Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.217
Поени од реакции
4.112
Мислам дека од сите групи CPB највеќе настрада како група бидејки бројката им е најмала , еве се вратија на сцена ама млади дечки кај нив не гледам (слаба бројка), додека кај Комити има доста нови млади деца последниве години и веројатно они избраа да бидат дел од Комити ..

Ни во наредни години не верувам CPB да се крене , ова им е максимум 50-100 души ..

ФА има потенцијал и се подобри од CPB за неколку класи во моментов , ама тие времиња од старото ФА исто не верувам да го достигнат ..
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.403
Поени од реакции
3.292

Цпб имаше подгрупи од сите населби после железничка па дури и во Кисела вода. Сега идат 20-30 луѓе на утакмица претежно базата им е околу Рузвелтова/Центар за странски јазици. Цпб да се крене до 100 луѓе ќе биде 200% напредок, а тоа може многу брзо да се случи, влегоа пари во клубот од Мтел и 2win.
Потребно е само едно појако дерби и некоја тензија со ФА и да се разбудат “старите духови”
Во моментов најкриво ми е за Кумани и Куманово беа една од најдобрите групи, да се гостува во Куманово секогаш било интересно.
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
337
Поени од реакции
3.386

Комити со ова темпо посебно последниве 2 години според мене му го убија моралот на сите некогаш активни групи низ градот бидејќи никоја скопска група неможе да се спореди ни малце со нив. Сакам само реален осврт и мое мислење да кажам. Со исклучок на Аеродром и ФА кои уште "дишат" Таму мислам дека уште има знаци на она "маалското" и мило ми е што се во подем а до каде ќе стигнат незнам. CPB според мене никогаш немат да се вратит на то шо била некогаш. Посебно сега играњето во кале немат никаква приказна како со сила е се...
Жално е еден кошаркарски бренд како Работнички да остане без свој дом нешто слично и како ФК Вардар.
Е сега гледам дека нагло членови кои биле дел од други Скопски групи имам и примери што лично ѓи знам се приклучија на Комити. То незнам искрено како да го коментирам но факт е дека е процес кој се случува.
Примерот на најјакото градско дерби во државата што и не е некое којзнае колку далечно минато кога CPB и ФА беа страшни групи со прејаки екипи требит да ни бидит дознаење на сите дека требит да си сталожен и кога си на врвот и да не ги омалуважуваш послабите од тебе бидејќи од врвот до дното е мала разлика. Зато работа и само работа и успехот е неизбежен. Ама чесна работа со љубов за групата и екипата.
Кога можевме ние со никакви клубој со никаков успех во мал град да напрајме за наши стандарди супер група мојт СЕКОЈ!

#Живели!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Повеќето луѓе од тие групи не се пребацени, туку не идат на утакмици. Тие што се од Скопје им е јасна ситуацијата. За повеќето членови на фа и цпб тоа беше пролазна фаза, дел од малска дружба и растењето. Не дека нема исклучоци, еве еден, двајца и на форумот, ама кај комити па и чкембари има еден куп членови кој клубот и групата им е начин на живот. Тие бивши цпб и фа се завршена приказна, не се враќаат на утакмици. Но, може да дојдат нови деца ако стане дербито актуелно.
Проблем е што Аеродром се разви во Центар задњи години, а мислам дека аеродромците беа тоа што ги мотивираше цпб да го собираат пола град против нив.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
314
Поени од реакции
1.685
И Дрезден се ептен ултра десничари, а се збратимени со муслимани, Хорде Зла. Ултрасите во Германија се во најмала рака смешни, може имаат бројка, стадиони, кеш и менталитет за одење на утакмици и лојалност за своите клубови и градови, но и нивниот либерален поглед на политиките воопшто земено за сѐ, ќе го доведе на коленици многу брзо.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Во Германија се смешни, а во Македонија се идеолошки пјуристи со славење на партизани и кукасти крстови :pos:
Иначе и хитлер бил во коалиција со балистите, така што нема ништо контрадикторно кај дрезденци (освен што цела историја на клубот биле полициски клуб во комунистички режим)
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
104
Поени од реакции
480

Во глобала(Балкан и источна Европа) најмногу ултра десни групи имаат баш клубови формирани за време на комунизмот
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
И Дрезден се ептен ултра десничари, а се збратимени со муслимани, Хорде Зла. Ултрасите во Германија се во најмала рака смешни, може имаат бројка, стадиони, кеш и менталитет за одење на утакмици и лојалност за своите клубови и градови, но и нивниот либерален поглед на политиките воопшто земено за сѐ, ќе го доведе на коленици многу брзо.
А од кога десничарите имаат проблем со муслимани? Кој им бил сојузник нив на балканот?
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.252
Поени од реакции
7.945
Едни Партизан и Црвена Ѕвезда имаат навивачи кои се крајно десно, што е дури малку смешно.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
314
Поени од реакции
1.685
Во глобала(Балкан и источна Европа) најмногу ултра десни групи имаат баш клубови формирани за време на комунизмот
Можеби затоа што комунистите ги забраниле сите клубови од пред нивната ера, и формирале свои, затоа што сѐ потекнува од нив, нели.
Во Германија се смешни, а во Македонија се идеолошки пјуристи со славење на партизани и кукасти крстови :pos:
Иначе и хитлер бил во коалиција со балистите, така што нема ништо контрадикторно кај дрезденци (освен што цела историја на клубот биле полициски клуб во комунистички режим)
Споредба со Македонија нема! Овде сѐ е каша попара, не само во идеологијата туку во сѐ. А дека либералниве шваби се смешни, смешни се. За брзо ќе ја поминат и француско - африканската тифо сцена.
 
Член од
26 декември 2018
Мислења
33
Поени од реакции
20
Можеби затоа што комунистите ги забраниле сите клубови од пред нивната ера, и формирале свои, затоа што сѐ потекнува од нив, нели.

Споредба со Македонија нема! Овде сѐ е каша попара, не само во идеологијата туку во сѐ. А дека либералниве шваби се смешни, смешни се. За брзо ќе ја поминат и француско - африканската тифо сцена.
Незнам за каква идеологија тука може да се разговара, праиме муабет за место каде што политика може да те натера да бидеш што они имаат у глава.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
За една група да напредува константно или пак да одржува некаква константност, пред се е потребно големо замарање на поединци за организација на групата.
Ти колку сакаш имај навивачки потенцијал, фанови на клубот, луѓе кои пратат спорт особено во градови со единствена екипа која е симбол на градот и имаш далеку поголем број публика, ама се е џабе ако немаш помала група на луѓе која ќе ја води целата организација.

Групата се уништува, ако и го уништиш раководството, ако оние млади генерации кои треба да бидат идно раководство налетаат на балон период кога групите функционираат само со појавување на трибина, без ништо спектакуларно.

Јас одам на трибина сто години и ќе одам цел живот (може не со вакво темпо, согласно животните обврски), ама фаци како мене, како стариве чкембоси, сите оние (пред се од екипа пиво) кои редовно одевме на трибина без некаква најава (годината пред короната кога групата беше клинички мртва после цел тој период на политички оркестирани напади од сите страни) само да одржиме континуитет и од љубов кон клубот, не можеме да придонесеме за идно подигнување на групата, само со присуството на трибини. Да, ќе имаме почит кај помладите дека и на овие години сме навивачки активни, ќе учат од наши искуства, може нешто ќе помогнеме со идеи, АМА НЕ СМЕ ОНИЕ КОИ 24/7 ТРЧААТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА. Да се биде во организација значи да се откажеш од голем дел од слободното време, цело време таму да ти биде паметот, да трошиш многу време и пари во разговори со други за кореографии, носење материјали, акции, знамиња, договарање гостувања, а богами и да бидеш управа на клубот (како што е во моментот случајот со Комити). Место во петок да излезеш ко сите други, ти дремеш во некоја маалска сала, низ пола град шетате проектори за да ја направите кореографијата, ја сечете, лепите, ја пробувате, инструкции пишувате за да има добри 5 визуелни минути на утакмицата. И ретко кој ќе те толерира таков живот да тераш :D Сите ти пишуваат кај ќе се игра наредно коло, ќе има ли автобуси, кога ќе се трга на гостување, ти откажале комбињата, па молиш на сто страни. Правиш најави, пишуваш извештаи, си губиш неделни вечери да ги средиш клиповите што се снимале за да се долови поентата итн.

Ова што се случува е резултат на работата на помала група Комити кои напорно работат за да изгледаме како што изгледаме. Секоја група го доживува врвот кога има помала група на луѓе кои деноноќно се зафатени со организација и уште поважно кога истите немаат некакво задни намери и интереси од тоа што го прават, туку го прават од љубов кон клубот и групата и затоа што уживаат во ултрас животот.

Зошто напреднаа ФА во тој период? Да, маалските фаци секогаш ќе ги најдеш за да одат на трибина, ама ако ти немаш добра организација, ќе беа како село без кучиња. Ама цела заслуга беше на тие што највеќе се замараа од АРТ екипата, а веќе не одат на трибина.

ЦПБ со Гого ги имаше најјаките времиња. Кој ќе привлече нови членови? Овие мунгосиве партиски што им останаа?

Лозари како се издигнаа?
Затоа што имаат неколку членови што цела Европа ја шетаат на навивачки настани, имаат топ односи со членови на многу групи, учат од нив, ја протнаа идејата за мала група која ќе го обедини цел град, што ќе има топ изглед на трибина. Порано кога ќе се спомнеа Лозари, ми текнуваше на никаква дружина предводена од шерифот ( :D ), што беше поим за потсмев, со наведнати глави како ноеви поминуваа крај 10 Пирати. Види ги сега, имаат уникатни идеи (макар копирани од Фирма и други), топ пиро, фотограф кој е убееееедливо број еден за правење јаки слики, едноставно личат на група. Е сега бројката не е најсјајна, ама тоа е резултат на многу фактори, сепак организационо се одлични.

Чкембари личат дека имаат преродба?
Нормално, друго е кога ќе се растрчаат помладите членови, одма и изгледот им е далеку подобар, се очекува да растат во иднина.

Верувам исто е и со Рибари, гледам и таму има група на неколку души што ги трча сите работи.

Комити беа врв кога беа предводени од Екипа Корео (истата замисла од сега), ама тоа не им се допаѓаше на партиите и не срушија. Сега состојбата е уште подобра со оваа структура и уште поважно, меѓу постарото членство кое е активно на трибина, нема задни намери, не се партиски послушници.
Порано им правиш цел план, картите ги даваш да ги продаваат некои постари, пола си ги лапнале за нив, за групата ништо нема да остане. Сега со целиот начин на самофинансирање, групата си дозволува и да организира настани како прославата и да помага ПАРИЧНО во ФК Вардар.
Ама цел тој наплив на средства не е од небо, туку резултат на макотрпна работа на правење реквизити, налепници итн.
Плус се исчистија генерациите што беа научени на гага, сега секој без проблем плаќа карта, секоја утакмица.

Мора да издвојам дека сегашното раководство ги нема тие проблеми кои ги имаше Екипа Корео во тие години, а тоа беа однесувањето на постарите членови и нивното непочитување на работата на помладите. Едноставно толкав беше јазот во генерациите, што тие беа навикнати да групите бидат финснсирани од клубот, да на трибина бидеш прав индијанец, да се чаталиш на помали (пример пола трибина не пее, ама шамари јадат само најмалите, другарите твои не ги чепкаш, ако уста не отвораат), да те боли кур како помладите треба цел град да го поминат со автобус поминувајќи со реквизити сред непријателска територија, важно да се замастиш во кафана после утакмица, да го дрвиш со "во наше време вака онака". Немаше шанси да направиш ред на трибина, ќе ти се обесат на шипка или ќе дремат горе или ќе ја усерат кореографијата, пола тепачки меѓу себе за тоа се случувале.
Сега активните постари целосно следат инструкции на трибина, даваат поддршка на постарите, се грижат за помладите во смисла на транспорт и организација, буквално се растени во ваков навивачки филм што е предност за сегашното раководство.

Зошто Мајмуни и Винари се распашана команда?
Дека нема здраво водство, нема никакво водство. Они и 10000 ќе се соберат, ама џабе е, ќе личат на багра собрана онака.

Организацијата се гледа и по подгрупите на Комити.
Зошто од некои населби константно имаме највеќе членови? Затоа што има луѓе таму што организираат. Зошто Кисела Вода е нула во моментов, а има најголем потенцијал за мобилизација? Затоа што тие што организираа се иселија, дополнително убиството на Саздо го уби и ентузијазмот кај младината и отиде населбата. Да земе некој да организира, плус 50-100 луѓе би имале од таму уште на првата утакмица.

Многу труд треба за да се крене една група. За жал, си бара и резултати на спортски план, дуели со две навивачки групи, нешто што на македонските групи им е хендикеп. Дополнително не јаде масовната стапка на иселување на младите и голем број изгубени генерации во годините со најголема репресија од мвр (годините на Гоца).

Треба да се искористи моментумот кој го имаат македонските групи за да одат напред, браво за сите што се во организацискиот дел на групите.
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.713
И Дрезден се ептен ултра десничари, а се збратимени со муслимани, Хорде Зла. Ултрасите во Германија се во најмала рака смешни, може имаат бројка, стадиони, кеш и менталитет за одење на утакмици и лојалност за своите клубови и градови, но и нивниот либерален поглед на политиките воопшто земено за сѐ, ќе го доведе на коленици многу брзо.
Пукна тиквата помеѓу Дрезден и Хорде Зла, не знам само дали и официјално братството е завршено.

И јас порано мислев дека се смешни, ама далеку од тоа, организација, членство, тепачки, живеат прав ултрас живот. Единствено што се премногу лево ориентирани, тоа што си го пишал ти го имав и јас пишано пред неколку објави.
 
Член од
7 ноември 2022
Мислења
88
Поени од реакции
246
ЦПБ со Гого ги имаше најјаките времиња. Кој ќе привлече нови членови? Овие мунгосиве партиски што им останаа?
Тој што го спомнуваш си го глеал само на слики зошто во 2010 година твоите од дома не ти даваа да одиш на утакмици, затоа те замолувам поштеди не од твоето мислење стекнато на социјални мрежи. Тие што треба знаат колку и како е помогнато официјално и неофицијално. Поздрав сајбер рајдер и се гледаме :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Една тема која не сме ја отвориле во поглед на колекционерството е собирање карти од утакмици на кои СТЕ ПРИСУСТВУВАЛЕ.

За жал, кај нас кога имавме сезонски членски карти не ни даваа карти на запад. Порано влезот беше гага и немаше карти, а па во поново време често сме плаќале само на влез, без да се даде карта.
Или една иста карта се дава цело време.

Затоа најголем дел од картите се од РК, каде што најчесто имало карти за европските утакмици. Се случувало некогаш да земам карта од јужна за успомен, пошто на запад немало карта. Има на сликите и карти од други клубови, на утакмици на кои сме гостувале или самостојно сум бил.

20230314_163026.jpg 20230314_160919.jpg 20230314_160601.jpg 20230314_160004.jpg 20230314_155245.jpg

Плус некои ливчиња од песни и инструкции :D
20230314_161158.jpg

Како и членските сезонски :D
20230314_161743.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom