рече дека на музеите коишто сакаат да соработуваат со нашите им велиме дека во регистерот на вашиот музеј има споменик или експонат кој е украден од Турција. Најпрвин вратете ни го, дури потоа можеме да соработуваме.
Во изјавата за печатот на една свечена манифестација во Анкара министерот за култура и туризам Ертугрул Ѓунај по потсетувањето на информациите во печатот под наслов „Ембарго врз познатите и угледни музеи во светот“ се осврна на решителниот став на Турција за враќање на украдените споменици и експонати на земјава.
Дел од украдените споменици се наоѓаат во колекциите на светско познатите и угледни музеи, рече министерот Ѓунај потенцирајќи по воспоставувањето контакти со истите, дојде до забрзување на процесот на враќање на некои украдени споменици и експонати.
Министерот Ѓунај меѓудругото рече дека износот на материјалните средства одвоени за историските археолошки ископувања во Турција минатата година беше зголемен на 48 милиони турски лири.
Извор ТРТ Телевизија на македонски јазик: http://www.trt.net.tr/trtworld/mk/newsDetail.aspx?HaberKodu=11ba5555-a055-4022-bef9-8b3bbb949815
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Браво за Турците! Може да учиме од нив!
На час и по историја и по македонски баш еднаш зборевеме за ова и што се имаат однесено.. Образложение беше дека Македонија немала капацитет да ги чува, па затоа ги земале Бугарија и Софија. А таму експонатите се поставени како Бугарски или Српски. Да не должам многу овде подобро е објаснето:
Украдените национални богатства од Македонија


Атанас Стојаноски, адвокат од Скопје, кој од љубопитност го посетил бугарскиот Историски музеј, тврди дека голем дел од Музејот би останал празен доколку Бугарија
биде принудена да го врати сето она што на разни начини било однесено од Македонија. Токму кога тој го посетил Музејот, македонските експонати биле изложени во една од најголемите сали. Притоа имал среќа лично да ја види круната на свети Климент, но и други скапоцени предмети однесени пред 90 години од Охрид. На сите објаснувања до експонатите, како што вели тој, уредно стојат податоците за предметите, како и за тоа од каде тие потекнуваат. но нема ниту еден податок кога се украдени и како стигнале во Бугарија.
За да се влезе во Музејот се плаќа пристојна цена за влезница, а доколку некој од посетителите сака да фотографира дел од изложените предмети мора да плати дополнителна сума.
Станува збор за доста скапа влезница.
Пред да влезам, претпоставував дека внатре 6и можеле да се видат и многу наши, македонски експонати, па затоа ја платив и дополнителната цена, и не зажалив за тоа.
Co мојот апарат и камера, фотографирав неколку десетини скапоцени предмети однесени од Македонија, кои, како што ни рекоа во Музејот, многу ретко се изложуваат пред јавноста.

Круната на Свети Климент, на поставка со експонати донесени од нашите цркви и манастири се презентира многу ретко, па ние имавме исклучителна можност да ја видиме сосема случајно.
Се разбира, поради контекстот на приказната за Македоанија, поставката беше збогатена и со фотографии со кои се објаснува 'бугарската историја на Македоанија', па така, под фотографијата на Самуиловата тврдина во Охрид стои дека тоа се дворците на бугарските цареви во Охрид, со дополнение дека цар Самуил се борел за обединета Бугарија.

Исто така, беше презентирана и една карта на етничка Македонија во целокупна Бугарија 'од Охрид до црното Mope', со портрети на македонски револуционери кои се претставени како Бугари, почнувајќи од Гоце Делчев и Даме Груев, до Борис Сарафов и Тодор Александров.
Во секој случај, без оглед на концептот на изложбата, имав можност да видам многу македонски скапоцени предмети, кои ретко можат да се видат и уште поретко да се фотографираат, затоа што најчесто се чуваат во бункер - вели Стојаноски.

БУГАРИЈА ОДЛИЧНО СЕ ГРИЖИ ЗА НАШЕТО ОГРАБЕНО КУЛТУРНО БОГАТСВО?

Според фотографиите што ги направил Стојаноски може да се заклучи, односно да се види, дека сите предмети се многу добро конзервирани, има уредна белешка од каде потекнуваат и од кој период, опис на материјалот од кој се изработени и слично, но нигде, се разбира, не пишува кога Бугарите ги украле од Македонија.
Најголем дел од експонатите се всушност оние предмети за кои постои документ дека се однесени во 1916-та година од Охрид.
Минатата година се навршија 90 години од охридската кражба, па би било добро конечно да се покрене прашањето за нивно враќање, зашто Бугарија на тоа се има обврзано со документи потпишани од премиерот д-р Радославов.

Во таа насока само пред неколку дена, на пример, се случи голем настан со потегот на Универзитет во Јеил, кој врати 400 предмети кои Американците ги однеле од Перу. Музејот 'Метрополитен' враќа во Италија артефакт стар 2.500 години, а враќањето е закажано за идната година.
И 'Гети' преговара за враќање на уметнички предмети однесени од Италија.
Дали Македонија може да врати нешто од своето ограбено културно богатсво, кое се проценува на неколку милијарди долари?

Она што го видов во Музејот во Софија, а дел од тоа може да се види и од фотографиите, говори дека круната на Свети Климент и Плаштеницата подарена од Комнени во 12-ти век, се многу добро зачувани, а за време на изложбата беа во посебни витрини, кои обезбедуваат максимална заштита.
Гледајќи ги преку стаклото имав чувство како позлатените книги или круната на Свети Климент да се направени сега, а не пред десетина векови.
Секој предмет, всушност, одлично е конзеревиран, па ми се чини дека дури и џепниот часовник со синџирче на Јане Снадански уште би можел да се користи како часовник, а не само како музејски експонат.
Значи, од тој аспект мислам дека Бугарија посветила големо внимание сите тие предмети однесени од Македонија максимално добро да се зачуваат и да се спасат од забот на времето.
Но, ако порано немало услови за чување, факт е дека сега Македонија има можеби и подобри услови од Бугарија што се однесува до третманот и заштитата на културно-историското наследство.

Затоа Македонија треба да и' се заблагодари на Бугарија за грижата со која ги зачувала, а Бугарија конечно да ги врати таму каде што припаѓаат задоволна што успеала да ги сочува и да ги спаси од пропаѓање - вели " Стојаноски.

Кога бугарската војска во 1916-та година влегла во Охрид, видните охриѓани се
растрчале по црквите да го засолнат она што може да биде плен на окупаторите.
Во таа акција, скришно и брзо, биле спасени десетти-ци скапоцени предмети од охридските цркви.
Сфаќајќи што се случило, бугарскиот владика Борис, кој исто така пристигнал во Охрид, презел акција да ги открие и да ги однесе во Софија сите охридски скапоцености, меѓу кои и круната на Свети Климент, стара повеќе од 11 века.
За таа цел организирал тајна мрежа од свои известувачи со задача да откријат каде и кои граѓани во Охрид ги чуваат скриените ракописи, икони и други скапоцени предмети со историска и културна вредност.

А КАКО СЕ УКРАДЕНИ?

Прибирајќи податоци на тој начин, списокот опфатил околу 80 скапоцени примероци.
За да ги собере сите, владиката Борис ја повикал на помош и војската на бугарскиот гарнизон во Охрид.
Акцијата почнала од куќата на угледниот охридски свештеник Ѓорѓи Икономов, каде што влегле владиката Борис, полковникот Пешинов, неговиот аѓутант, поручникот Најданов, потпоручникот Михов, офицер на 23-от пешадиски полк, и Вишиот полициски иследник на бригадата, поручникот Цеков.
Полковникот Пешинов веднаш ги известил дека 'имаат податоци оти во куќата се наоѓаат големи скапоцености од значење за историјата на 'бугарскиот народ', како што е Плаштеницата на Андроник Палеолог, летописот на Јован Скилица и друго.
Бидејќи парализираниот свештеник Икономов не можел да говори, полковникот Пешинов веднаш му наредил на постариот водник на 23-от полк Иван Безлев, кој, исто така, бил во нивна придружба, со сила да ги отвори сите ковчези во куќата.
Во првиот обид бил пронајден само Летописот на Скилица.
Потрагата продолжила во куќата на Спространови во Охрид, кои, на крајот, морале да признаат дека Плаштеницата, дар на Византиското царско семејство Комнени, е токму кај свештеникот Ѓорѓи Икономов.

И навистина, во вториот обид полковникот Пешинов ја нашол токму таму и веднаш ја одзел.
Токму таа Плаштеница успеал да ја фотографира Стојаноски во Историскиот музеј во Софија деведесет години по малтретирањето на семејствата Икономови и Спространови за да кажат каде е.

Следните денови владиката и војската од куќите на угледните охриѓани одзеле околу 80 скапоцени работи, а потоа со специјален конвој ги однеле во Софија.
Кога било прибрано се' што било откриено, a no отстапувањето на бугарската војска од Македонија, владиката Борис ја уништил целокупната архива во врска со тој вандалски чин.
Сепак, некои документи останале, па така останал и еден примерок од документот што го потврдува грабежот на бугарската окупаторска војска во 1916-та година.

ПРВА АВТЕНТИЧНА ФОГОГРАФИЈА НА КРУНАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ?!

Според документот, случајно откриен 1967-та година, од Охрид биле однесени околу осумдесет скапоцени предмети, меѓу кои била и круната на Свети Климент.
Документот е потпишан од Комисијата што го вршела грабежот, а во него пишува: 'Денеска, 28 ноември 1916-та година, врз основа на телеграмата на претседателот на Владата д-р Радославов од 21 о.м. под број 17762, составен е овој акт за собраните, спакуваните и испратените на привремено чување во Софија долуназначените црковни старини, сопственост на градот Охрид...'
Во продолжение се набројуваат сите 'старини' однесени од градот, меѓу кои се и такви скапоцености, кои вредат цело богатство.
Значи, по наредба на бугарскиот премиер, а во организација на бугарскиот владика Борис, меѓудругото се однесени една скапоцена икона на Христа Спасителот, подарок на Охридскиот архиепискот Димитрие Коматин од 13-ти век, потоа натпис на бронзена плоча од Прокопие, архиепископ на Јустинијана Прима, Плаштеница на Андроник Палеолог подарок на Теодор Комнен, од црквата Свети Климент, сребрена кутија со моштите на Света Матрона, сребрен крст од 1742 година, две покривки, подарок на Дука Комнен, летопис на Јован Скилица од 13-ти век, старо евангелие со ликот на Св. Климент, дваесет стари словенски ракописи, една сребрена икона изработена во релјеф, или вкупно 84 одделни предмети.

Аматерот-фотограф Стојаноски во Националниот музеј во Софија успеал да го фотографира и Евангелието на Свети Климент, кое било изложено во истата витрина под неговата круна.
Се разбира, меѓу сите овие предмети украдени од Охрид, како исклучителна скапоценост со непроценлива вредност секако е златната круна на Св. Климент со емајл и крст, како и неговото епископско жезло од слонова коска, со змија.
Двете се во истиот музеј во Софија.
Сосема на крајот од документот стои дека актот е составен и потпишан од присутните во четири примероци, и тоа еден за премиерот Радославов, еден за Охридското окружно началство, еден за светата Охридска митрополија и четвртиот за Народниот музеј во Софија.
Под документот се потпишани Окружниот началник Петров, тогашниот ергзархиски митрополит во Охрид, извесниот Борис, потоа Околискиот началник Петар Чауле, секретарот на Окружното началство, Огненов, и охридскиот граѓанин Сарџов.

Според некои сознанија, се' до случајната фото-сесија на Стојановски во Софија, од охридските украдени предмети до Втората светска војна пред јавноста била презентирана, всушност само објавена во едно стручно списание во Софија, единствено Плаштеницата на Андроник Палеолог.
Другите скапоцености на 'привремено чување' во софискиот музеј се' уште се чуваат далеку од очите на јавноста.
Инаку, скапоцената круна на Свети Климент, бугарскиот владика Борис, полковникот Пешинов, неговиот аѓутант Најданов, потпоручникот Михов и Вишиот полициски иследник Цеков, ја пронашле во куќата на семејството Филипчеви во Охрид.

Значи, круната што ја фотографирал Стојаноски во Софија, Бугарите ја однеле од домот на Филипчевци, кои биле задолжени да ја чуваат од натрапниците што доаѓале во градот. За жал, таа 1916-та година не успеале да ја сочуваат од Бугарите.

Освен скапоцените предмети однесени од Охрид пред деведесет години, нашите источни соседи, впрочем исто како и другите окупатори на Македонија, однеле и многу скапоцени ракописни книги.

Според д-р Илија Велев од Институтот за литература во Скопје, кој долги години го истражува вековното македонско книжевно наследство, голем број наши скапоцени ракописни примероци сега се во најрепрезентативнита збирки на најугледните европски музеи, библиотеки и други културни институции.
Од манастирот 'Свети Пантелејмон' во Нерези, на пример, однесен е Празничниот минеј, кој сега е во Народната библиотека во Софија.

ВО БУГАРИЈА ИМА И МНОГУ СТАРИ РАКОПИСИ ОД МАКЕДОНИЈА

Според она што досега е откриено и евидентирано, многу наши книги има и во библиотеката на Бугарската академија на науките и уметностите, во Народната библиотека во Пловдив, како и во Софискиот црковен музеј.

Огромен ракописен фонд книги е однесен од Битолскиот, Прилепскиот и Демирхисарскиот регион, када што 'оперирале' повеќемина странски 'истражувачи' и колекционари, како што биле Бугаринот Јордан Иванов, директорот на српската гимназија во Битола, Светозар Томиќ, српскиот владика во Битола, Јосиф Цвијовиќ и други.

Co вакви активности подоцна се занимавале дури и некои офицери на српската и бугарската војска за време на Првата светска војна.
Така, од манастирот во селото Орбела, Дебарско, во 1873 година бил однесен таканаречениот Орбелски триод, пергаментен ракопис од 13-ти век.
Овој исклучително значаен ракопис, снаодливиот Стефан Верковиќ во 1891 година и' го продал на Публичната библиотека во Санкт Патербург, каде што е и денес!
Главен 'агент на теренот', кој му помагал во работата бил извесен Павле од село Баништа, но многу ракописи за ситни пари на Верковиќ му испорачал и поп Аврам од Орбела.

Неколку пергаментни ракописи по потекло од дебарскиот крај, заминале и во Софиската народна библиотаека.
'Соработник' на софиската 'трговска врска', меѓу другите, бил и Васил Икономов.
Тој го 'обезбедил' скапоценото четвороевангелие од 13-ти век.
Еден лист од оваа книга, според истражувањето на д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов, кооперативниот Икономов во 1892 година испратил до Министерството за просвета во Софија.
Еден ракописен пергаментен октоих од 14-ти век од дебарскиот крај на Софиската народна библиотека во 1887 година и' подарил - што значи дека работел од љубов, а не за пари - извесниот Петар Сарафов, татко на македонскиот револуционер Борис Сарафов!

Во меѓувреме, се разбира, на другиот крај од Македонија, во манастирот Карпино, работеле некои други 'трговци' со стари ракописи, книги, икони и слично.
Многу исклучително вредни ракописи од овој манастир денес се во Софија, а ниту еден ракопис нема во Македонија.
И од манастирот 'Света Богородица' во Матејче биле однесени многу стари ракописни книги.
Меѓу скапоцените ракописи од овој манастир е и познатиот Минеј од 13-ти век, кој сега е во Софиската народна библитека.
Во ракописот е сочувана најстарата служба на Свети Јоаким Осоговски и едно оригинално поетско дело на Свети Климент Охридски.
Ракописот има 114 листа, пишуван е на пергамент.
Кога Димитриј Маринов го посетил манастирот некаде околу 1890 година, во манастирската библиотека веќе немало ниту еден ракопис.
Тој открива дека бил сведок само на тоа дека при расчистувањето на теренот за изградба на конак, била откриена голема фурна полна со изгорени книги од кожа.
Кога се случило тоа и кој го изгорел тоа скапоцено богатство, за жал нема никакви податоци и сведоштва.

И подоцна, за време на Балканските и Првата светска војна од Македонија се однесени огромен број исклучително значајни и вредни ракописни книги.
Тој број во 1920 година, според тогашната евиденција, изнесувал 1964, а три години подоцна во Софија веќе биле однесени ни повеќе ни помалку туку дури 1090 стари македонски ракописи.

Заедно со книгите, се разбира, се носеле и највредните икони.
Во Македонија, или од Македонија, биле регистрирани или потекнуваат над 23.000 икони од периодот меѓу десеттиот и дванаесетиот век, заедно со помал број икони од почетокот на дваесеттиот век.
Се разбира, тие икони немаат цена во пари, затоа што не може да се процени нивната парична противвредност.
Ограбени и однесени, меѓу другите, се и иконите на Исус со метален оков, дар на охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, која е украдена заедно со уште 24 икони од Бугарите.
Тие икони, всушност, исто така требало да бидат вратени во Македонија, а за тоа бил потпишан и документ.
За оваа збирка нашата држава има доставено официјално барање за враќање, но од Бугарија досега не е добиен никаков одговор.
Списокот на тие икони е јавно публикуван и постои целосна документација за нив.
Дали македонската актуелна власт ќе го обнови барањето за враќање на овие наши икони од Бугарија, заедно со сите други предмети, засега останува да се види.
Списокот на однесени скапоцени културни вредности, ракописни книги и предмети од Македонија е многу поголем од она што овде е спомнато.
Додека нашето украдено богатство не биде вратено во Македонија, останува да се радуваме само на копиите и на случајните фотографии, како што се фотографиите на Атанас Стојаноски, кој имал исклучителна можност во живо да ја види, но и да ја фотографира круната на Свети Климент, Плаштеницата и Евангелието со ликот на Климент, на пример, кои се однесени од Македонија во 1916-та година.

Пишува Блаже Миневски
Извор:
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1399894
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Е е е тоа е тоа Хипхоп што го има постирано ...значи се за ВМРО и охридската архиепископија е во Бугарија тоа е многу жално тоа е уствари најважното наше национално богатство ... почнувајки со работите од охридската архиепископија завршувајки со знамиња на ВМРО , пиштолот на черноземски и сл ...
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ајде тоа не е толку битно... периодично е...
Кој ке ни го врати сонцето од Кутлеш како државен симбол, нешто на што се гордееле си македонски генерации, а сега го немаме?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Оваа проста државичка и политичарите што ја водат едноставно незнаат да го сакаат она што е наше и Македонско. Македонски артефакти има распрснато насекаде низ светот, и мислам дека крајно време е државата да направи нешто и овие артефакти да ни се вратам назад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom