Побрзајте сите да пишете збор-два против Комити, зошто наскоро доаѓа викенд, а тогаш пак ќе мора да бојкотирате, поточно МОЛЧИТЕ од срам и жал зошто не сте ниту 1% од тоа што сме.
А до тогаш, ајде да си праиме муабет
"Паролата "В тиквешко негде" била срамна"
Група која пее за земјотресот во 63та, која сака цело Скопје да се сруши, збори за етика. Група која кукавички одзема транс од татко и ќерка, збори за етика...
Прво, песната е земена како подлога, за сосем легитимна навивачка провокација. Контекстот е сосема различен од тој што се обидувате, патетично, дури и смешно да го претставите. Многу поразлично би било, да направевме како "Ултра Семендрија", кога за да ги испровоцираат навивачите од Крагујевац, истакнаа парола со стихови од песна посветена директно на загинатите во масакрот кој се случил во Крагујевац за време на Втората светска војна, без притоа да менуваат ништо. Овде друже скроз е сменето се. Навистина ли нас ќе ни зборите за патриотизам и за Македонија? До толку ли ве спобудалевме?

Дури и срам ми е за што "дебатирам". Искрено, не верував дека сте толку навивачки неписмени.
"Скопската сила пишува на паролата"
Зошто да не пишува? Ти бе барем имаше акал некој. Вакви примери имаш МИЛИЈАРДА. Први ти се Делије, тие имаат екипи од цела Србија, а пак се фура Белград до коска. Втор пример ти се Торица. Сплит се фура иако има од пола Хрватска и пошироко екипи. Пр "Ми смо сплитски хулигани" песната или "Ништа контра Сплита." Буквално секоја група го фура тоа. Или сакаш да кажеш дека овие групи не ги бива и дека вие подобро знаете? Сакале вие или не, нашата група расте. Има екипи од 10тина градови. Да, некаде се изолирани случаеви, некаде се помали групички но таа приказна расте и не може ништо да ја запре. Во Кавадарци имаше членови од 5-6 мак градови. Допрва сето ова ќе добива на значење и на приоритет...полека
"Сте нападнале 5 луѓе, а вие 20 сте биле"
Добро бе, не разбирам имате малце памет?
Јас ли да ви наоѓам луѓе? Јас ли да ве мобилизирам? Што да ви правам кога сте толку? Што требаше? 5 да влезат, другите надвор, зошто? Зошто Лозари се факинг 5 луѓе...Не ми се верува за што дебатираме еј. Срамота е бе.. Пази еј, сосема легитимно е дека знамето во Струга се земало од татко со ќерка, бидејќи некој си под капуљача член од Драчево(боже господе), кој бил во близина требало да го брани. ЕДЕН ЧЛЕН кој треба да брани знаме "We are the champions" ви е ок, а не е ок да се нападне директно екипа која го прави кореото, членови на првата екипа(ако ја имате) во нивна сала, 2 дена пред натпреварот. Ова само докажува дека вашата завист и омраза немаат граници. Ништо друго.
"Знамето сте го боеле"
Ало, што сакам ќе праам. Наше си е. Си направивме журка со песна каде што убаво се налепи и насловот и стихот со Јасминовиот цвет и толку е. И главното прашање не е зошто Комити го обоиле, туку зошто Лозари НЕ го обоиле?

)) Доста ги вртите тезите, сакајќи да го избегнете резилот.
"Колите ви ги вози МВР"
Уште една лага на дечкото кој досега секако се промаши. Не ти е срам уште да лажеш?
Излажа за бројот на луѓе, пиша 40 дека биле
Излажа за времето, рече во 2 сме нападнале кога сите си отишле, а јасно се гледаше на камерите 11/12. Излажа дека Лозари биле голораки. Сега лажеш за ова зошто немаш никаков аргумент. Кога те советував нешто појако да излажеш, не мислев до даска да одиш...боље ќе ти беше тоа што ти го предложив, демек Лозари направиле контранапад ама Комити веќе избегале...тоа можеби ќе ти поминеше кај Спасителов. Ова апла е брат хахах
Озбилно ли пишавте "ВИЕ СТЕ АНТИ МАКЕДОНЦИ??"
Секоја година одиме во Мелник, на собирите на Македонците во Егејска Македонија, група сме која ЕДИНСТВЕНА до коска ја водеше борбата за името, по цена на распаѓање, единствени ги нападнавме Бугарите тука, дур вие си седевте во удобните кревети, а да не заборавиме и дека низ годините единствени се спротивставувавме на бугарските акции за Бунева, и ред други работи...и вие ќе ни зборите за пароли како било срамота, како сме биле Анти - Македонци? Вие чии основач е пази мајката, основач и на бугарскиот клуб? Ама неее, Комити пишале "В тиквешко негде", тоа е поголем срам...
Жално е што ваква екипа на Комити има вакви ривали...
И за крај ОМИЛЕНОТО.."Сте сакале да им се ушлепате на Лозари"
Што дроги треба да лапаш за ова да го напишеш бе? Никаде ниту сме го пишале ова, ниту сме го помислиле. Ја искоментирав само нивната поголема едуцираност во однос на вас, а они тоа секако го потврдија со тоа што не ни коментираа за паролата, ниту па за акцијата. Знаеш зошто? Зошто се свесни! Не се ропаци како вас кои се брукаат и кои се уште мислат дека може некому да продадат кое кило магла. Толку е. И уште ќе зборите за извртување на зборови после ова...
Читај дур не пукнеш!
