Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 март 2022
Мислења
120
Поени од реакции
604
Член од
26 март 2022
Мислења
491
Поени од реакции
4.385
На 26.12.2022, во малата сала на СЦ "Јане Сандански", се одигра ревијален натпревар помеѓу членови на н.г. Комити Запад и фудбалерите на Ф.К. Вардар.

На настанот присуствуваа семејствата на Смок и на Саздо. Посебна благодарност до членовите на Family Aerodrom кои вчера со порака се простија од нашиот брат. Ова нека биде пример и поттик до сите групи на мак тифо сцената. Нека продолжи меѓусебната почит кога станува збор за вакви ситуации, зошто сепак на крајот сме ривали, а не душмани.

Воедно, благодарност до сите што беа и донираа.

Во продолжение, неколку фотографии од настанот.
 

Attachments

Член од
2 септември 2019
Мислења
203
Поени од реакции
1.372
FB_IMG_1672238777395.jpg

Денес нашата подгрупа Гоцеви Чеда по повод новогодишните празници подели пакетчиња на децата во ПОУ Гоце Делчев во Три Чешми , исто така беше и поделен социјален пакет на семејство со ниско примање.

Гоцеви Чеда ви ги честитаат новогодишните и божиќните празници ! Исус се роди.


Исто така на акцијата се приклучија и Исар Бојс и Сењак Гетто

FB_IMG_1672180845836.jpg
 

Attachments

Член од
7 декември 2021
Мислења
127
Поени од реакции
1.886
28.12.2022
ПРЕДНОВОГОДИШНА АКЦИЈА

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, во организација на навивачката група "ПАТКАРИ СТРУГА 1989" беше спроведена уште една предновогодишна хуманитарна акција, во која беа набавени новогодишни пакетчиња кои беа поделени на дечињата од прво одделение во ОУ "Јосип Броз Тито" Струга, ПОУ во Радожда и ПОУ во Враништа.

ОД СРЦЕ ЗА СТРУГА И СТРУЖАНИ

IMG-e1c0533a9cd28412c7eb4b96ea8fc9b8-V.jpg
 
Член од
26 март 2022
Мислења
491
Поени од реакции
4.385
Комитската зима започнува!

Дуксерот "Вардарци на зимување" (вез + штампа, фото во коментар) ќе чини 1500ден. Ќе се продава по принцип на нарачка (Теренче Капиштец на 10.1.2023 уплата | за 7 дена подигнување) и ќе може да се набави единствено со приложување на ЧЛЕНСКА карта.

НАПОМЕНА: Оваа зима ќе се продаваат нови шалови, дуксери со капуљача како и маички. Затоа, биди во тек!

И за време на зимата - работиме за трибината!
 

Attachments

Член од
26 март 2022
Мислења
491
Поени од реакции
4.385
Видеото од прославата (35 години Комити) е посветено на сите кои не се откажаа од борбата за клубот и групата. А особено до дечките кои пред речиси 3 години, кога беше најтешко, преземаа голема одговорност и ја вратија групата на врвот.
Се работеше премногу и успехот е видлив. Организациски групата функционира многу подобро од порано, но она што е најважно е што сплотеноста никогаш не била на ова ниво како денес. Во секој случај, видеото е приказна за една генерација Комити, за нивниот труд и верба, и секако е доказ за потенцијалот на мак тифо сцената.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Ова е катастрофа што се случува во последно. Какви двајца момци изгубивме во рок од една недела. Сабајле кога разбрав не можев да си поверувам дека се случило нештото, што му се има вртено во главата да остави 3 4 годишно дете сираче…почивај во мир Мевце!
 
Член од
24 март 2012
Мислења
633
Поени од реакции
682
Ова е катастрофа што се случува во последно. Какви двајца момци изгубивме во рок од една недела. Сабајле кога разбрав не можев да си поверувам дека се случило нештото, што му се има вртено во главата да остави 3 4 годишно дете сираче…почивај во мир Мевце!
И јас уште никако неможам да си поверувам, да беше друг некој ај ќе си речев можно е, ама за човек со профил и карактер како него, страшна работа незнам шо да речам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom