Биди што сакаш да си, немој да ги исмеваш оние кои се она што сакаат да се. Со нив делиш нешто што ви е заедничко, прво човечноста а второ и нацијата или сојот.
--- надополнето: 17 јуни 2012 во 23:55 ---
Имаш.
Абе ајде?! А ако ,,овие,, посакаат да палат вештерки, да не ги исмевам? Ако издејствуваат (како до пред некоја година во Грција) новородените деца ДА МОРААТ да се крстат на 40 дена, притоа ДА МОРААТ да носат православно име? Исто така, ако бебето умре до 40 дена (пред крштевката) да НЕ СМЕЕ да биде закопано на гробиштата, туку настрана од нив, зашто не е крстено?
Ќе исмевам секој што сметам дека треба да исмевам, и ќе се бунам против секого за кого сметам дека греши.
Што се однесува до мене, дома можат што сакаат да бидам, не сакам ЈАВНО да ме замараат со нивните верувања. Кога религијата ќе стане ЛИЧНА, а не институционализирана и јавна каква што е, јас исто така, нема никого да закачам.
Сега за сега, МЕНЕ ме закачаат. Утре моето дете ќе биде принудено да учи вера во школо, а јас такви глупости не сакам за моето дете.
Се повеќе оваа религиозност го загрозува моето нормално живеење (дал муслимани, дал христијани) и јас се бунам против тоа што го загрозува мојот мир.
И овој билборд не е ништо, треба многу поостро, многу посилно.