Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Tomasino
Онака ме интересира зошто од еднаш мењаш мислење... во еден пост разглабаш како сме биле наместени (што е и моја теорија двете навивачки групи беа изманипулирани)
Сега се палиш на неорганизација и маваш со камења на управа на клубот. Што за мене е ептен плачипичкарски потег пред се од вашата уптава што наведува некои работи како мавање на резервни играчи притисок меша судии и уште нешто имаше наведено.

Не ми е целта препукување и не очекувам таков одговор ама забележав разлика во мислењето па да си прашам...
Друже,не знам од кај доби таков впечаток дека менувам мислење....
За уделот на полицијата мислам дека сите сме едногласни.....
Дека бевме наместени,бевме,ноторен факт,посебно ние бевме...
Кога веќе си играа играчки со нас,подобро да се тргнеа и да не остават сами,па сами да си го бараме чарето и да се браниме сами,па шо биди биди........:eek:
Барем немаше да имаме еден куп повредени од неконтролираното спроведување ред и мир:facepalm:..
За вашата управа,каде ја гледам нивната грешка.......
Па срамота е да се правдаат така,демек ние уште на железничка сме почнале со дивеење....и сме направиле инцидент пред мостот Гоце Делчев..ептен провидно оправдување даваат,за да се изземат од одговрност....
Значи на железничка се беше нормално,типично,со мали кошкања со полицијата зошто не држеше долго време пред излезот.....
Фрките почнаа од мостот Гоце Делчев,иницирани од ПОЗНАТ СТОРИТЕЛ:нинџ: ....останатото е кажано...
Вардар требаше како сериозен клуб да си побара поголеми мерки на заштита..
Како клуб има право да одлучи,дали е способен или не да прими на својот стадион противника навивачка група,каде ќе ги смести итн.
Ова се прави во постојана координација со полицијата која е задолжена за навивачите безбедно да стигнат и да излезат од стадион.....се до нивниот превоз....
Плус состанок на водството на навивачите со МВР,во органзиција на клубот,нешто шо е вообичаено пред дерби,да се испланира текот на мечот,шо се бара од навивачите и сл....
Полицијата требаше да образложи шо очекува од мечот и какви мерки за безбедност планира да спроведи.....
Е сега,ако проценеше Вардар дека полицијата нема доволно капацитет да го обезбеди натпреварот имаше право да си ангажира своја редарска служба...
Значи не мислам само на редарите на вратите...туку и дополнителна безбедност која би и помогнала на полицијата....
Само за пример,на времето РК Пелистер кога имаше утакмица од висок ризик,пред се со Вардар,ако не можеше да добие доволна бројка џандари од МВР,самите ангажираа своја редарска служба(често и агенција за обезбедување)....,која често надминуваше и бројка од 100 луѓе...
Самите даваа предлози кај треба да има најголема концентрација на полицајци,ако беше потребно и дел од редарите одеа заедно со полицијата,ова беше во кордон,а не како во неделата....затоа и во грото од утакмиците немаше инциденти(освен стандардните фрлање со преДмети).....а утакмиците беа од највисок ризик,плус во сала е многу полесно да дојди до инцидент,влез на терен и сл.......
Денес редарите ги земаат само за да лапнат дневница...а тие прават повеќе штета отколку корист....зошто грото се дел или биле дел од групите....:facepalm:
Вардар требаше и мораше да спроведе подобра организација,како домаќин беше должен....
Ако проценеа дека не се способни да примат група која беше претходно најавена дека доаѓа во поголема бројка(за македонски стандарди)можеа едноставно да го одбијат барањето на ФК Пелистер за организирано носење свои навивачи во Скопје,и крај на приказната....
Вака сите потфрлија,најмногу полицијата...
И Вардар ќе има последици од очајната работа на МВР,ќе има казна на теренот,плус стадионот е оштетен,искршени се столчиња итн(за ова ќе си бери гајле државата,нејзин е стадионот,уствари наш е,изграден со наши пари):гик: ..
Значи да не го тупам,оштетени сме сите,и ние како навивачи,повредени се еден куп деца(за џабе)зошто полицијата беше на аматерско ниво...
Толку години сум по утакмици,плус следам домашен спорт,па мислам дека одамна полицијата не паднала на ваков испит....посебно не во Скопје,за други делови како Тетово,Куманово е вообичаено,ама за Скопје ме чуди.....
Плус мора да се истакни дека одлуката да се оди со воз во Скопје беше помалку неочекувана(барем за мене)...искрено не очекував да добиеме дозвола,и бев изненаден,очекував дека можно е да има фрки,ама во ваков размер да потфрли полицијата ни на крај памет не ми беше,посебно на одење....
Па во 4та лига по селата би имале поголема заштита отколку во неделата....
За грешките околу судењето и жабата на Пелистер не би коментирал,лично го видов само првиот гол на Вардар...грешка на Вељановски не ја изби како треба топката,е сега дали беше прекршок или не(така барем се виде)не знам....
За вториот гол многумина ми рекоа дека бил офсајд,други пак дека е чист...
За инцидентот на полувреме,можеби со право реагира Пелистер,зошто беше загрозена сигурноста на играчите шо се загреваа...
Играчот шо го спаси знамето придонесе за оваа ситуација,ама пак тука поицијата мораше да интервенира брзо....
Не смееше да се дозволи толку време да се тегнат,требаше ситуацијата да се стави под контрола уште одма....
Вака го оставија да си шета редарчето...
Којзнае можеби и тоа беше финтата?да се испровоцира инцидент на терен,а да имаат изговор да се размаваат и да забранат гостувања.......
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.602
Поени од реакции
70.001
Ако проценеа дека не се способни да примат група која беше претходно најавена дека доаѓа во поголема бројка(за македонски стандарди)можеа едноставно да го одбијат барањето на ФК Пелистер за организирано носење свои навивачи во Скопје,и крај на приказната....
Вака сите потфрлија,најмногу полицијата...
И Вардар ќе има последици од очајната работа на МВР,ќе има казна на теренот,плус стадионот е оштетен,искршени се столчиња итн(за ова ќе си бери гајле државата,нејзин е стадионот,уствари наш е,изграден со наши пари):гик: ..

За грешките околу судењето и жабата на Пелистер не би коментирал,лично го видов само првиот гол на Вардар...грешка на Вељановски не ја изби како треба топката,е сега дали беше прекршок или не(така барем се виде)не знам....
За вториот гол многумина ми рекоа дека бил офсајд,други пак дека е чист...
За инцидентот на полувреме,можеби со право реагира Пелистер,зошто беше загрозена сигурноста на играчите шо се загреваа...
Играчот шо го спаси знамето придонесе за оваа ситуација,ама пак тука поицијата мораше да интервенира брзо....
Е не заебавај сега и ти, Вардар може да одговара за тоа што се случувало на терен, Вардар НЕ Е ДОЛЖЕН НА ВАС ДА ВИ ГО ОБЕЗБЕДИ ПАТОТ ДО СТАДИОН...
Ви прднало во град каде железничката е на пола саат од стадионот, со воз да доаѓате.
Со кој памет бе?
Јас незнам како воопшто ви дадоа дозвола за тоа.
Вардар прима навивачи, како ќе дојдете до стадион тоа си е работа на МВР, чим ви дале зелено светло за воз требало подобро да си се организираат.

http://sportefe.com.mk/index.php/component/allvideoshare/video/vard3-1pel
Еве ти видео со головите, ставив и во претходниот пост.

Како прво Маневски за првиот гол прв стигнува до топката исо клизач ја додава до Петров, нем скоро никаков контакт со вашиот играч, а најмалку што може да се очекува е дека ќе биде досуден фаул.
Вашето соопштение беше:
ФК Пелистер жестоко се противи на организационите и судиските проблеми кои го пратеа „вечното дерби„ на македонскиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер. Самото делегирање на судијата Јосип Бартон за овој меч е голем удар за македонскиот фудбал. Најочекуваниот и најквалитетниот натпревар во државата треба да го суди најквалитетниот судија, па макар тој доаѓал и од Скопје. Интерпретацијата на натпреварот, инвидуалните грешки директно влијаеа на конечниот резултат и го извртеа прикажаното на теренот. На првите два гола на Вардар му претходеа судиски грешки на штета на Пелистер, што ги прави самите голови нерегуларни.


Видливиот прекршок над Тони Вељановски пред постигнувањето на првиот гол и непостоечкиот слободен удар пред вториот гол, заради прекршок на Лескароски кој не постои, се само највидливите грешки
Во гз нека си го пикне сега тој што го напишал, изгледа само на него му е видлив фаулот. Сигурно ни снимка од голот нема видено, битно да се нашкраба нешто.

За вториот гол воопшто не се бунеле дали имало офсајд (не се гледа убаво од снимката, мада прилично е јасно со оглед на тоа што при шутот вашиот играч што понатаму ќе клизне пред Таневски за да блокира, се враќа од многу поназад што значи и тогаш бил последен играч), туку за наводно неправилно досуден прекршок од кој паднал голот...
Врска немам каков бил прекршокот, ама ако слободен на 35 метра од гол е ТЕНДЕНЦИОЗНО СУДЕЊЕ ондак јас сум Чак Норис...

Така да контра соопштението на нашиот клуб е сосема очекуван напад врз вас после глупостите во вашето соопштение :icon_mrgr:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
За на стадионот мислев,за организицијата....
Задача на полицијата е да ги донеси и изнеси гостинските навивачи....(барем на хартија така е)...
За случувањата на терен,Вардар како клуб мораше да спроведи поголеми мерки за заштита...
П.С.
Головите се чисти како солза,видов неколку пати....
Вељановски се сплетка,не ја изби топката,беше во дуел со играч на Вардар,како да се двоумеше дали да падни или не,остана на нозе,па после не стигна да затвори и нема шо да се дискутира....
Вториот гол,чист....нема збор за офсајд.....не знам само кај отиде нашата десна страна...:facepalm:
Штета шо Пелистер изигра добар меч,а прими два наивни гола......по кардинални грешки на одбраната....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Хехе... :) Ќе видиме и за кого ќе навиваат вашите Гробари на Скопје - Партизан. :)
И со партизан ке видиш што парола ќе има,уживај си и трај си до тогаш.
Тие што имаат просрбски ставови на трибина ке си ги чуваат во себе ;)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom