Јас пошто имам комплекс дека немам долга коса, би ставила ако ми се укаже шанса (т.е. ако се појави некоја специјална прилика која би била добар повод), зошто така ќе имам причина да кажувам дека за таа прилика сум ја ставила надградбата, а уствари ќе си уживкам секој ден.
Шала дечки, не ме убивајте.
Пред матура бев во огромна дилема дали да ставам надградба или не. Прв фактор што ме предомисли беше фризерот-веќе неколку години одам кај него, и му побарав совет. Ми рече дека како што сум мало живчано (невидена сафра ме фаќа и кога седам со тоа грдата гумена капа за прамени вадење
) силиконот ќе ми смета до бескрај, и на крај за три дена сама ќе го искорнам.
Втор фактор беа девојките од моја генерација-секоја втора имаше коса до колена, апла да се гледа дека е надградба.
Оттогаш сум премислена, и подобро би стаила перика (моден фетиш ми е
) отколку надградба.
ПС.Моментално си ја растам косата, кај и да е, за едно 3 години дај Боже, ќе ми биде долга.:drool: